Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    2.763
    Пол:
    Женски
    IMG_5136.png

    Згрозена сум на 21 век да не се користи заштита.
     
    На Mumoftwo30 и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    26.096
    Пол:
    Женски
    Успат ако може, кажете им и на постариве дека на млади луѓе што првпат ги гледаат нема што да им се обраќаат со сонце, душо, злато, мила, ко мене една сабајле во пекара.
    Многу пати вака во маркет ми се десило или со некој што првпат прајме муабет и ептен е безобразно, како да ви кажам. Ниту пак гушкаш или допираш некој со кој не си близок. Поздрав со рака е доволно.

    Иначе...
    Ме интересира колку од тие родители што имале проблем со невоспитани, разгалени деца, како сакате кажете, ги носеле как психолог? Или испод части им е некој друг да им каже како да се реши проблемот, место они сами.

    Sorry to burst your bubble ама стравопочит и љубов не идат во иста реченица. Ако сакаш некој, немаш стравопочит према него, и обратно. Стравопочит е присилна почит оти си на некоја пониска позиција, рецимо си стуенд пред професор или вработен пред претпоставен. И со ваквите луѓе имате строго формален однос.
    Некого со кого ти е убаво, ти е близок, го сакаш, не треба да имаш стравопочит како возрасен. Освен ако не ти е убаво со него, него се осеќаш така...пониско.
     
    На M&M и TammiB5 им се допаѓа ова.
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.692
    Допаѓања:
    12.882
    Бумерите и ген X - интелектуалци, визионери, величествени, револуционери, футуристи, скандинавци.
    Милениалс - океј се, мада не се плава крв како бумерите и ген X, титаните на напредокот, боговите на генијалноста.
    Ген З - ужас.
    Ген Алфа - и ужасот има стадиуми, најдолниот стадиум од ужасот, ужас на куб, 9ти круг од пеколот!
     
    На andromedae, Mumoftwo30, boo3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    17.001
    Пол:
    Женски
    Ја неам стравопочит од моите, нит сум имала, онаа стравопочит вие што мислите, дека им се тресеме, не, воопшто не. Баш сме лабави, но се знае кој бил родител, а кој дете.

    Никои генерации не ги фаворизирам, кај сите има гомна, и тоа мнозинство се гомна.

    Исто ко за старите бумери коа викаме дека се утепани, утепани се и новите, не туку бранете нешо шо не е за бранење, ќе помислам го оправдувате расипничкото понашање.

    Дај помирете се оти страшно потфрлаат генерално родителитe аман.
     
    На Gosh, senjorita-v и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    10.666
    Пол:
    Женски
    Ајде, уште некоја година и џен з ќе бидат примени во cоветот на старци да војуваат против младината, дотогаш само треба да се издржиии
     
    Последна измена: 1 декември 2025
    На Angie1432 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.692
    Допаѓања:
    12.882
    Џен З у 2060-та: Генерација бета, гама и делта се од мочка праени!
     
    На christinnn, Angie1432, Thinkerbell. и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.359
    Допаѓања:
    68.290
    Пол:
    Женски
    Малку не е нормално толкава омраза кон деца, и толку одвратни зборови насочени кон деца. Не е лошо да се преиспитате кај ви е коренот за тоа.
     
    На M&M, sino.o.oka, jungle и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    17.001
    Пол:
    Женски
    А така ли значи?

    Значи одвратно е да се критикува, а не е се одвратни тие деца, понашањето, нивниот однос кон другите, булингот што се' повеќе деца го прават, за кои можда немате појма дека вашите златни дечиња го вршат врз други?

    Не сте ич реални бе, невозможно ми е како вака.

    Децата не се невини така ко што си мислите. Осетено на своја кожа колку можат да се стварно одвратни :)
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Машки
    Животот продолжува не може да тапка во место и сите да живееме во 80тите, секоја генерација смета дека наредната е многу полоша од нивната, само затоа што технологијата е различна..

    Децата не се раѓаат како невоспитани и не се виновни.. Тоа дете за кое што зборувате има 11 години, и требало да се воспита и да му се каже што како треба и како се трошат пари навреме а не после да се тепа затоа што не си го научиле..
    Исто така не влијаат само родителите на децата, целото општество влијаеме, во некој момент секој од нас бил пример на некое дете, дали добар или лош тоа е друго..

