Каков ден денес Триста перипетии од сабајле, изодани 23.000 чекори, ама плус и ручек со убави луѓе Дете заспано, маж излезен со другари, конечно телевизор да дочекам да уклучам а да нема спорт хаха Одам да си пуштам некое филмче
Само со најблиски луѓе идеш на кафе? Искрено баш чудно. Најнормално е да одржуваш различни нивоа на блискост со различни луѓе и да имаш океј однос со осет за тоа кога што да прашуваш. Не конкретно за работа, бидејќи и првичното мислење беше генерално.
како сум се пронашла јас во муабетот? Ние на работа пола ден го врвиме со луѓе. Нормално дека некој нешто ќе каже ќе сподели ќе праша. Ете жената си одлучила да ја каже ситуацијата,јас не ја присилив но не и се наметнав со мислење дека не е у право. Според мене не е. Не секој што ќе те праша значи дека ти се меша во животот
Мешање во живот не е ако разговараш и те праша некој со кој ти самата си одлучила да излезеш на кафе. Нормално дека ќе има прашања и теми на разговор. Мешање во живот е кога некој ти соли памет, ти улетува со мислења и совети неповикан, мисли дека тој знае повеќе од тебе што е добро за тебе и што треба ти да правиш.
Ок е да праша како на работа ако веќе знае каде работиш али врска/дечко со некој што ми е површен контакт ми е ту мач. Има бе некои немаат ни срам ни осет, да може у соба ќе ти влезе да гледа што правиш.. Ова и кај двата пола го има, пред некој ден еден колега сретнав по пат што го немав видено одамна ме прашува што имам у кесата да видел.
леле.... Зарем?!?!... за жал така е. Ама не се бе сите такви. Не секој што ќе те праша нешто колку да се најде во муабет значи дека мора да знае се за тебе....
Мене ми е океј некој да доживеј нешто како ту мач и да неќи да збора на одредена тема. Зато на лош дејт, или ко ќе се немаш видено со некој подолго време го имаш она awkward: "и шо ќе кажиш, шојма ново?" зошто ти дава моќ да кажиш само она шо сакаш. Не е мешање, туку е механизам да се почни разговор и да е пријатно за двете страни. Мешање е баш "солење памет". Ама, некој ќе го доживеј ко мешање и јебига, то се негови чувства. We can't really control feelings. Ама, према мене, ако со некој чоек кликаш на било кое ниво (не мора да сте ултра-мега блиски за да одите на кафе, само треба да има муабет во вас) - муабетот сам си иди и темите сами се нижат. Ако осеќаш притисок да кажиш нешто или да прашаш или да смениш тема - веројатно осеќаш некој вајб и има некоја причина зошто така се осеќаш. Ама дека мора да си кузнај колку близок за кафе - не. Имам пријатели само за кафе, еднаш месец се гледаме. Еднаш на два месеци. И то е ок. Тие 2-3 сати заедно ни се презабавни, ама доволни. Со кои луѓе уживаме и во меѓусебната тишина само да сме блиску физички, оти ако сакаш цело време да си со некој едноставно се нема секогаш енергија да збораш. Сакам да кажам, пријателство е комплексна тема. И се осеќам благословено дека сум во bubble со многу убај луѓе и сме на исто ниво каде седиме едни со други. Зошто многу е важно да си на исто ниво - едноставно исто да го перцепираш пријателството. Ако јас те сметам за преблиска особа, а ти мене не - евентуално ќе бидам повредена. Ако мене ми е ту мач поќе од кафе пријателство, а ти имаш потреба за поќе - евентуално ќе бидиш повреден. Итн. И сакав уште да зборам за мешање друштва зошто обновив старо пријателство неодамна. И сме се зазборале за мешање друштва зошто јас веќе ја запознав со дел од моите пријатели и то беше risky move зошто одамна се немавме видено и зборано и не знаев како се сменала низ годините. А-у колку анксиозност осеќав за мешање друштва се до лани ова време. Сите имат башка хумор, ама хемосо лани ми ограничваше време за социјализација и морав да ги замешам. И искрено од тогаш не ми е страв. Скроз и муабет можеа да прат ко да се знат цел живот (а, то е можда оти јас велам работи ко "еј денес со ХУ бевме таму и ми рече ова", и подавам на ХУ да види шо пишав и му кажвам дека тука се чоек А, Б и Д во чатот, па ХУ праќа поздрав. Сакам да кажам, сите веќе се знат од пред да се запознат.
Кај бе прочитав за Максим песната, кај ја побарав у 2 ноќеска, кај ми се уврте во глава, кај се запустив
Како се справувате со близок другар што константно се жали од девојката дека не му е добро, а не ни слуша совет? Како брат ми е, го гледам испиен сиот пропаднат и сеуште шиба со глава в ѕид?
Луѓево премногу се трудат да остават впечаток пред другите па тоа такво потресување ау а уствари реалноста е дека никој не го боли кур за вас. Его-делузија што го одзема мирот. Демек некој цел ден мисли и му се диви на Елон Маск за билионите што ги има?
Во Кичево отруени преку 40 кучиња, лешови и расфрлани отрови по улици. Митот за „топол и кроток народ“ е бајка за туристи, каква примитивна и злобна вукојебина сме. Никаква свест кон природа, животни, екологија, гнасна вештачка творба, дефинитивно сум фиромофоб.
Кој тоа е топол жити се, ја топлина неам видено од оваа раја, само само простотилак и злоба се сее. Баш е мит и треба да прекине да се спомнува во тој контекст. Ние сме најпознати дефинитивно по ниското ниво на интелигенција, ниско ниво на свест во секој домен, злобата, завидливоста, и секако простотилакот. Со вакви квалификации не е ни чудо што сме стручњаци по све, нели? Делата говорат место нас.
леле ова ме потсети на случка од пред неколку години еден српски турист млад дечко беше на смрт претепан во Охрид. Не знам оти. Кај ми дојде тоа на ум упм.