Фала.. Значи на 250 степени за 20мин, за побрзо и да не ги мешам тие само да ставам едно врз друго од се? Вака многу време треба, дур измешаш па да мачкаш а вака стави зачини стискај после врз кокошката сенф и кечап и за 5 мин и уклучиш на најсилно и брзо биде.
А мене чисто ме занима, дали кога цената е различна од рафт и во систем, овие на каса реагираат кај некој, колешка, шеф(ица)? Или не е моја работа тоа, не ми кажале да мењам па нисам одавде се прајме? На работа ако нешто приметам дека не штима, и да е туѓа грешка, секогаш ама сееекогаш идам и прашувам што е работа и нормално на крај се поправа. Оти иначе и ја ќе згрешам. Али кој колку му се замара.
Кочку повеќе учам историја, толку повеќе почнувам да мислам дека дефинитивно "живееме" во симулација.
Ми искочи едно видео на фб, снимка од гробовите на настраданите во Дискотеката во Кочани.. Снимале од гроб на гроб, и читаш само 2002, 2003, 1999, 2001, гледаш деца на сликите, деца, не се ни возрасни, деца се, и таква тага ми дојде, како видеото да ме освести да сфатам од колкави размери беше трагедијата, и криво ми е дека толку брзо како да се помиривме само и да продолживме понатака..
Ликови на менаџерски функции кои не покажуваат ронка професионалност, способност за менаџмент и се однесуваат мизерно со подредените, биле принципиелни. Цитирам: "Абе остај не се нервирај, работи си и игнорирај ја. Таква е она, принципиелна." Ма немој?! Биполарно растројство е исто што и принципиелност?! - народов обожава вака да се понашаат со него
Како за последен ден од октомври, денеска денов, милина Сончево, топло, пријатно .. Одамна не сум поминал низ Старата скопска чаршија и баш се изненадив и имав некакво чувство дека градот таму е најжив Преполно луѓе, раздвижени туристи, убава атмосфера низ улица, полни дуќани со луѓе, полни кафулиња и ресторани, се чувствуваше и таа разноликост, дури се почуствував за момент како да се наоѓам во Капали Чаршија во Истанбул. Мирис на кафе, ќебапи, музика.. Некако сите како да уживаа во топлината и магијата на октомвриската топла есен и во последните денови со блескаво сонце , баш додека ни дојде вистинската свежина, а воедно добре дојде и за ноември Сите чаршии се убави!
Еднаш ми се деси, не беше менаџер, туку тим лидер. Закаснив 10 мин, со најава пред 40 мин дека ќе каснам. Заборави да пишам дека заглавив во Центар. По мили секунда ми враќа : Зошто? Кога стигнав на раб, ми вели, ДА СИ останиш на смена плус 10 мин, ДА СИ ги вратиш. Пази, ДА СИ...
Вчера запознав flatearther. И moondenier. Многу е чудно со некој да се подјебаваш саркастично, а тој да ти враќа сериозно, лупетајќи неверојатно смешни работи.
Мозок си гледам од ролање очи ко ќе прочитам „чесни сестри“, ко ќе се збора за жени кои имаат поинаков морален компас од тој кој пиши (или во најмала рака имаат, обично овие шо пишат ... нвм), или еве сега прочитав „модерните“ - извини треба да ме навреди? Не сфаќам. Не сфаќам зошто се обидувате да вооружите зборови кои сами по себе не се лоши. Сфаќам иронија, сфаќам сарказам. Еј, мајчин јазик ми се. Ама никогаш нема да разберам луѓе со поинаков морален компас кои не можат да замислат дека постојат луѓе спротивни од нив. И искрено, можам да сфатам зошто. Вината е тешка кучка да се надмини. Пошто и јас да се осеќам виновно за нешто ќе пробам да се преобјаснувам и да компензирам за моите недостатоци и да ги турнам сите долу со мене. И ко веќе се фатив за зборови да коментирам. Од кожа ме вади ко ќе прочитам дека само „македончето“ било такво. Get off your high horse d*** f***. Апсолутно сегде има такви луѓе, само ваљда подалеку од нос не си видел па е „мАкЕдОнЧеТо“.