Јас пак не можам да ги разберам на фб парови ли, поединци ли што форсираат лажен позитивизам, токсичност до даске. Па испишале фермани мотивациски говори те на македонски, те на англиски као видете не пукаме од среќа. Ајде бре малку народ сме, скоро сите се познаваме, кого го залажувате? Самите себе? Ако така со среќа...
А ааа, абе јас знам една вака неверство покриваше. Демек швалерката да ги гледа среќни заедно, а будалетинкава никако да укапира дека тој изводи да си се луфтирка наоколу. Ама ај сите нека им љубомориме на што и да имаат таму за приказ.
Така некако доаѓа Македонска работа тоа секаде го има. Натпревар се прави кој повеќе слики ќе нареди.
Епа некои живеат за тоа, не сметаат дека е губење време, од гугал транслејт цепаат од такви си патиме ние.
Не знам дали ја сум премногу прајват личност но воопшто не би споделувала романтики на социјални мрежи. Премногу интимно ми е и сакам само со саканата личност да го имам тој момент на интимност. Многу сум себична у тој поглед.
Кога и да ми пише некој не ми чини и после некое време , кога ќе се сетам на тој , ми е криво зашто не збориме....
Ти Нина си зела ја копираш тука, али бледа копија си само да ти кажам Обичните просечни луѓе ова никад нема да го разберат, посебните да
Јас ако имам некад профил, тој фамилијарен ќе ми биде- мој, на мажот ми, на детето и на кучето. Кој стигне нека одговара, нек пишува, не можам па јас со се да за замарам
Јас не би можела така ниту би сакала сопругот да ми ги чита разговорите со пријателките уште помалку нивните мажи да читаат
На моја братучетка не смеам да и пишувам се и сешто, ми вели јави ми се оти мажот, ми се приклучува од кај мене понекогаш и се чудам зошто бе така? Да не смеам ништо да и пишам, дали можам секогаш да и се јавам
Мене тие профили ми се чудни од аспект, не знаеш со кого пишуваш или од кого е објавено нешто... Со/од мажот или со жената?
Објаснете, живи се, зошто заеднички? За да му читам разговори со другарите и тој моите ? Да видам да не пишува со некоја?
Никогаш не ја разбрав причината за заеднички профил, немање доверба као? Многу ли се сакаат па и на профил се неразделни што им е филмот?