Никад нема да ми бидат јасни парови што целиот профил им е трст трапс и поставување камера да снимаат како се љубат, лигават и драпаат, па изјавување секој ден вечни љубови, имање совршени врски и бракови... А ондак коа ќе раскинат, поштувајте ни ја приватноста, ко до вчера да не ставале софт порн видеа... Или па оние жени особено кои целиот профил им е као они не се конвенционално привлечни, али ете збариле некој грчки бог за муж ( а грото од авион се гледа дека се геј ). Мех.
Јас пак не можам да ги разберам на фб парови ли, поединци ли што форсираат лажен позитивизам, токсичност до даске. Па испишале фермани мотивациски говори те на македонски, те на англиски као видете не пукаме од среќа. Ајде бре малку народ сме, скоро сите се познаваме, кого го залажувате? Самите себе? Ако така со среќа...
А ааа, абе јас знам една вака неверство покриваше. Демек швалерката да ги гледа среќни заедно, а будалетинкава никако да укапира дека тој изводи да си се луфтирка наоколу. Ама ај сите нека им љубомориме на што и да имаат таму за приказ.
Така некако доаѓа Македонска работа тоа секаде го има. Натпревар се прави кој повеќе слики ќе нареди.
Епа некои живеат за тоа, не сметаат дека е губење време, од гугал транслејт цепаат од такви си патиме ние.
Не знам дали ја сум премногу прајват личност но воопшто не би споделувала романтики на социјални мрежи. Премногу интимно ми е и сакам само со саканата личност да го имам тој момент на интимност. Многу сум себична у тој поглед.
Кога и да ми пише некој не ми чини и после некое време , кога ќе се сетам на тој , ми е криво зашто не збориме....
Ти Нина си зела ја копираш тука, али бледа копија си само да ти кажам Обичните просечни луѓе ова никад нема да го разберат, посебните да
Јас ако имам некад профил, тој фамилијарен ќе ми биде- мој, на мажот ми, на детето и на кучето. Кој стигне нека одговара, нек пишува, не можам па јас со се да за замарам
Јас не би можела така ниту би сакала сопругот да ми ги чита разговорите со пријателките уште помалку нивните мажи да читаат