ууф сакам да кажам дека сум многу исплашена од земјотресиве денеска-Радовишко поле .. можеби затоа што отидов на гости ..до сега 4 прилично јаки земјотреси штом ме разбудија и она бучење како да грми многу
Пролетта одсекогаш ми била прекрасна. Цутовите на дрвјата ме потсетуваат на рожба. Раѓање на нови пријателства, нова љубов, нови авантури, нови случки. Друго... Мразам кога луѓето ми се мешаат во моите одлуки и социјален живот. Гледајте си во својот двор.
Зошто луѓето немаат храброст да се извинат кога тоа е најпотребно ? Кога знаат дека должат извинување ? А се смели да ја повторат грешката или да се преправаат дека ништо не се случило, колку да се заташка работата ? Зарем зборовите "Жал ми е" се толку тешки ? Или егото преовладува ? Гордоста ја има сета моќ ? Е па од мене таквите луѓе ни прошка не заслужуваат. Не сум злобна воопшто. Одамна се трудев да ја побијам таа моја омаздољубива мазохистичка природа, и еве сега конечно успеав да ја зауздам. Не вреди секогаш. Всушност никогаш не вреди. Го дешифрирав магичниот круг на кармата и се откажав од таквите намисли. Сега на злобните луѓе им посакувам само среќен живот далеку од мене. Нека плаќаат за сопствените грешки, со мене немаат начин а ни прилика да се раздолжат. Кај луѓето кај кои гордоста доминира пред совеста докажано е дека кармата делува автодеструктивно. Некогаш амбициозен млад човек кој незнеше кога е доста во животот, сега е стар ерген кој сеуште не си го нашол местото на светот. Безрезервно се предаде на алкохолот и секој ден се повеќе осознава колку себеси си напакостил во животот. И наместо да се поправи тој бара уште една шанса да се покаже како отпорен на емоции. На сопствените и на туѓите. Тој човек некогаш го сакав, но не и тој мене доволно. Сега не би му фрлила ни ситно да го сретнам заспан зад некој споменик во паркот. Толку многу ај донт гив а шит. Само го сакам подалеку од мене. Колку подалеку толку подобро . Ама начин за спас од ваквите наезди јас немам затоа што сум магнет за умноболни манијаци. Често посакувам да аплицираше за живот на Марс. Така двајцата ќе бевме мирни.
Пијам сокови со чуден вкус, јадам салата со многу чудни зеленчуци, голтам пилули полни витамини, се налевам со чаеви од црвени и зелени плодови, и јас пак сум болна, море за на бања сум стигната. Нема да биде срамота во Катланово да се оставам едно месец дена? Луѓе се распаѓам, имам грип, бронхит, цистит и досадната бактерија чие име не сакам ни да и го споменам, малку ли е аман веќе. Најново, ќе пијам јаболко варено со кромид, добро било за бронхитот. Виш ми лак жени мои. За четири дена поминав низ сито и решето, врзана за кревет, со температура, со гадење од секаков облик на храна, па дури и на тој на ТВ, сум го одбегнувала дури каналот за готвење Ќе се мрднам вишееее
Многу чудни луѓе сретнувам во мојот скромен живот,зашто некои луѓе гледаат буквално на све,како сум јас према него така е тој према мене,ова го викам плацебо ефект ,јас ниту гледам ниту ме интересира,не секогаш можеш да бидеш расположен,па пробај свати го може не му бил денот тогаш кога си му побарал услуга,а не а тој така ми направи тогаш е сега јас на него со исто ке му вратам,работава е нати го,дај ми го,значи такви прорачунати луѓе што гледаат на такви детали не ги можам ич,и пазете тие први ви се преставуваат како добронамерни пријатели,туку ајде нема врска Вито им опростува на сите,имам големо срце и душа,и еден совет за таквите немојте да бидете толку цепидлаки бре аман више,зарем секогаш треба човек да ви докажува колку ве цени и почитува.
