може немаат попусти ама што и да побараш ќе можеш да го купиш, нема криење за пријатели роднини производи, а и услугата е на ниво.
Има денови кога ќе се комирам во 10 часот вечерта и станувам во 03:20 наспана. И тогаш почнува ритуалот за добро утро. Кафенце, книга, и тако даље. Добро утро
Детокс до Нова Година, симнувам 2-3 кила, за да качам 10 у сезоната на мајонезни салатишта и останат јануарски блуд и разврат.
Во ова саботно утро, после дискусијата вчера, уште еднаш да им заблагодарам на сите жени во минатото заради кои денес на моиве скоро 27 го терам животот по мој терк со работа што ја избрав и ја сакам, со партнер што го избрав јас. Оти инаку ќе бев мажена за којзнае кого, ќе имав родено веќе три деца, без скршен денар, несреќна, тепана и тешко депресивна, нешто што ми е најголем страв во животот да ми се случи, пострашно од секоја болест и смрт.
Труењето дечиња со храна во училиште, меѓу кои е и синот на премиерот ми е скроз карма да видат дека нерегулираниот систем со години ќе се одрази и врз нивните деца зошто не се тие на Марс заштитени
Која комедија се Општина Карпош. А бе живи циркузи. Со месеци апелираме да се исчисти депонија, денес дојдоа шуќур, и најјакото: Иде една цуца од општина зема телефонот и слика.. само што си отиде она си отидоа и луѓево кои чистат. А бе циркуз држава сме. ЦИРКУС!
Колку сакам да се врати мода со шешири уфф... Да се носат почесто и да не те гледаат чудно кога ќе ставиш еден.
Каде одат, што се случува со оние кои го дале својот максимум, а никогаш не успеале? Тие се повлекуваат во тивките агли на сеќавањата каде напорот е тежок, но победата никогаш не пристигнала. Тие одат низ ходниците каде нивните чекори одекнуваат во празните сали на соништата. Тие седат под небото без аплауз, раце изгребани од допирање што повисоко, што предалеку. Носат тежина во срцето за она што би можеле да бидат. Таму, тие не се ниту злосторници, ниту херои, само шепоти на храброст што светот заборавил да ги круниса.
Не го очекував ова од најдобриот братучед да и рече на мајка ми: Нема што да и нејзе мака, млада е, нема деца, нема фамилија. Официјално, го отпипувам од братучед. Демек, нема шо да ми е мене мака од работа, немам јас проблеми да мислам за нова работа, мажачка и сл. Се ми е под конец.
Не го сфаќај толку драматично тоа. Не дека сега не ти е тешко, ама знаеш ли колку е потешко во брак, со деца, работа плус домашни обврски? Кога ќе дојдеш дотаму, ќе правиме муабет
Непотребен муабет. Јас никогаш не сум рекла дека вас со деца ви е лесно. Нит има корист од тој муабет да му речиш некому тебе ти е лесно без деца, без фамилија,нит има нешто позитивно да му речеш некому. Замисли, сеа да му речам на некој што едвај створено едно дете, ајде не кукај, ко ќе дојди второто, ќе видиш што е тешко а не одат на второ од Х причини. Се само се пикате по туѓи животи, бре.
јас не сум зборувала така никогаш на глас ама сум си помислувала порано како може мене да не ми е тешко со факс да кажеме, работа, пријатели, врска ама сега со бебе на пат само што е па гледам дека е х10пати потешко се функционирањето, обрвски, проблеми а не па кога ќе се роди… не треба да се мери на кој му е потешко. Секој има право да се пожали, да побара помош. различни се проблемите, задоволствата и пред се личностите
На безобразни и ти треба да си безобразна. Дошло-ошло, па нека им стои и ним. Туѓо гајле берат, своето не го гледаат (а не дека не го имаат).