Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    17.009
    Пол:
    Женски
    Кој што му треба, секој според желбите. На некој му треба лаптоп/таблет, на друг слушалки, трет може нема облека која ја сака, може џепарацот не му стига.

    Затоа реков, сметајте ко готовина да е дадено. :) И секој си троши на тоа што мисли дека му треба.

    Убаво пишано имаше @Компир Манџа во темата за Мој ддв, не оти до толку ти требаат и ќе те збогатат, али меракот е преголем коа знаеш дека лапаш пари од државата :inlove:
     
    На Mumoftwo30, КикиМаус, TammiB5 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    2.659
    Пол:
    Машки
    Колку револт за ваучерите.. Државата ним им ги дала што сакаат ќе си прават со нив нивни се.. Кога ви донесат поклон ваучер од некоја продавница доаѓаат после дома да проверат дали сте купиле нешто од таму, па сте го продале или сте го подариле на друг и дали ви доаѓаат година дена подоцна да прашуваат дали го користите тоа што сте го купиле со ваучерот.:?:
    Добро и што решила дражавав малку да одвои за студентите и да вложи во младите...
     
    На Panda00 и Амаја им се допаѓа ова.
  3. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    1.441
    Пол:
    Женски
    Има уште поинтересно од мајкиве со бебе,тоа кога ке видам на профилна на ФБ,вибер и друго сликани маж и жена зедно .Е ова е ред флег ,женава си фантазира биг хапи фамили-знае дека не иде баш подмачкано ,инаку нема на свет да докажува колку се заљубени де. И ова сопругот исто сликан со жена му.На прва прилика од таков акаунт сака да се дружи со девојчиња ,жени,неважно само женско да е.Зарем толку се наивни жениве па да одговарат на таква понуда за пријателство или порака,кога од старт има кажува дека е зафатен.
    Не знам уствари,може и девојките мислат дека се подобри од таа дома што ја има.
    За мене не ставам слики од деца и маж,страв ми е од уроци,може природа ,цвеке и животни ако сме шетале.
     
    На Simon4e0507 и GirlLove им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.593
    Допаѓања:
    41.763
    Пол:
    Машки
    Тешки криминали се прават во државава, ама не, тоа не е проблем. Проблем е некој студент ако го продаде ваучерот наместо да земе таблет со покачена цена, оти некој гледа и на тоа да профитира. |(
     
    На Raven22, christinnn, Panda00 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Vodolija89❣️

    Vodolija89❣️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2023
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Еј стварно не можам да ги разберам луѓево нарочито овие познативе личности кога ќе се фалат со онај тренд јадење steak tartare живо мелено месо или скара односно месо "печено" као незнам било медиум печено незнам какво а тоа цело внатре живо крваво незнам само како го џвакаат и го голтаат бљак....
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    4.594
    Пол:
    Женски
    Да не беше интернетов немаше да знам колку празноглави има на м2.
     
    На christinnn, Panda00, HappyMe123 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    4.594
    Пол:
    Женски
    Треба на се да се реагира ако сме “некаков” народ. А не да се споредва ова е поарно а она полошо. Ако сме заспани нека бидиме за све како до сега.
     
  8. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    1.770
    Може ќе помогне и тука
     

    Прикачени фајлови:

    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.727
    Допаѓања:
    9.565
    Пол:
    Машки
    Плус реалноста е многу поедноставна, зошто ваучериве не се грешка, туку совршенo математички испланирани.

    Нема доплата? Нема производи на залиха? Ќе ти пропадни ваучерерот? Супер, паричките си се враќаат назад во државната каса.

    Има доплата? Пак супер, фирмите си ги земаат и државните пари и твоите пари, бидејќи цените се наместени баш така да мораш да доплатиш.
    Без разлика шо ќе направиш, системот е наместен да нема губитник, тие да профитираат. А единствениот шо се критикува и е губитник на паметно смислен проект е токму оној шо добива најмалку а тоа е студентот и младите.

    Па уште се мрчи зошто го продавале. Или пак од љубомора и завист се прави тоа? Оти македончето е познато доста по тоа :nod:
     
    На Panda00, Anie93, Eunoia и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Машки
    Државата дава а и зема... Јас го адаптирам своето однесување врз база на тоа. Дали е паметно што прави државата не размислувам ни одлучувам (еден глас во 1,5 милиони).
     
