Кога не се казнува се вика зошто не се казнува. Кога се казнува се вика зошто се казнува. Крај не ни се фаќа.
Ми се свиѓа ова, но невозможно е. И казните да се зголемат убаво би било, пример над 200-300 евра да се мава по џеб, па можеби нешто би се сменило. Ама ко прво, тие кои треба да санкционираат и спроведуваат закони прават прекршоци еден тон.
Навикнати сме на повеќе од три децении хаос и импровизации, секоја ,,нова" мерка кај нас ја примам со резерва. Малку работи навистина заживеале како што биле замислени, не се сомневам у вештините на фиромецот и ова да го злоупотреби.
Го подбраа (надежно) овие што се перчат по улици, следно може да идат на ред другиве што глумат елита со питбули и остали кучиња што ги шетаат без поводник, лаат 24/7, не им ги собираат лајната и ги парат на диво.
На 100.000 прекршоци, на да речеме 400.000 возрасни жители во Скопје, значи секој четврти не знае да си следи брзина. А реално, мислам дека соодносот е 50-50. Што значи, и да сакаш не можеш да возиш 50 ако сите околу тебе возат 80+. Некако мора да се научи како се вози во населено место, тоа е.
Повеќе по темно по слепи кратенки не одам.. За малку срцев удар ќе добиев, одам пешки накај дома и си реков да фатам по кратенка за да не кружам не ми крати многу ама сепак, иако никогаш во темно таму не поминувам само ден. Никој нема и слушам некој оди по мене, јас побрзо и тој побрзо осеќам дека не ми е блиску, ама сепак кога ме фати страв, не се ни свртев да видам кој е... Како се доближувам до зграда по мене си оди и стигам до зграда и си викам, овој по мене ќе се качи и наеднаш се вртам и гледам жена, колку ми олесни кога видов дека е жена, мислам господ го видов.
Мора да се демантирам-никако нема да се научи https://racin.mk/makedonija/vozachi...-kako-da-gi-locziraat-site-kameri-niz-gradot/ Скопјани а.к.а копитари. There I said it
Waze јас ја имам од прелани ,некој на форумот ја предложи за навигација во Грција и за таму ги пишува камери,радари можеш да си внесеш работи на пат ,полиција кај има и сл. Не гледам зошто да не се користи ионака на сите семафори има камера така да пак ќе си се вози нормално само да не може да се фаќаат врски. Јас сакам да прашам од кај им е контактот ,што ако имаат пример погрешен број ете пример заборавив појас денес а не стигна ништо... да не си се собираат вака прекршоци и оп извршител.?
А што е најинтересно на форумов грото подржуваа казнување на пешаци оти преминале пешачки со слушалки, али оти истите у кола се родени и до гранап одат со неа, паркираат каде им текне, не ни гледаат кај има пешачки нит па застануваат некој да помине ( немој слушалки да носи обичниот смртник па да не примети дека он возел со 200 на саат, кој му е крив коа не глеа ), ондак не им чини... Пак ќе речам, МАКЕДОНСКА работа... Знам, врие исти и тука у Немачка, со купени возачки, возење на црно ради одземена возачка ради пијанство, честитки со слика секој друг ден ради возење 200 на саат... Се жалат и кукаат, немале пари од казни на курви и у Типико да одат, оваааа леб да јадат... Не парични казни, по 100 стапа по грб само за овој народ.
Баш. Бараат да си олеснат со апликација наместо да размислат пред да излезат од дома. Ништо нема да се смени со меки казни. Секој си го гледа и ќе продолжи да си го гледа својот интерес додека не се преземат сериозни чекори.
Ќе те казнат парично ако не си дал точен број/ податоци при регистрација. Ама тоа само Господ знае што ако… Ок шо стаиле, еднакво репнати да бидат и пешаци и тие по возат. Ја ко пешак не сум толку куртон да стојам на ивица на тротоар, стојам на тротоар, претручувам, фрцкам само зашо тој шо е у кола мора да знастане. Епа не, сообраќајна кутура треба сите да имаат.
Пољекаааа тиии, нема толку решетки колку што има пациенти Абе седам вака и си мислам...тоа е тој ратоборен народ, стално спремен на борба против системот, јер му ја ограничува креативната слобода а.к. а ,, qr ми е, двор ми е,, а после ко ќе биде беља, Цацко е крив стално. Тоа е.
Ех, на место на напуштен објект може да се изгради затвор. Место ќе се најде, потешко е менталитетот да се смени.