Сдк, топ листа на контаминирачки контент , кој според мене треба да се забрани 1. Мк политички контент 2. Странски политички контент 3 и тн. СевероИсток (ака Норт Вест) и фамилијата и, и останати слични ликови...
Сакам да кажам дека цените на становите отидоа во неповрат во Скопје.. Цената на Квадрат оди од 1100 евра за метар квадратен во Илинден и Ѓорче, околу 1400-1700 Кисела вода и Карпош, и Центар и Аеродром околу и над 2000 евра за метар квадратен.. Знам дека повеќето станови се купуваат во изградба од страна на инвеститори и после ги продаваат поскапо, ама не сфаќам како човек со просечна плата, еве да кажеме од 40 илјади денари, би си купил стан а да не се задолжи 30 години.. Ај настрана тоа, гледам дека продаваат станови кој што треба комплетно да се реновираат за над 2000 евра квадрат, мислам кој здраворазумен човек ќе даде толку пари за стар стан што треба да се реновира.. И да, се сложувам дека не можеме да живееме сите во Центар и Аеродром, Кисела вода, Карпош ама ништо не ја оправдува оваа цена на становите.. И постојано се вртат истоте огласи, истите станови, само цената им ја менуваат на секој 3 месеци по 3-4 илјади повеќе.. Толку не им значи на луѓево да спуштат цена и да го продадат станот, кога веќе решиле, наместо секој трет ден да ставаат оглас и луѓето да си тераат мајтап со нив.. Буквално, отварам група за станови Скопје и секоја втора објава луѓево мајтап си тераат со нив..
Не само Скопје мислам дека скоро во цела Македонија се отдени во воздух особено кај новите згради што се градат.. Слушнав дека и во мали градови по 1000 евра е квадрат.. Мислиш стан со поглед на море купуваш, а не со поглед на контејнер или поглед во станот на комшиите од зградата карши..