Па ти се најде прозвана во моето мислење погоре, не јас во твоето! Ако немаше врска што ми реплицираше не разбирам!? Ок е.
Ама видиш ли шо ни кажува, чим немала пари нема шо да бара у Веро, маркетот на боговите. Ко на нив да не им десило еве да немаат при рака, еве не викам да немаат припремено доволно, не знам, да се закочи пос терминалот, да те одбие, или па да ти снема батерија или нет на телефонот, да не моеш да платиш одма. Што, треба другите зад тебе очи да превртуваат? Ова била најужасната случка на Нина денеска, па дошла да се испука. Трагична лоша случка. А тоa шо го викаш да се понуделе да им платат за само да им се мавнат од пред очи, аааа не, тоа не, кој е дужен од свој џеб да дава, зар има таков херој? Убаво кажуваш, ко за жители на вукојебина, многу си дозволуваат, сите распрдени. Нетрпелива раја бре Неподносливо токсично нетрпеливи, само за свој гз си гледаат.
Абе се фалат дека земаат 1000+ евра плата, ама да помогнат со 70 денари тоа не! Ми се гади од некои луѓе!
Пак ќе кажам, во Кам па и некако да очекуваш да е ефтино, ама во Веро.. Еве 139 денари е пилето во Кам, денес си купив, што не си купи бабето од Кам пиле, него мора да е Перутнина, овие од Кам кокошките сигурно не се добри и само за нас сиромашните се..
Цела сметка ако треба ќе им ја платам само да ме пуштат пред нив, а не јас со едни мастики да чекам на каса пред мене 3 со полни колички и ни еден да не ме пушти. Не ми е мака што не ме пушти мака ми е што се сврте ме види и ми рече нешто во смисла "за едни мастики ќе се изначекаш и ми се насмеа". А јас секогаш пуштам пред мене и кога се со малку работи и кога се со многу ако има дете со нив.
Ефтино со В Страшно неписмени сте станале на форумов, нервира еве и ова. Значи тебе тоа те мачеше, ахам јасно, очекувано од тебе вакви будалаштини.
Во Веро не влегуваат тие кои немаат пари. А, оти се прави драма за еден денар? Ако не ти се чека, а ти имаш еден денар дај му го на тој/таа пред тебе и нека си заврши работа побрзо за да не чекаш многу.
omg so petty злобно е ова веќе ахаххаха Општо да кажам, не ни должи некој да не пушти оти имаме помалку за плаќање (многу често чекам само со х2 грчки и тој пред мене има количка полна ама јбг). Само некако ми е општа, основна култура да пуштиш некој со едно-две работи, ако ти имаш многу поќе. Не мораш, ама убо би било да се практикува. Следно, факт е дека има различен квалитет на производи од продавница до продавница. Си имам „мое“ КАМ во кое одам и пазарам, имам „мое“ Стокомак во кое одам и пазарам, ама исто така има одредени производи шо ги земам исклучиво од Веро. Така и бабава во приказната. Бабата можи гледа разлика во то КАМ пиле од 139 денари, и видела пиле шо можи да си го приушти од 210ден (не знам дали цениве се на кило или цело пиле, сериозно немам ориентација како се движат). Гледа разлика, гледа попуст - зема. Како е она крива дека маркетот практично не ставил нови цени? На крај на ден како ќе реши некој да си троши парите, и каде - е баш на нив. Секој си знај свој џеб и колку можи да си приушти. Знам луѓе шо од принцип не би земале ако цените не се совпаѓаат, и ако не му ги даваат со цената од рафт (немаше нешто за ова и дека така треба да е?), and the more power to them. И сакам да сум ко нив ама скроз ме мрзи после да одам во друга продавница да го барам истото. Имаше период ко бев заинатена, ама ете. Ми помина лол.
Аман, како ја препумпа ситуацијата. Ако гледаме вака, што бараше ти да чекаш на каса во Веро? Ете некој мора и Перутнина пиле од Веро да купи, не може и не мора сите од Кам да купат. Озбилно, некогаш претерувате со драматизирање за најрандом случки во денот. Како имате толку слободно време да се испозамарате, да седнете на форумов и да опишувате што и како се случило.
Абе седи, она ќе ти каже кај смееш а кај не смееш да купуваш, а она може сегде кај што сака. Се прави муабет за бабичка што сакала да си купи пиле, па зашто морала баш у Веро да иде да го купува кога требало да иде у КАМ... оооооо боже!
Јас најдолго сум била две недели ама само дијареа. Со повраќање после еден ден веќе не знам каде сум. Мислев и ова таков случај е.
Еве што вели chatgpt за тоа дали бабите треба да купуваат пиле од КАМ или Веро: Ако се земат предвид пензионерските финанси, удобноста и практичноста, еве препорака: Ако треба „евтино и добро“ и купување кое не бара многу време — КАМ може да е подобра опција. Ако се бара поголем избор (на пример: органско месо, специјални производи), или ако бабата сака да разгледува, ВЕРО може да биде подобро. Исто така, да се има предвид оддалеченоста на маркетот до домот — треба да биде достапно, удобно, особено за постари лица. (Кажи дека ти е досадно на работа без да кажеш дека ти е досадно) Инаку по целиот разговор за пилето сега ми се јаде домашно зготвено пиле, уште да знаев како се прави, и да не ме мрзеше..
Ниту еднаш не ме пуштиле преку ред. А се случувало да имам еден производ, да сум со дете во рака (а детето плаче). Па и трудна кога бев. Треба да се има осет. Гледаат изнемоштена бабичка. Никој не ја пушта
Како што има игра и пред-игра, така има среќа и пред-среќа. Пред-среќа е периодот и времето додека се подготвуваме и ја чекаме среќата.
Во еден сад ставаш сенф, кечап, буковец, сол бибер и вегета, масло, правиш маринада и со тоа го мачкаш пилето.. Во рерна на 180 степени по 40 минити од двете страни… Идеално