Оти? Јас си носам шешир во зима. И тоа баш шешир. Мене па ми се смешни жени над 40 години со качкети како тинејџерки. А ве се знае дама како треба да изгледа. Капут, шепир, шал, чизма. Не мора скапо ама ако е добро искомбинирано и тоа како може да е е ефектно.
Многу си осетлива. Мораш малку да ојачаш. Кажал/не кажал што се замараш. Он 2 мин не мисли на тоа ти се замараш и оптеретуваш.
Зошто да се чека нешто да е во мода за да се носи? Носи си што ти е убаво, не мора да се пратат трендови и да се носи само тоа во моментот што е во тренд. Ако ти е убаво и како каубоец облечи се, биди си свој, уникатен. Јас ќе погледнам што е тренд ама секогаш си се облекувам така како што јас мислам дека мене најубаво ми стои. Никогаш не се облекувам буквално според тоа моментално што е во тренд.
Единствена токсична врска која ја сакам во животот е да јадам киви додека ми го горат јазикот. Сдк2: Јас никогаш не сум следела трендови. Си се облекувам онака како што се осеќам во моментот. Во најголем дел од времето си се носам кежуал, во некои прилики се облекувам и поелегантно, но генерално ја преферирам удобноста. Денешната мода, од она барем што сум видела, не ми се допаѓа. Така да, си фурам и блузи од омилен бенд со фармерки и патики, но исто и кошули, сукни и фустани. Буквално ко што си се чувствувам. А инаку ако сакате да се дотерате во некој специфичен стил и не сакате да ве осудува некој, дојдете во Битола и прошетајте се по Широк Сокак. Сѐ е прифатливо.
Муабетот ми е дека тој стил пропадна, ретко се носи, дури и за на кафе се облекува нешто покласично. Не дека нешто сум стара, ама се сеќавам како и за до на пазар жените се дотеруваа. И не, небркам трендови ни јас, ама би ми било убаво да гледам повеќе таков стил и на пообични места. Сепак, секој има право да носи што сака, ама денес трендовите се активираат кога има влијание од инфлуенсери, да не се лажеме. Пример долгите свилени здолништа со пообични маички, корсетите, елечината како old money, итн..итн...
Секој пат кога ќе отворам тик ток си викам „ај ќе помине глупиов тренд“ и таман ќе помине - го заменува некој уште поглуп. Изгледа ја сум најглуп, што уште ги гледа.
Во 21 век, на тв анкета како се нарекува жена која е разведена и коментари од затуцани бабетини и старци , распуштеница А, за маж, оставен Not normal
За маж викаа СЛОБОДЕН. Ваквите анкети се нерелевантни затоа што во зависност од прашањето ги бираат анкетираните. Пример имаше скоро прашање поврзано со тетоважи, во глобала млади луѓе анкетираа. Мислам дека прашуваат луѓе според реакцијата што сакаат да ја предизвикаат за поголем reach.
Е па види испитаници кои се. Од оние генрации кои трпеле се и свашта само да не испадне, Види ја фамилијата си ја растури, еден маж не успеа да задржи...
Сдк. во последно време могумина го применуваат постот само во улога на диета, што е многу погрешно од секој поглед. Многу поверојатно е дека ќе се поправиш за време на пост ако буташ голема количина на компир, ориз, леб, мармалади, посни замени за млечни производи и сл. бомби од јаглехидрати отколку да јадеш нормално. Подобро е да не се зарекуваш и да не го злоупотребуваш постот (и со тоа повеќе штета да си направиш) отколку да не постиш.
Сдк нормално е да не сакаш да задрмиш токсичност или насилство. Сдк многу лош ден денес ,да немав деца мислам дека ќе го преспиев ,вака само едно јадење (прженици) направив и доев и менував пелени. Буквално сакав само да преспијам
@FlirtBerry ауу шо прочитав онаму.. Од читање само се изнервирав и ми иде преку екран да можеше да и' ја зашлапам на таа мочлата Леле превише мразам распрдени копиљаци, не можам да ги смислам. Уште поише ми се одвратни тие особи кои родители се нарекуваат на истиве овие Лигави створења, неспособни за ништо. Ау богами да ти е страв да имаш дете денес, ова е ера на дегенски генерации. Се плашам дека и да се трудиш да го воспитуваш правилно, други ќе го расипат
Апсолутно се сложувам со ова и го гледам секојдневно. Се разбира збориме за мнозинството. И знаеш што ме плаши мене. На планетава денес постојат преку 9000 нуклеарни боеви глави, кои се под контрола на луѓе израснати, воспитани и едуцирани во 70ти, 80ти, 90ти години. Што ќе биде кога овие ќе си заминат, а нив ќе ги замени оваа дегенерација? Како деца што не знаат носот да си го избришат ќе треба да прават стратегии, да донесуваат рационални и разумни одлуки водени од факти, да проценуваат ниво на штета, да не реагираат импулсивно? Предавам на деца што не знаат колку се 20% од 50, а веруваат дека ќе наследат големи бизниси на нивните родители. Им велам, за 1 година ќе ги пропаднете бизнисите и ќе банкротирате. Не затоа што не знаат математика, туку затоа што се мрзи, зависни од мобилни, игри, немаат дисциплина, немаат работни навики, не знаат ни да си зготват нешто, немаат ни меки ни тврди ни никакви вештини, ептен неспособни. И немаат ни желба за развој, напредок. Се надевам дека не сум во право и дека сум само несреќно опкружен со такви и дека тие не се репрезентативен примерок на мнозинството
Не сум стара ни ја, растев во 2000 - те, искрено и моиве генерации се за никаде, воопшто не с(м)е сјајни. Џен Зи си е посебна приказна за себе. Али овие најмаливе.. не' надминуваат бе, и не знам до каде ќе иде ова вака, ама не е на арно работава. Не знам ниту што е со овие родители кои буквално им се плашат, се плашат да ги одгледаат ко што треба, утре нормални особи да искочат од нив, а не дегенерици. Тибам тоа нежно родителство, ако си дозволиш толку да потфрлиш, да се изгубиш тотално, и да не сe снајдеш во родителската улога.
Исто, значи исто верувај! Кај бре ние така сме се понашале дома со нашите. Јас еве на мои 27г имам уште страхопочит спрема моите! Кај им е почитта се мислам. Па и ќе се караме, мора ова. А да не кажам една недела се на гости од телефонот глава нема кренато. Никакво однесување, комуникација сведена на нула, никакви граници кој е родител, другар, роднина итн. Ама ќотек на родителите. На 11г скапи шминки, на 8г ајфони. Кај ни е крајот се прашувам?!
Сметам дека премногу ги преценувате претходните генерации, а потценувате новите. Овие нови генерации, кога веќе ги сметате за фалични, се токму производ од претходните. Ако толку биле паметни, веројатно и последницата ќе била паметна. Инаку тие нуклеарки, чија измишљотина се и за која цел? Од паметните генерации? Доста ги хвалоспевате, кога живееме во никакво време кое е последица токму од нив.