Е значи ми се од луѓе што веќе една година живеат надвор од Македонија и веќе го заборавиле Македонскиот јазик Ми меша зборови ми превртува јазик за да изговори наш збор ,шо ти е ма ненормална ли си
Имаше околу 4 земјотреси, колку што осетив. Ептен се плашам и јас. Инаку СДК: Би сакала еден ден да бидам своја. Без лажни насмевки, без лажни ветувања, без лажење. Да бидам тоа што сум вистински. Т.е тоа што сум јас, само што не го покажувам тоа. Да се изјаснам, да покажам на светот што знам и што умеам.. Без притоа да се кријам, да се срамувам и да се плашам од неуспех. Еден ден да имам таква храброст, таква моќ. Би била среќна, би била најсреќна. А што мислите би било добро секогаш да кажуваме тоа што мислиме? Би било ли добро да го кажеме она првото што ни падне на ум? Зарем некој нема да биде повреден од тоа, сепак треба да се изброи до десет пред да се каже нешто или пред да се направи било каква одлука? Колку од нас би биле среќни а колку несреќни? Од што зависи среќата? Ако кажам тоа што мислам, јас би била среќна, тоа е добро за мене. Но, би повредила некој друг со мое мислење, па тој ќе биде несреќен, и повторно моја вина. Од што зависи сето тоа? Дали поради тоа сме такви какви што сме денес? Правиме лице, се криеме од непријатели а тие се до нас, со маска и се прават наши добри пријатели. Секојдневно сме сведоци на лицимерие, како хероин.. зависни сме. Ама нема утеха, нема спас за тоа. Такви сме ние луѓето. Ама сепак сме задоволни.
Времето го добивам бесплатно. Можам да го имам целото, но не наеднаш. Го имам, а знам дека го губам. Не можам да го поседувам, но можам да го искористам. Не можам да го чувам или контолирам, но можам да го потрошам. А потрошеното време, не можам да го вратам назад. Времето е злато, а златото е скапо. Можам да го дадам своето време во замена за злато, пари и моќ. Можам да го искористам за се што сакам, а можам и да го потрошам на глупости. Дали можам да го дадам своето злато, за да добијам малку време? А можам ли да го купам веќе искористеното време? Која е цената за да биде потворно мое? Времето е злато, а златото не е време. Единственото нешто кое нема цена. А неговата вредност е голема. За жал, часовникот одбројува, поминуваат минути, часови, денови... Минатото се зголемува, а иднината се намалува. Можностите исчезнуваат, мислите остануваат. Поглед кон минатото, голема планина од пропуштени шанси. Никогаш нема да го пронајдам изгубеното време...
ТОЈ И ТАА.. Тој и таа..толку различни,различни карактери,различни ставови,различни мислења.Тој беше целиот нејзин свет ,се што сакаше,се што посакуваше,она што ја тераше да продолжи понатаму кога се и изгледаше безнадежно.Беше спремна се да направи за него,да се понижи,па дури и да помине преку нејзината гордост.Тој знаеше дека таа беше спремна на се па затоа и си поигруваше со неа.А она наивна трчаше по него без разлика на се,што и да кажеше,што и да направеше,што и да ја навредеше таа сепак неможеше да се оддалечи од него,неможеше да се помири со помислата дека ќе остане без него,само тивко ќе се затвореше во соба и ќе заплачеше како никогаш до сега.Секој негов збор го кршеше нејзиното срце,а тој ладен како и секогаш се однесуваше како да му е сеедно.И кажуваше дека ја сака,дека неможе без неа,а нејзе тоа и беше доволно за повторно да стане онаа старата..наивна.Го сакаше со целото свое срце,но тој не го ценеше тоа.Мислеше дека што и да и направи таа ќе трча по него..Ххах па и точно мислеше,таа не беше подготвена да замине и покрај се.Чувствуваше страв дека ќе ја остави,дека ќе го изгуби засекогаш,затоа и секогаш се повлекуваше дури и кога беше во право.И правеше работи кои никоја не би ги простила..ја понижуваше,ја навредуваше па дури и се осмели да ја удри,но таа беше спремна да помине преку се бидејќи се надеваше дека некој ден и тој ќе ја сака како што таа го сака него.Дека еден ден ќе биде спремен на се само таа да остане со него,и покрај сета болка што ја трпеше,и покрај тоа што и го крешеше срцето секој ден одново и одново.Само едно нешто неможеше да сфати..зошто ако толку ја сакаше ја повредуваше со секоја негова постапка..?