    Некој образованието го спомна и тоа ни е катастрофа, од кај да земат пример тие деца?
    Прво се учи дека децата треба да имаат по се 5ки, дека сите треба да завршат факс, а не е така на секое поле ни треба кадар во иднина, не може сите доктори да бидеме. Некои предмети се ставаат како важни други како не важни, на часови по ликовно, физичко и музичко учат математика и македонски затоа што тие се битни предмети, според учителот. Друго се фаворизираат деца од страна на учители, се вреѓа дете што не научило место да се потруди да му се објасни...

    Заедно сите сме им лош пример на децата од нас учат, не од некој друг, на прво место е семејството, потоа училиштето, она што гледа на интернет и на крај сите луѓе што околу него ќе ги сретне..

    Не е ќотекот решение..
     
    На M&M, Kom.pot, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.359
    Допаѓања:
    68.290
    Пол:
    Женски
    Не реков дека е одвратно да се критикува. Изборот на зборови кои се користи од друга страна... Језивко малку кога ве чита човек за деца какви мисли имате, тоа ми беше муабетот. Ти само го потврдуваш и овде во цитираниов пост, ништо повеќе. :hai:
     
    На M&M, Anie93, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    17.001
    Пол:
    Женски
    Језивко е, језивко е каков дегенеризам преовладува.

    Дај сеа етикетирајте ме ко психо и крипер ако не м? Нема да ме зачуди.

    Свашта.

    Колку е убаво да си надвор од реалноста..
     
    На eliesaab и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    25.667
    Перфекционизмот е комплекс на никогаш доволно добар.
     
    На Mumoftwo30 и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.405
    Допаѓања:
    198.280
    Не бе Лимонче, децата во тегла растат, какво општество, какви бакрачи.

    Значи стануваш насабајле, мразиш деца, мразиш стари, сите се заникаде...ок, јасно
    upload_2025-12-1_9-41-2.png
     
    На M&M, Anie93, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Машки
    Како никогаш деца да не биле, безобразни биле децата тие не биле такви деца.. :drunk:
    Колку пати како деца ние навечер сме се собрале и по комшии сме береле по цели цреши, ораси, сливи тоа зарем не е крадење и не е убаво така? Колку пати сме се налутиле затоа што на брат/сестра купиле патки или било што а на нас не? Не сме плачеле и ние по играчки? Колку пати навечер сме ѕвонеле со прекриени броеви на луѓето да досаѓаме, кој ќе му текне дека тие луѓе може од работа дошле или сме викале од тераса по рандом луѓе ете имам викано по еден човек од тераса дебел беше и му викав "еј буцко", и тоа океј е? Денес не се однесувам така, а не се качи дома да ме истепа чудно, нели?
    И во наше време имаше булинг во училиште, да не беше толку често и повеќе се дружевме ама тоа родителите си го прават сега "еј не се дружи татко му нема факс, или од село е не се дружи" или така се однесуваат кон луѓето.. Возрасните повеќе булинг прават. Не подржувам врснички булинг и да се тепаат едни со други, да мразат било кој, да се учат на алчност, наместо здрави навики..
    Ама на крајот е само дете, немирни се сите, интересно им е, забавно и нас ни било, ќе научи дека не треба така не мора да ги мразиме покажи му како треба или кажи на родител дека се однесува лошо, не може да се тепаат.
    Никое дете не заслужува затоа што згрешило да биде тепано, најди начин објасни му..
     
    На M&M и senjorita-v им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    17.001
    Пол:
    Женски
    Не не сум била. Ниту немирна сум била, замисли. Безгласна буква ако знаеш шо е, е така, мирна, тивка, повлечена, и шо кур баш таквите деца се мета на овие пореметениве, да се иживљаваат со нив?
    И знаеш кој беше тоа? Е тие со ајфоните, тие по одмори триста шо идеа, запишани на секакви курсеви, спортови, задоволени презадоволени, и види мајката пак се вакви гнаси. Е зашо бе?

    Едно е тоа наивно крадење шо викаш цреши, не сум крадела, нит сум се качувала, зборам за тие 'лоповите' што можеби биле љубопитни и сакале да каснат, и сеа го рамниш тоа со оваа мочлава шо сакала у Сефора шминки да зема бе? Дете шминки? Дете ајфони од 1000 + евра?

