Треба да чкртнеме нешто ... Нов ден, нов форум со нова платформа, нови почетоци ... нови новости ... Нека ви донесе крајот на овој месец и новиот почеток на другиот, само убави новини.
Одлична е функционалноста и прегледноста на форумот. Единствена замерка ми е girly pink платформата, но и тоа може да се корегира многу бргу ако се сака. Премногу удира во очи розевата боја, но форум како форум е доста прегледен и функционален со многу нови опции. На овој начин функционираат сите XenForo форумите, т.е. имаат опција за лајк и нотификација. Сега многу членови тука ќе ебаваат мама на форумот. Дефинитивно со новата опција ќе гледаме повеќе смајлиња отколку зборови
Хуе... хуе... хуе... абе знаев, знаев дека ова е најдобриот форум од сите можни форуми на цел свет, еве после толку време ми го вратија стариот профил, генијална идеја што го тргнаа цветот, само ова боичкиве некако многу пискави за моите очи и сигурно ќе ми треба време да го сфатам системот на функционирање зашто многу работи не ми се јасни, а и онака слабо стојам со компјутери и технологии па се чувствувам малку изгубено. Нема ли некое упатство за употреба, или нешто вака попросто како за нас турбофолкерите? Друга работа што сакам да кажам, оние луѓе кои се блиску до вас со причина од типот на иста улица, населба или град, колеги и колешки од работа или факултет и сите останати рандом примери за честа физичка присутност, може, но и не мора да значи дека токму тие луѓе се оние вистинските во животот. Мојот најдобар пријател се наоѓа на другиот крај од светот и станува од спиење кога јас заспивам заради глупавата часовна зона, можеби не можам да го видам ниту допрам секогаш кога ќе посакам но направил многу, многу повеќе за мене од сите останати со кои пијам кафе и се гледам секојдневно.
Еве ме и мене да не останам покусо Прв коментар на новава платформа. Ви посакувам уште долги успешни години Фемина, и на сите тука Ви посакувам секогаш и се да ви е вака розово во животецов. Како ми изглеа, ќе се дружиме уште долго. чиииррссс
ААААААААААААА УЖАС УЖАС УЖАС, вратете ја старата, не убава енененнененене, лелееееееееееееее отиде форумовввв
Само Чак Норис беше најавен на форумов последниве три дена. Леле, многу е убав форумооов! Знаев дека ќе биде убав. Сега на детално разгледување.
А само мене ли не ми е толку розево? Мислам, претходната платформа беше порозева и пообична. Како да била составувана во 1996 Не е воопшто розево што ви е. Само онаа горе главната лента
Сите промени се чудни, но се надевам дека ќе се навикнеме... Ма да, ми фали старата платформа.... Just sayin'.
Ајде нека се угоде новиов изглед, иако на мене ми беше далеку подобар стариот па веќе ми фали. Али којзнае, може само до мене е и до чувствата кои ме преплавуваат деновиве кои ми прават се старо да ми фали. И си фалам старата јас! Од тука до небото и назад...
Искрено... не ми се свијџа Се’ е некако ново,збунувачко,поинакво... Но,што е тука е,не можеме ништо да промениме Да не спомнам колку многу форумџики треба да следам Туку,мислев форумов секад ќе е тука за мене,ама ете,баш кога најмногу ми требаше да ве прашам нешто,го немаше Не е важно,веќе (не) се снајдов Поздрав до сите,волим вас жими газ!
Мојот прв коментар на ''новиов'' форум. Неколку дена не знам како издржав како зависна да сум станала хаха. Мислев нема да биде нешто којзнае што ама не е толку лошо. На прв и втор поглед изгледа ептен убаво. На трет хмм.. Па некако не можам да се снајдам се ми е некако чудно. Ама ке се навикнам кај и да е. Се на се ми се допага. Ме изненади позитивно. Не може да се спореди со стариот ама супер е.
Ладните луѓе на секоја нова идеја реагираат како вода на масло - го исфрлаат. Новата платформа е супер. Ке навикнеме. Се сложувам дека е премногу розово. Мава у очи. Затоа треба опции за да се сменат бои. Иначе ми фалевте.
Сакам да кажам дека уживам на форумов! Од прееска се наканувам да станам, но не можам да се одделам. На сите ви посакувам убав ден!
Лелеле нова платформаа Одмана ме немаше мене по темиве посебно СДК ама еве да не останам покусо да напишам и јас тука некој збор. Да ви кажам сега малку тешко ќе ми треба да се вклопам во новава платформа пошто си сум малку глупичко ама ќе се навкнам. ( ова трофеи, следачи ништо немам појма). Не ми се смеете не сум многу формуџија.