Стигнав до фазата коа рандом тетки те застануваат на улица и те прашуваат, извини девојче - природна или фарбана ти е?! Ха, мислам, мислааааам, пати кучко од приватна 22-ка што ми рече не ми фатил колор шампонот.
Како да се изразам, а притоа да не звучам негагивно/хејтерски и сл? А не ми е тоа намерата, и не сум негативец по природа, воопшто. Не ми е јасно како не им е досадно на младиве секој ден, значи потенцирам секој ден, да висат по едни исти кафулиња??!?! Живеам во центарот на милото ни Скопје и опкружена сум со неколку кафичи. Не ми пречи галамата, автомобилите, музиката ( која всушност речиси и да ја нема), па дури ни моментот дека последните масички од кафичот се поставени пред влез,јасно ми е дека кафичите служат за дружба и социјализација, ама како не им е досадно од џенемија да доаѓаат секој ден, со цвикот на очи, во истиот кафич? Толку ли е интересно? Кафето ли е посебно? Сонцето подобро грее? Чек-инот не бил вчера доволно регистриран од фб популацијата? Ај ќе пронајдам одговор во некое од опцииве горе или слични на овие, ама она што апла не го разбирам е вишокот време. Млади луѓе ,+22 возраст наместо да се во потрага по нешто ново или работа, они секој ден се на исто место. Од 8 наутро кафичиве тријат раце, полноглавци колку сакаш. Да не излезам нешто часна сестра, моја нога во кафич на дневна шема не стапнува, ама далеку од тоа дека одам како порано. Едноставно возраста ти налага некои обврски и поинакви патеки во животот, и мора да се носиме со тоа. Едвај чекам да се вработам , да добијам поинакви и поодговорни обврски и да се чуствувам продуктивно,а и годините ми се тие. И да, досадно е секој ден по неколку кафиња, со истата екипа, истите места, тие па тие муабети..
Хормона до плафона Арно си пее Северина Денес сум добра, сите овчички ми се на број до кога незнам Искрено не би сакала да се најдам на местото на оние што морат да ме трпат секој ден со различно расположение Мајка ми џабе не ми вели: Незнам како да се однесувам спрема тебе, неможам да се прилагодувам повеќе , Мајче не бери гајле, неможам ни јас да се прилагодам.. ќе биде со тек на време... Дали периодов е луд, или јас Имам премногу слободно време и тоа ме нервира, еве времево се затоплува, морам да најдам некоја занимација или работа
Предупредувам од почеток,ако не сакате да читате негативен пост,скролнете ме,да не биде после не ви кажала Дрим. Чиста да сум,јас па сега. Не можам веќе,пукнав од сабајлето па цел ден,згора на тоа после и 3 теми за учење биологија имам,морам 4ката да поправам. А што убав ден,сакавме со другарка ми пак велосипеди да возиме и денеска повторно,но кога јас сакам нешто,тогаш нема,се ќе е против мене.Знам дека не сакате негативни постови,поготово од мене не,но овој пат ќе морам еден да напишам во чест на нервозата. Се убаво си станав,наспана,порано 20 минути од тоа што вообичаено станувам и си мислев ќе биде убав,нормален,сончев ден. Беше сончев и нормален ден,но убав не беше,нажалост. Имавме одделенски и некоја си тема другарство и вика за 3 девојчиња во класот мислам многу се повлечени и вика за мене,другарка ми и едно девојче имала такво мислење.Демек не сме се дружеле и јас се навредив со тоа,сакаше да каже дека сум недружељубива?!Не не сум таква,јас сум многу дружељубива личност,со тие што заслужуваат,но добро ајде... После историја испрашуваше и ме погоди баш на тоа што не го знаев,и си заработив еден убав минус. Ај да беше само тоа,добро ќе беше,после сум ја изгубила тетратката по биологија и сега немам од што да учам. Ах кога ќе тргне лошо,така и продолжува. А еве баш во моментов,ја голтнав мастиката,ау ама е љута,ме пече грлото. Да одам да си легнам подобро,очигледно не е мој ден. И немојте да кажете дека не сум ве предупредила,ова е пост полн со негативна енергија...