    Ај ве молам вие преиспитајте си се.
     
    На eliesaab и senjorita-v им се допаѓа ова.
  16. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Машки
    Не се пореметени ако не се тивки.
    Не е убаво и детето премногу да е тивко.
    Има исклучоци ама најчесто најтивките деца се оние растени со токсични родители. Ако кажат нешто не се ни слуша затоа што се деца, ако кажат нешто што не им се допаѓа на родителите ќе го истепаат или извреѓаат, па се плашат да кажат нешто. Тивки се од што се плашат. И тука тие не се криви и не треба никое друго дете да им врши булинг, а знам дека им се врши највеќе на нив и тоа доста и од учителите, затоа што од се ги исклучуваат затоа што се мирни.

    Ама не е детето виновно.. Родителите се требало на време да му кажат што како.. Тие од мала ја имаат начелно така на ништо и немаат кажано "не", кај пружи рака таму, каква играчка сака таква... Од мало треба, не со ќотек, со зборови нека се лути додека е мало 3-4г ќе плаче и брзо ќе се смири многу лесно се контролира и се учи, веќе на 11 години си има стекнато навика и знае дека ако плаче ќе му се даде.

    Ама пак ќе кажам возрасните се најголеми виновници, детето празно се раѓа невино твое е какво ќе го направиш и колку ќе дозволиш околината да му влијае.
     
    На andromedae, M&M и senjorita-v им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    17.001
    Пол:
    Женски
    Не за тоа, пореметени ги мислев тие кои булираат некого, ни крив ни дужен.

    Зашо е некој повлечен, имаш еден тон причини. Ранливоста во комбинација со мек и нежен карактер, плус детска наивност и добрина, баш се добива тоа = дете кое е скроз повлечено и затворено.
    И не викам дека добро е и тоа.

    Нит ме тепале нит вреѓале дома за да сум била преплашена, но имаше причини кои влијаеa за да бев такво дете.

    А ако не разбира збор? Ете му е кејф да се инаети, да е по негово. Сепак и карактерот игра огромна улога.

    Нешто е вродено, нешто е стекнато, некој има одредени склоности кон одредено однесување.

    Стопати сме пишувале на оваа тема дека може да постои огромна разлика меѓу две деца, брат и сестра одгледани на ист начин и под исти услови. Едното добро, мирно, фино, послушно, другото жива катастрофа.

    И сеа кај ист пристап би упалил кај двајцата?
     
    Последна измена: 1 декември 2025
  18. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Машки
    Ако не разбира од збор нема да му се купи нека преплаче ќе му помине... Ќе научи дека не секогаш во животот добиваме тоа што сакаме, а океј е да плачеш ако си незадоволен.. Плус ова од мало се учи, ако веќе од мало го научиш дека може се да има веќе како расте поголем проблем ќе имаш, а на мало дете брзо му поминува лутината..

    Различно е секое дете да и карактерот игра голема улога, ама зависи и дали родителите исто се потрудиле во воспитувањето на двете деца.
    Ќотек не би применил во никој случај, сто пати ако треба ќе разговарам, ќе го носам на психолог, ќе се советувам јас со стручни лица ако не можам да најдам решение за неговото однесување... Ама мора да можам јас како родител да го контролирам без ќотек неговото однесување и да направам добар човек..
     
  19. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    2.763
    Пол:
    Женски
    Добро еве нека спадне дека сум грешка објаснила. Не мислев на присилно, мислев на тоа дека се знае кој е родител, а кој е дете. Не ми дава мене душа да се однесувам така со моите.
    Не викам дека не се расправам со нив, ама така бедно да се однесувам да викам по продавници, да барам последниот денар да го потрошат на продукти кои нема ни потреба, не.
    Не викам дека не се ми овозможиле ништо, не дека нема да ми го дадат или ми го дале последниот денар ама за потреба во права смисла на зборот.(јадење, лекови итн. нешто многу по преоритетно отколку шминка).
     
  20. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    2.907
    За 2 дена летам со авион за прв пат абе чоек мислам дека сите црева ми се свртеа в стомак. Ау колку сум потресена:worried::party:

    Ако вака ми е сеа можам да замислам тоаш како ќе ми е
     
    На hermosa, FlirtBerry и Adidas888 им се допаѓа ова.