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.217
    Допаѓања:
    156.251
    Пол:
    Женски
    Гледано од страна делува баш вака како што ти си го доживеала. Но можеби после не знам колку време излегле заедно со баба плус па им требало малку оддишка. Премногу ги ставате на тапет младиве родители, не е секој ден со мало бебе бајка и слика или стори од хепи фемили на инстаграм. Не велам дека нема и такви кои не можат да функционираат без помош.
    И никогаш не вели "јас вака никогаш" зошто многу често излегува сосема спротивно :wasntme:
     
    На azelea, MeowMeow, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  12. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    4.056
    И ќе ги ставаме , затоа што децата имаат родители и ок е да се помогне некогаш постарите да излезат во пресрет а не , тутни го на баба, тетка и уживај брат , тогаш ич немај деца ако треба други да ти го чуваат ок?
     
    На Mrs. right, GirlLove и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  13. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.253
    Пол:
    Женски
    Многу црно и бело гледате, особено кога немате деца, сигурно и јас истото сум го правела. Ќе излезам со моите и тие ќе го шетаат, а јас ќе "дремам" на стол, не ради што други ми го чуваат, туку дека прво нив им е кејф, а второ дека сум била цел ден со бебе, можеби не ни спиело вечерта, па сакам и морам пола сат да одморам.
    Ама и за ова, како и за било што друго, додека не осетиш на своја кожа, не можеш да знаеш како е.
     
    На Medea., MeowMeow, christinnn и 9 други им се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    25.667
    Абе вие сè видовити сте, од еден поглед од страна знаете точно што се дешава, оговарате рендом луѓе, а немате појма кои се, какви се, што прават.

    КОМПЛЕКСИ.
     
    На azelea, Medea., MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.217
    Допаѓања:
    156.251
    Пол:
    Женски
    Секако штом ти така ќе кажеш :!:
    Знаев дека одма со ваков коментар ќе се убаци некој, како што кажа некој погоре многу црно и бело ги гледате работите. Не се најдов јас ич, далеку сум од млад родител, но многу често налетувам на вакви муабети или постови, од еден два примери се генерализира, тоа ми падна во очи.
     
    На LoneWolfGuy, azelea, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.593
    Допаѓања:
    41.763
    Пол:
    Машки
    Ако на СЕ треба да се реагира, каде се останатите реакции? Како на пример цените на производите и местата од каде може да се купат? |(
    Или сте се втуриле во некој, кој патем не прекршува ниту еден закон со тоа што го продава ваучерот. А, во пракса го продава уредот.

    Многу имам да пишувам за меркава, и од економска гледна точка, и од профитерска, и од популистичка.
    Да влечам паралели со Бразил, Аргентина и трети држави кои прават слични социјални мерки, да објаснам како влијае ова, кој добива, кој губи, и кој го јаде кремот.
    Ама за кого? Не вреди. :shake:
     
    На Panda00, Biljarkata и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  17. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    4.056
    Јас не ги судам луѓето, туку го судам одреденото однесување. И да, гледано од страна, јасно се гледа кога се работи за искрена потреба, а кога за мрзеливост или префрлање на обврски. Тоа не е 'видовитост' .
    А за комплекси , не знам баш ако свој став е комплекс , ок тогаш :)
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  18. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    17.782
    Мала оддишка нели е искрена потреба? :^)
     
  19. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    17.009
    Пол:
    Женски
    Знаев дека ќе има вакви коментари, мислам, очекувано беше.

    Слободно бранете ги, учете си ги и вашите деца у иднина дека треба да им служите ко негователки и слугинки, секако ќе биде така, си ги разгалувате уште од мали, па они тоа си го користат, паметни си се. (fingers)

    Ваш проблем ќе биде, вас ќе ве боли глава, мене или друг не.
    Ние само коментираме како неубаво изгледа тоа од страна.

    Комплекси бе.. Ради шо?
    Или да не се коментира треба? Ако, ако, тапшајте си се слободно, се пронајдовте.

    И не мора за паров ај, дури ни за тие што ги знам и што јасно глеам како им робуваат по дома, децата им ги пораснаа место они, и тоа е у ред? Ако бе, бранете ги.

    Ако си дозволам и ја да сум таква, тогаш тежок идиот би била штом би се погазила.
     
    На christinnn, Mumoftwo30, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.217
    Допаѓања:
    156.251
    Пол:
    Женски
    Пишав и погоре, не се пронајдов јас лично ни најмалку за жал немав прилика да имам помош од ниту една страна, ниту да ја имаат таа среќа моите деца да растат со баби и дедовци. Секако немам намера да си го раскажувам животот на форум.
    Коментарот беше дека од страна гледано и реалната слика не е иста, и да премногу се на тапет и осудувани родителите за сенешто, некои можеби заслужено но повеќето не. Едно не ми е јасно, мислам дека и друг пат го имам спомнато на темава, зошто воопшто млади и слободни луѓе толку се замараат со други родители и нивниот однос со деца. На крај на памет не ми било на тоа да мислам на тие години нити па се сеќавам некој од најблиско друштво да дискутирал на оваа тема.
     
    На azelea, MeowMeow, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.