Немојте да јадете ни зеленчук и овошје, полни се со пестициди, кој знае со какви сè отрови ги прскаат, башка земјата во која растат е отровна, а и водата со која се полеваат исто така, џабе ви е сè, не се мачите демек се грижите за здравјето, исто ти е ко да пиете отров за глувци, само се залажувате.
Да ги видите насадите на марула во Ѓорче покрај Вардар нема да ви текне да ја јадете следните три животи Најблагородното нешто, производството на храна,кај нас е очајно. Депониите се по чисти и средени.
Живеам со толку непедантни комшии што ми е срам од жените кои доаѓаат да чистат. Станарите кои највеќе валкаат, цело време се жалат дека фирмата не одржува хигиена.
Не знам за на долг рок. Ама озбилно, особено вие што имате учено биологија, да негирате разлика во принцип на вдишување (не е ист кога трчаш, кога одиш, кога седиш) малку ми е ...хм? Ок, ако гребе грло и очи од воздухот надвор, апсолутно е исто и дома и скроз е препорачано да вдишуваш подлабоко, како што е случај при трчање. Исто, и по еден доместос на екс, за противотров
Човек со висок белодробен капацитет и низок rhr при лесно трчање дише исто како обичен човек при одење. Затоа реков, ако ја не треба да трчам, вие уопште не треба да одите.
Па, не е исто со ставена маска да се симнеш до маркетот што ти е во зградата или тој на 5-10 минути до твојот дом и да трчаш цел саат и над тоа надвор при најгустата магла. Не мора да се трча во најзагадениот период од денот. Може да се повежба и дома.
Не дека не е точно ова што го викаш, туку толку живееме во токсична средина што веќе секоја (не)акција ја гледам како исто ми се фаќа. Слично ко со фактот дека секојдневно тонеме во пластика. Помали и индивидуални мерки за заштита се препорачливи и логични, ама до кога? Мора нешто радикално да се смени, инаку сѐ друго е капка во морето.
Апсолутно, мора нешто радикално да се смени. Живеев во време кога ништо не беше амбалажирано во пластика, дури ни прашокот за перење, и ништо не ни фалеше. Живеев и во Скопје во кое Дрисла не гореше странски отпад (ваљда странска инвестиција е отпадот, кој ќе го знае). Ама па, ако сеуште имам сетила , очи -да гледам дека прст пред око не се гледа, нос-да осетам дека смрди, па нема да скокнам у таквото, јер ради сеедност, инат или што-јас-знам. Значи, не може да ти се фаќа исто, освен ако не излезат со некои истражувања дека откриле-ете, човекот еволуирал во загадени средини, белите дробови му се метализирале и таман му е таквиот воздух. Али да, ве убедија дека resistance is futile . А некои морски бактерии развиле способност да разградуваат пластика.Наводно. Сдк-фала богу, што Чернобил се деси пред 35 или колку години. Во ,,диктатура,, ,,диктаторите,, ни рекоа не јадете јагоди и не пијте млеко од крави, па ние наивни, послушавме. Сега ќе ве убедат дека ,,десило се није,, сами сте криви и сеедно де, од нешто мора да се умре. Развој на човечка цивилизација упм.
Мене ме убедуваа пред неколку години дека тоа демек горат отпад и увезуваат е теориjа на заговор. Истите тие што се борат за здрава и чиста средина. Смешки. Мене се ми се чини баш тие што демек се борат и те обвинуваат дека си излапан затоа што знаеш дека сенувезува отпад всушност имаат удел во колачот. Друго обjаснување немам.
Ја ќе почнам да верувам во таа теоријата дека гуштери владеат, или што и да беше. Друго објаснување немам.
Загадувањето ќе се исплаши и ќе не напушти кога ќе види колку многу се пишува и се расправа за него на форумот.
А ова што вионите летаат еден до друг и испуштаат траги кои потоа се распострануваат и стануваат облаци исто било теориjа на заговор. Само што ете држави во САД како што е Флорида изгласала забрана за прелетување и испуштање од тие тешките метали со кои влиjаат на времето.
Камо да можеше да се исплаши. Всушност, може. Само и надвор да се собереме пред институциите за да зборуваме. Е, тоа е малку потешко за овој себичен народ.
Иначе пред едно месец дена ми се глеаше нешто интересно, и стално ми искачаше Кpop demon slayer на Нетфликс и викам ај као ќе го пуштам, па ако не чини ќе го изгасам. Искрено очекуев кринџ срање, а уствари се измочав од смеење и плус плачев на крајот... Така да, кој не го глеал, слободно за пасење мозок и релаксација и убава анимација.