Ее затоа се надевам нема да има следен пат Секако ретардички си има по нашето државиче, да знајте каков народ-таква држава.
не се секирај нашето државиче си го крадат секако тие што сега даваат па дојдоа до овие пари сега да се кука ооооффф беее
Понекогаш, токму ваквите дождливи денови се најубави особено во викенд, кога не ти треба ништо повеќе од мир, топлина и малку празнична магија што тивко се приближува. Дома мириса на варени костени и свежо излупени мандарини Така едноставно, без многу бучава, есента си прави свое мало прибежиште во домот, топло, мирно и спокојно. Си замислуваш како градот за малку ќе светне, како ќе се слушнат првите празнични песни, како полека се доближуваат Новата Година и Божиќ Ваквите дождливи денови и помалце досадни за некои, секогаш потсетуваат дека најважните работи се едноставните како, топло ќебе, малку мир, мирис на есен и зима и срце полно со надеж за она што доаѓа.
Гледам јакни по бутиците и жити све дај разграничете што е зимска јакна, што есенска. Или што воопшто е јакна. Се знае зимска е долга и дебела, ти го покрива гзот и е полнета, онака на допир се осеќа дебело или има крзно внатре и уште на облекување осеќаш дека се препотуеш, и тука океј е да ставиш цена 3000, 4000+. А не, овие ставиле некој тенок шушкавец до пола бубрег што не ти покрива и ти вика еве зимски јакни и цената баш колку тој пола бубрег. Абе мрш
Возење кола сама додека ги слушаш омилените песни и си пееш е еден вид на терапија. Особено па уште кога нема сообраќај многу по пат и е облачно.
Се согласувам. А и згора на се ваучерите не можат да се искористат два за еден производ па брат/сестра едниот го продаваат и со тие пари ќе си купат и нешто подобро, поквалитетно.
Поставување, објавување слики од коа ќе се омажите и родите... Не мојме поќе од вас. На секој саат слики : кафето на мајката и шишенцето со млекото на бебето.на новата маса Рацете нејзини со рацето на бебето. Лицето на бебето покриено, раката на количката. Фамилијарна слика, хепи фемили а тој до вчера ја потценуваше оти доаѓа од посиромашна фамилија. Слика кај што му дава цуцла... Слика кај што го капат. Слика со новото ќебе. Еј, претеравте. Фали уште видео како се правело бебето и како ми давате да дои. Сфатив сеа кои луѓе треба да ги мјутнам. Сите си ги сакаме децата. Ама некои ќе се омажат, ќе родат и одма веќе се други. Дотичната особа откако тоа го направи, го прашала брат ми зошто уше не сум мажена и што сум чекала. А, таа сама ми се жалаше како него не му текнува да ја земе, па таа му рекла. И нарочно остана трудна, се само да основа брак. Браво.
Има една таква кај мене ,на секое става слики од стомакот ми се чини цела вечност е бремена значи сликај се ок имај си спомен ама секој ден истото па истото на инста ексик
Целта на ваучерите е студентите кои немаат уреди или имаат застарени и нефункционални, да дојдат до нови со кои нивното образование ќе продолжи да се одвива непречено. Не е целта да се злоупотребуваат за личен профит. Продажбата значи дека државата е изиграна, а граѓаните од чии пари се полни буџетот од кој произлегуваат ваучерите се непочитувани. Се прави штета врз оние студенти кои нема да дојдат до ваучерите, а навистина имаат итна потреба за нови уреди и не можат да чекаат некои да им ги продадат по цена која може да е и повисока. Дополнителен проблем е тоа што некои отворено си се фалат дека парите од продадените уреди ќе ги потрошат на пороците. Поради ваквата постапка, државата во иднина можеби нема да дава ваква помош веќе. И мислам дека давањето ваучери мора да биде контролирано. На пример, студентите да бидат обврзани да приложуваат докази најмалку една година дека лично ги користат уредите. Додека обичните граѓани не се одвикнат од правење злоупотреби не може да се очекува дека оние на фотелјите ќе престанат оти и тие се произлезени од народот.
