Зависи кој моментално ги листа коментарите. Некој ги остава и најголемите глупости додека нема преминување на граница, а друг брише и сосем учтиви мислења. Мене ми дое јако на Инста кога лупна за данокот за невенчани. Првиот коментар на неговиот профил таму ми беше избришан, но потоа откако спомнав дека тоа е кршење на слободата на говор не ми ги бришеа наредните. И за други ситуации ми стоеја коментарите. Домашните ми рекоа што стори, го уплаши премиерот...
Кој филм си го возат овие во Скопје алал да им е, се изборија со ѓубрето, направија една кампања за ѓубрето и тоа е тоа. Следно со водата нека измислат нешто!
мојот беше културен. Само во стил дека срамота е да се фалат со тоа, тие кочеа, тое чистат во тој стил
Седам со пријателка во кафич и приоѓа мало девојче околу 3-4год кое не личеше на циганче, застана пред нас не загледа и заминува на таму и ми покажува СРЕДЕН ПРСТ. Верувајте бев во шок ама да не беше полн кафичот и да не ми беше незгодно од пријателкава во секунда станвав и го кршев од ќотек за да се моча в кревет. Осудувајте, слободно, имаше среќа вечерва… ич не ми чуе коцкаво е
Дете да тепаш? Така се воспитуваат деца? Можеш културно да му кажеш дека кој и да го научил така не е убаво и е срамота.. Дете е гледа од други учи не му текнало само..
Ако планираш да употребиш насилство, полоша си од детето. Во ваква ситуација или треба да му кажеш дека не е во ред да покажува среден прст или да погледнеш дали детето е во придружба на возрасен и нему да му се обратиш.
Види, насилството не е решение. Да го направеше тоа, ем ќе му дадеше уште полош пример на детето, ем ти ќе беше лошата во очите на присутните и можеби ќе предизвикаше жестока реакција од родителот на детето. Подобро е да останеш воздржана како сега или кога веќе сакаш да реагираш, тоа да ти биде на цивилизиран начин.
За дете од 4 години зборуваш.. Сериозно можеш да удриш некој толку слаб да се брани од тебе? Удри го покажи му дека со насилство се решава, нека научи и насилник да биде.. Ти си возрасна можеш многу убаво да резонираш што е добро што е лошо и што треба што не, за разлика од него... Не е виновно тоа дете, виновен е тој што го научил или што не го научил како треба..
Насилната реакција носи ризик од насилна протуреакција. Што ако родителот или некој негов близок не прифати да ја согледа некултурата на детето, туку во бес физички те повреди? Децата обично се огледало на возрасните. Во такви ситуации вреди да се запрашаме зошто успеало нечија непромислена вулгарна гестикулација да нè вознемири, да ни го расипа мигот. Бидејќи сигурно сме имале и ситуации кога пак воошто туѓото однесување не нè допрело, сме останале тотално ладни. Обично нè вознемирува она што и самите го носиме во себе, можеби во прикриена форма, можеби некому ние сме покажале среден прст (може да било и во преносна смисла) па сега гледаме како тоа изгледа кога друг ни го прави нам.
Името на новиот њујоршки градоначалник вришти од ирански призвук, иако е индиец роден во Уганда. "Make New York Tehran again!"