Некогаш многу сакам да бидам едноклеточно животно. Моите да ми го имаат средено животот до танчина, само дечко да си најдам, па да го направам вереник, па да си останам бремена, да си родам, па да одам по третмани да се стегнам и цел живот да се правам као демек работам во приватната фирма на моите. Па да дремам по кафиња со бебето и да глумам милф. А маж ми исто така од дома подкован квалитетно, он може и да не глуми, туку и да подработува по нешто стварно, некој мора да му ја мисли и за нашите деца. Алал живеачка, а ла парамециум! Некој ќе рече, еее завист. Извини, ама не е завист, ами чудење на немање поголем предизвик во животот. Неа логично и било дека животот така ќе и се движи, па толку да се држи до тоа? Па така, имаш повеќе опции во животот...а ти ја бираш најочигледната и најлесната... што можам да заклучам освен дека си мрзлива и глупа која се движи по линија на помал отпор? Имам такви другарки кои патат да имаат ваков живот, а за жал не можат. Си сонуваат да бидат дел од ваква приказна. Дур се во врска да се сликаат со својот дечко по атрактивни локации, со луи витон или мишел крос ташњи, гелни нокти и да глумат класа... Тажно. Мислам атрактивните локации се супер, ама да го живееш животот за себе, при тоа не бидувајќи сноб, гледајќи ја авантурата во жиеењето. Никој не сака да биде сиромашен и можеш да бидеш обезбеден за десет генерации, ама до толку да си глуп сноб и ништо да не правиш у животот???
СДК ... неочекувани патувања продолжуваат. И да не посакаш и да не си имал преголема желба, едноставно некои шанси ти се нудат со причина ... Мене од минатата година па сега и во оваа ми се отвараат шанси за истражување нови простори. Неочекувано но добре дојдено. Ту го он а трип ор нот?? Мислам дека ќе биде и ова една поинаква, богата и полна со нови искуства година.
По втор пат во кратко време водивме девојчиња во оние парковите со вртелешки/рингишпили. И овој пат поголеми девојчиња со нас, си сакаат децата да се качат на оние страшните, кога веќе се височки доволно, дозволено им е и смеат. Е, они смеат, ама ние одговорните за нив дали смееме? Една од водачите рече уф, јас нема шанси на такво чудо да се качам, страв од висина колете ме ама не ме терајте тоа само. Од другите три се договараме, бирајте си жени по една. Ги гледаме овие ненормални направии како вртат, спуштаат, качуваат, народ писка, и знаеш дека е чист страв додека не се симнат. Од кое зло од сите 3-4 пострашни да избереш? Ја гледам едната ужасија, како латинска У буква, ама превртена наопако. Ги качи до горе, и ги испушти (како да ги гравитацијата лови) до доле. Може паѓаат едно три секунди. На таа јас ќе ги водам! Барем, најкратка е, и не ги врти за 360 степена неколку пати, фрла лево десно, само еднаш ти остане стомакот закачен горе и толку. Е арно ама... додека чекавме на ред, дечките се радуваат, подмочнуват дури, јас си силам насмевка а нозете ми се сечат, ја стискам оградата до која стојам, ни иде редот и на нас. Некаде две тури пред нас, ги качи до горе, и наместо да ги пушти надоле главечки, се спушти на назад Се слуша од звучниците. Без паника, се е безбедно, останете во седиштата(на тие кои ги врати назад) едноставно е рамнотежа во прашање, буквално им кажаа вие на задните седишта сте предебели ама ај, овие будалите седат, не стануваат, пак ќе одат. -Дечки, уште сакате на оваа да се качите? Сакамееее! Ох муко моја, стој срце во градиве Како бабичкава на видеото, и јас повеќе на тоа чудо - НЕ! http://www.youtube.com/watch?v=9pZ44Ljy5mA
Ке се мрднам од умот.Поимнавме преубав викенд,ама сега се по старо.Кој ли ке издржи се ова? Сега ке заврши факултет и нека заврши што побрзо да се куртулам.Кој ли ке ги издржи овие денови? Наместо да сум среќна и да се гордеам што сум му девојка јас умирам.