Ко шо реков, купишта примери за тоа како не треба Искусиле пред нас, ги глеаш, си праиш слика у глава дека не ти е во ред, и тоа е тоа. Плус не сме по 15 години, на возраст сме коа баш за ова и треба да се збори и мисли.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Јосифовски: Рак на дебело црево е откриен кај 19-годишна девојка, болеста ја има кај младата популација Па еве оти на пример ко на мене им викате дека "нервозни црева" е состојба предизвикана од стрес, оти секој втор пациент е со извадена жолчка, а во државава не може да се најдат секвестранти кои спречуваат вишокот жолчка да го иритира дебелото црево и да ни се приќењуе во најнезгодни можни ситуации и со тоа да водиме нормален социјален живот. А луѓе без жолчно ќесе докажано имаат повисок ризик од рак на дебело црево. И не, пупу до рак немам стасано, надам се и нема али случајно испаднав интолерантна на лактоза и тука се заврши приказната, иако проблемите немаат никаква врска со млечни производи. А епизодите си продолжија, кога ќе фати дехидрирам и немам сила да стојам на нозе некогаш.
Викаш? 100% тврдиш? Е као што рековте што к коментираме за особи шо не сме ги знаеле, е исто така и нас не не' знаете за да тврдите нешто Баш ми е мило што сте се пронашле. Ајде убав ден.
Јас зборувам за прекумерното и непланирано користење на постарите, не за исклучителната помош разликата е огромна.
Не можеш ти ништо од страна да знаеш со сигурност, можеш само да претпоставуваш, а претпоставките за само нагаѓање, а не факти. Ама треба да имаш развиена свест за да си помислиш од кај знам дека е баш така бе.
Бабите не се должни децата да ги чуваат.. Родителите се тие кои што треба да си ги чуваат.. Во ред е да си играат со нив, да ги чуваат ако навистина некогаш има потреба, или да останат на викенд кај нив. Ама во никој случај не треба да им ги оставите па нека ги чуваат тие, а мајка им и татко им нека ги гледаат само навечер пред спиење.. Или кога ќе видам мајката и таткото на одмор на море, а децата кај бабата. И ако мајката е изморена тука е таткото, зошто бабата?
Како би знаела што е прекумерно и непланирано користење на старите кога гледаш прв пат некои личности? Врз база на една случка, вие веднаш знаете како не треба. Ќе бидеш мајка некој ден, наврати се на мислењево и кога ќе ти биде најтешко, кога ќе бидеш изгубена, стимулирана, со пост породилни депресии и чуда, кажи си дека ништо не ти е и грижи се што ќе рече некој/а, а најчесто е некоја, дали си добра мајка или не. Секогаш коментираат само тие што не знаат како е да си родител. Роди, порасни дете и кажи совети на родителите како да се одморат, кога не можат да се одморат. И додека ти слободно дома квачиш на мобилен секој ден по 24 часа, гледаш Нетфликс, некој нема таков луксуз да се излежава. Да, тоа е сепак моја желба што сум решила да родам, но тоа не значи дека треба да се изгубам себе или да поцркам од умор само за на светот да му докажам дека сум посветена мајка. Следен пат гледајте си во тањирот, колку ви е досадно што набљудувате други луѓе и си правите секакви претпоставки за нив.
Нека се замараат, остави ги. Ама најчесто на тие што осудуваат, тоа им се удира од глава. Само уште се "зелени" за тоа да го сфатат.
Не би осудувала од само една сцена. Можеби тоа било конечно малку време за родителите да можат да дишат без да му обрнуваат внимание на детето. Немам деца сѐ уште, но претпоставувам колку можи да е мачно да имаш мало човече на кое 24/7 му треба твоето внимание. Би била среќна доколку некој земи да го поигра пола саат или саат додека јас правам било што во тоа време, макар и да седам на телефон да оладам глава.
Дојде време кога најголемите експерти за студентски живот се токму оние што никогаш не виделе индекс одблизу. Оние што знаат само како изгледа факултет однадвор , бидејќи поминуваат до него, е па тие сега со голема сигурност ти кажуваат: „Еее, студирањето така не оди, требаше вака, а не така.…“ И дојде време оние што никогаш не чувале дете, оние што се будат кога сакаат и спијат кога ќе им дојде, да ти речат: „Епа, вака најубаво се воспитува дете…“ Да, верувам. Особено ми е мило што токму луѓе без деца знаат буквално сè, од кашички, до тинејџерски кризи, до како да го научиш да каже „молам“. Бог да ги чува, толку знаење без пракса ретко се гледа искрено. И на крај што останува на нас просечните да кажеме, освен дека такво време дојде... Најгласни се тие, празноглавите... Како беше она, празна канта најгласно тропа.
Ни една не ти изграва светица Родителството треба да го искусиш за да го разбереш А и тогаш да си гледаш во својот тањир
Опа мамичките испотресени од коментар на анонимен лик Боли вистината Активирајте се малку, одморете глава, здивнете
Да е лесно сигурно не е лесно да се чува дете.. Ама нормално е мајката да е преморена ако должноста да го чува детето е само нејзина.. Многу полесно би било и двајцата родители да го чуваат тоа дете и многу помалку би имало потреба од 3рети лица.. Јас кога би имал дете како што рече и некој друг не би сакал други постојано да ми го чуваат.. Сите ние, барем голем дел од нас сме растени од баба и ништо не ни фали бабата убаво би го чувала, ама јас не сакам моето дете да биде товар на друг. Во ред да ги чуваат бабите во некои случаи. Исто ако бабата има можност да го чува да не го носат во градинка е добра добра опција, ако во тој период нема кој да го чува. Ама сум многу против детето да се остави бабата постојано да го чува или секогаш родителите ако планираат да одат некаде детето да го оставаат на бабата.
Гледајте си секој својот двор, ептен ако е за помагање негде - помогнете, за солење памет, првин видете вие до кај сте и шо сте на било кое ниво. Оти теоријата и праксата не одат секогаш заедно - есапот на пазар и дома.
Поентата на муабетот (ама кој да разбере) не е ни родителството/воспитувањето/мамичките, него склопувањето сценарио на база на претпоставки за да се осетиш попаметен/помудар/подобар од таму си некои луѓе што не ги ни познаваш, ниту знаеш каков им е односот, и што всушност во реалноста им се дешава, ама секако, луѓето шо се без доволно развиена свест и стекнато искуство, имаат неисцрпна енергија и воља за трачарење, смислување сценарија и теории на заговор, драматизирање, претпоставување и логично размислување кое е 100% точно пошо како не би било на сета таа интелигенција. Не се вреѓај, подобри се.
И јас се согласувам со тоа дека детето е одговорност на мајката и таткото и не треба цело време да се тупнува на друг. Но од таа сцена сама по себе, не можиме да носиме заклучоци дали било така или не. Еве кај другарка на пример да појдам и да е целата хаос, ќе го поиграм детето за таа да одмори малку глава. И пред да се сомни таткото, можи да е на работа тоа време, не оправдувам тој да не се вклучува во грижа за своето дете дома. Има многу невоспитани деца да, но исто така ни треба и малку повеќе емпатија за оние кои даваат сѐ од себе за своите деца. Имаат право да сакаат да одморат глава од одговорноста.