Ко шо ставаат мажените / со деца нон стоп исти слики и самите моми и ергени нон стоп ставаат исти селфиња , газови, кафиња, вина и коктели па што. Де малку олабавете. Во отсуство на суштинска дискусија ќе лаеме за се и свашта. Секој го споделува својот живот, ако ви смета прочистете следбеници и готово.
Гооооолем ТАШАК, абе ало пола држава ви ја однесоа, на Олигарсиве МИЛИЈАРДИ им даваме секоја година во субвенции, вие се фативте дека некој украл 15,300 од државата.
Не бе до толку Хахахахахахаахах а ова како би се извело? Па и за студентскиот оброк на времето го трошевме на све и свашта, храна на последно место беше, и? Сметајте ко кеш да е даен и готово. И не се криви луѓето што се дава на сите, може најправилно би било само социјално загрозените да земаат.
Седиме на кафе, до нас иде млад брачен пар со нивна мајка, дали на мажот или на жената не знам, баба на бебето што беше со нив. На бебево му дава млеко со шише со цуцла бабата, па го думка, го игра, внимание му пружа. Генерално мирно беше. Дур овие двајцава си дремат лабаво на телефон, мислиш бебево на бабата е, ама скроз така делуваше, тие незаинтересирани и пасивни, женава го пази. Не ни ми даваа вајб како родители да се, ама ич. Пример ми се како не треба да правам во иднина. На ништо не ми личи. Се чудам, добро како не им сметаат нивните да им се мотаат постојано над глава? Интимност, приватност, мир, раат? Ја и да сака некој од постаре, би го бркала, најискрено.. И не личи веќе, коа си родител, дај понашај се ко родител. Тек после и текна на госпожата да си го земе во раце, а кутрото ја бараше.. Не мислам дека не треба да се помогне, не мислам дека не смее да се помисли да се чепне телефон, да се има време за себе, не.. Туку да не се дреме така пасивно и све да се чека на постарите. На одмор идат, влечкаат деца, ама влечкаат и нивни родители да им се нашле Кај бе вака праеле моиве или некои други. Без помош од никого, па можеле, се успевало, а не све свилени генерации, да не можат да се снајдат со нивно сопствено дете.
Во Лукоил, сметката ми е 2730, давам 3000 и чекам да ми врати кусур. И типкава зема калкулатор, па нешто стиска таму се мачи.. па доаѓа колегата и вика да не треба помош? Оваа не не, нешто ме зеза ова чудово... па пробува пак, мене ме фаќа туѓа срамота, па си гледам у мобилен за да не и биде незгодно, па колегава и вика, ок 3000 - 2730, тоа ти се... и оваа го прекинува знам знам, чекај само, па пак на калкулаторот и на крај ми врати среќа толку колку што требаше. И ова допрва ќе биде секојдневие, какви нови генерации доаѓаат, уште малку и таблицата за множење до 10 нема да ја знаат
Овде кајшто живеам имаат супер математички способности, би ти вратиле 70 до 2800 и остануваат уште... И не разбирам зошто дигитрон побогу, нели касата сама им пресметува? А инаку да, новите генерации ќе бидат трагедија ако не се случи нешто радикално како промена.
Факт е дека парите од субвенциониран оброк не се ни приближно доволно за да покријат трошоци од храна, НО како што кажа и ти, кога немаше ограничување се трошеа на сѐ освен на храна. Па тек, кога стапи ограничувањето се “воведе некаков ред”. Аргументот дека студентите ги продаваат ваучерите, за да си приуштат оброк односно храна, бидејќи немаат, за мене е комичен, малтене апсурден. Не велам дека нема такви, кои го прават тоа со таа причина, ама тоа се исклучоци. Мнозинството го прави поради тоа што сакаат да си купат слушалки, графичка картичка, некаква гејмерска компонента, облека, за џепарац итн.
Не сакам да мислам ама се навраќаат мислите на секое,како ми е криво за некои работи што со време не сум ги донела правилните одлуки,и сега на секое имам често подсетник дека си згрешив....и така нема назад и само нервоза