Е баш овој случај треба и мора да биде јавен со задолжително присуство на странски набљудувачи. Да се следи и од наши медиуми, но и од странски.
Треба ама нема да дозволат, ќе ги пуштат родителите низ вода, прашање е колку од нив живи ќе дочекаат некаква правда.
Матичен кај нас на балканот ти е како некој "firewall" за да ти стане досадно и фатиш пат накај Систина, има доста квалитетни матични доктори што работат за 500 еур ама тие се повеќе во низата за да не го одземаш "скапоценото" време на специјалистите.Една специјалистка по ендокринологија ми се изнасмеа пред стажантот, кој гледаше ко ранета срна додека она ме кара како сум го оштетувал буџетот на РМ што сум барал да испитам повеќе од Т3 и Т4.Btw ендокринологот 200 кг, едно столче малце и беше...
да ама одиме сите на клиника и со и без потреба не мислиш дека ќе се прават некогаш гужви и за без врска? И не треба некој специјалист што учел 10-12години да те гледа прв пат зошто тебе ти се мочало денес 5пати и кои се тие аи ако можеш да кажеш што можеме да ги користиме? Јас како специјализант по радио, на што и да сум барала па еден ртг го прават утка аи.
И ја на ова помислив. Не знам у Кина како го имаат средено ова. Можеби имаат приемни одделенија на влезот, каде што има повеќе лекари кои ги филтрираат реалните случаи. Можеби има некаков финансиски надомест, за да не доаѓаат за без врска. Не знам стварно.
Не се сеќавам во која тема пишувавме за ова ама.... Еве како се тепа рандом дете на улица. "Културата" на "современите" деца помешана со агресивноста и нетрпението на постарите носи ваков исход. Пред некој ден кога го носевме син ми на школо инаку прваче ми се случи дете да ми се искривади. Ми падна смешно. Што ако децата покажат средно прст или се кривадат на луѓе по улица? Секоја генерација треба да работи на себе. Почнувајќи од родители. Прво за себе после за воспитување на деца. Потоа и повозрасна популација која нема контрола над себе
Мамо... Овие денови постојано ми се вртиш во глава, постојано те мислам иако реков дека нема.. Невозможно е нели? Дали и ти вака ме мислиш? Дали ти фалам? Секој ден се прашувам дали тој ти беше поважен од сопственото чедо? Иако според изборот се гледа дека ти бил. Како можеше да се вратиш кај човек кој психички и физички те уништи, какоо? Ти велев немој, ти велев мене ќе ме изгубиш, ама ти трчајќи се врати таму каде што сама се колнеше дека нема да стапнеш... Не ти беше прв пат, ама се надевав дека ќе ти е последен пат што си се вратила, слепо верував на твоите зборови.. Ме боли твојот избор, ме болат твоите грешки... Очајно сакав да те извлечам од калта ама тебе како поубаво да ти беше да тонеш... Не знам дали некогаш ќе ти простам, толку сум лута и на тебе и на животот. Не знам како да се однесувам, не знам што да чувствувам, толку многу сум изгубена... Сакав само љубов од тебе, безгранична љубов каква што повеќето мајки пружат. Си ветив дека ако еден ден имам дете ќе му пружам сѐ она што јас сум немала. И дека нема да правам како што ти мене ми правеше, дека нема да го срамам .. Неколку месеци немаме контакт, не знам дали ќе имаме пак, и да имаме нема ништо да е како порано. Се обвинував многу, си велев попушти, мајка ти е, ама како и сега да попуштам кога одново и одново ме повредуваш. Дали треба сѐ да трпам од твоја страна само затоа што си ми родител? Ништо не научи од претходните грешки, за жал.. Се чувствувам како сираче, никому не го посакувам ова чувство...
Непопуларно мислење ама баш возрасната популација се мноогу поневоспитани, али нивното е многу понормализирано па никој не го потенцира. Нормално да ти речат дека требало дома да те тепаат, да ти солат памет кога да се мажиш и да раѓаш, да не отстапат место на млада личност што ѝ е лошо (у живот го немам посведочено), на родители на деца со пречки во развој да им речат да го истепаат, да мразат све живо шо мрда околу нив и многу битно, дома да си лечат комплекси на децата оти имале лош ден на работа. Али све ова е нормално.
Читам за Алдина и душата ме боли. Боли што е уште еден фемицид во низа. Што закони не се менуваат. Жените не се сфаќаат сериозно. А потоа, кога е предоцна, се само статистика. Колку била исплашена, бегајќи, криејќи се... Знаејќи со каков психопат си има работа. Душа. И коментари, што видела во него, се гледало психопат бил, епа тоа е кога жените не отвораат очи. Сите овие се тука негде, ко монтрумов, во размислувањата. Ужас. Се надевам нема мажи таму каде што е. За да може да почива во мир.
Мојата пријателка ми се налути оти за нејзините 2 деца со аутизам сум ги опишувала кога сакам нешто да кажам како " со аутизам, со посебни потреби" а требало да зборувам кога зборувам за нејзините деца " со асистент". Последен пример шо ми го кажа бидејќи стварно несвесно го правам тоа е кога сум рекла- и на таа и таа детето и со посебни потреби, со аутизам може да си размените мислења и сум ги споила што е најбитно и одат заедно на еден куп состаноци. А требало да речам и на таа и таа детето и е со асистент. Или кога ми рекла пријателкава мене дека сака девојчето да го запише кувар јас сум и рекла подобро козметичарка оти кувар нема да и дадат шпорет да работи, и она си го протумалила дека ради тоа што е со ауризам го велам тоа. А јас и давам совет од аспект на вработување, да си отовири нешто свое со козметичарка од аспект на бизнис. Ама тоа е. Познавам дете шо е запишано кувар и стварно не им давале ништо да чепкаат и од тој аспект и го кажувам, не е само да се рече оди на школо. Долги години дружиме и очигледно многу има собирано Мислам да прекинам целосна комуникација, вака ќе ми прави цело време. Веќе не знам како да се изразувам во нејзино присуство.
Еден дожд, и толку од Скопје, затоа и мразам врнежливо и тмурно. Прееска леле, ја не сум видела одамна такво смрачување Грда е есента со целото нејзино сивило.
Бог да чува ,што ви е бе луѓе ??? Се враќам од продавница и една комшика уште торбата да ми ја отвореше, што сум купила да видела , има ли некој нормален останато овде ?
И дојде време каде што здравите навики се глупост нпр цеден сок не е здрав , а се останато нездраво е здраво wtf не з џабе рекле ,најтешко е човек да уклучи мозок и да мисли
Леле иста таква комшивка имам повозрасна жена е ,абе секогаш кога ќе ме сретне со торба мора да ме застане и ми буричка да провери што носаам