Децава да си ги превоспитате. Се собираат во групи и си праат КУПЧЕ од ПЕТАРДИ, ги запалуваат во тунелчиња и бегаат. Жими се, да ме исплашеа, како што идев натаму имаше едно да фатам и да го истегнам за уши и да му удрам две, три воспитни. Да, знам дека е претерано. Ама нз веќе како да ги заштитиме децава и себе.
О неее.. После таков шок и страв, можеби и да ти пореметат слух, евентуално да те изгорат, па да не знаеш после што со себе, какви воспитни.. Идеш со арно со убаво му укажуваш: 'Детенце, не чини тоа, опасно е' Море мрш таму , да не треба додатно да трпиме трауматизирања од страна на невоспитана багра од дечишта
Не. Не го научиле, не стигнал до таа лекција. А вистината е дека и да го научиле, и да му збореле сите, тоа ако науми, никој не го слуша, од една влага, од друго излага. Ем шо им е јако како пука петардата, ем шо имаат порив у себе да видат како некој ќе го истрауматизираат, дали стар, млад, дете, животно. Пичка им матер. И не, немаат нишо психопатско у нив? И сите сме го правеле ова ко деца?
И зашто не викнете полиција крај крајова место да ги шамарате? Стварно се гледа некои луѓе си имаат поголеми проблеми со себе од што мислат. И уште еднаш ќе кажам, посебно место у пеколот за оние поводници за кучиња што се ко силиконски и безбојни. Јеботе не го ни видов де, ќе се потепав ко што одев. Ко..шо е поентата да не се гледа, освен небезбедност за другите?
Едвај ги чекам политичкиве амеби и ботој да релативизраат како е добро да имаме мигранти во нашава земја. Оти се шушка нешто ќе иделе од Британија во Македонија..
На смеа на шала, како се досега, мислам ќе пробиеме уште подлабоко од дното во кое се наоѓаме сега, па сега...
Ма ќе им купам уште 10 да испукаат па нека се осакатат, нека патат родителите после, зашто не ги воспитале со време.
Срам ми е да кажам дека како дете истово го правев со петардиве.. Имаше продавница блиску училиштето и човекот тајно ни продаваше петарди и фрлавме петарди од училница од прозор во школски двор и кога доаѓаш во школо требаше да пазиш некој на глава да не ти фрли.. Некои и во рака пукаа петарди не се осмелив на тоа јас.. Последната година кога престаневме толку грубо да ги користиме петардите беше поради што на едно дете му отиде цела рака и ден денес е без рака поради петарда.. Знаат децата колку се опасни ама сакаат да глумат пред другите деца храбри. Опасни се петардите особено деца кога ги користат! Дома колку и да не им дозволуваат, пак ќе купат петарди затоа што некој таму си собира пари од децата за да купуваат. Треба веднаш да се пријават ако се види дека користат.
Насилството е погрешно. А, ги видиш пријави во полиција. Или ако сакаш прво предупреди ги дека ќе викнеш доколку не престанат и почекај.