Не сум јас Дедо Мраз. Ќе купиш на едно, две, тие ќе си заминат, ќе дојде друга уште поголема група. Јас каде што живеев, бројката на деца што пукаа беше огромна. Доаѓаа и од други населби. Ако не на цело Скопје да му купам чоколади. Т.е еве ти се нудиш, почни да даваш, може и другите некаков ќар ќе видат. Дете што е разбрано и воспитано, со збор и замолување ќе се разбере. Со инает, тешко.
Ќе им купам петарди и ќе речам фрлајте по сите само по мене не. Па не можам да им се лутам, затоа што реално како дете истото сум го правел. Еден комшија еднаш ми ја фрли топката, после купи кола нова истиот ден му ја изгребав со камен и ден декес ја нема поправено и ден денес не знае кој му го има направено тоа, му влегував во двор кога не е дома и му ги берев сите цвеќиња и правев букет на баба ми и кога дозна баба ми од кај ги берам ме караше. Рано си легнуваше човекот и ќе отидеше на втор спрат да спие и му ги земав влечките и му ги снесував на прв за бос да се симнува, и велеше дека кучиња имало му ги носеле влечките прашуваше дали и нашите ги носат. Доста ви е ова иако бев немирно дете многу немирно, денес воопшто не сум ист. Воопшто не е убаво тоа што сум го правел, ама на дете тоа му е интересно. И како да се лутам мене ако ми го прават истото.
Скоро имаше муабет за генерациите и ја читам и другана што е за девојче што одбива школо и гледам кој све коментира, а се кажале дека работат со деца. И стварно си викам, да, тешко на овие генерации со вакви невАспитани што ги учат.
Мене ми имаат фрлено буквално до мене порано, и секогаш имав страв ко дете од петарди, но никој тоа не го сфаќаше сериозно, смешно им беше вака. Ден денес имам фобија од ненадејни (макар и да не се силни) звуци. Ич не е смешно ко ќе имаш последици. Не знам како уште се наоѓаат на пазарот кај нас.
Не ме тепале никогаш и благодарен сум, немам трауми од детството кои што треба да ги надминам. Секогаш кога дознале дека сум правел бељи си добивав лекции дома ама не со ќотек со збор. Ќотекот не е решение и не треба да се применува како воспитна мерка. Ако сам не знаеш што да правиш со тоа дете и почнува да претерува постојат стручни лица денес кои што сигурно ќе помогнат. Родителите не сакаат стручна помош и тоа е проблем.. Исто е проблем и неодговорноста на полицијата како што кажа некој погоре, петардите се сериозен проблем за да не реагираат... Контроли за петарди треба да има и сериозно да се сфатат дека се опасни..
Не сфаќај ти во буквална смисла во зборот.-ќотек, да земат да тњ тепаат. Гарант и ти немаат повишено ни тон. Затоа си таков.
Со оглед дека си го тормозел комшијата, очигледно не доволно те воспитувале. Кај сум смеела јас постар човек да малтретирам. Да гребам нечива кола? Не се случило никогаш. Не е тоа пргаво дете како што го опишуваш, туку дете без страв од последици, авторитет и јасни граници. Не го пишувам ова дека треба некој ќотек да ти удри, ама има многу начини без дерење и ќотек, да те здоболи и никогаш да не ти текне.
Не те судам, но ми падна во очи ова. Не било во ред ова, без разлика шо си бил дете, шо ти била крива колата или останатото ако не ти се погодил комшијата? Дома требало да ти укажат дека не смееш да повредуваш и оштетуваш туѓи предмети како шо велиш дека со збор сте се разбирале а ако си имал проблем да си кажел дома, зошто ова е фактички одмазда, "око за око, заб за заб, бесата бес" која подоцна може да прерасни и во навика понатаму во животот, но викаш дека не си со истиот памет сега шо е добро за тебе. Колата не ти била ни најмалце крива. Некој работел и се мачел, одел трета смена да ја купи а друг да му ја оштети. Ферски е сега кога си свесен а ете се уште му е оштетена, да појдиш кај човекот и да му кажиш вака и вака тогаш ова се случи и сакам да ти ја направам колата, бев дете. А верувам ако била мала гребаница, нема да те кошта многу, но совеста ќе ти биде чиста и колата средена и односот со комшијата добар.
Не реков јас дека е убаво тоа што сум го правел... Јас знаев и тогаш дека не смеам, никогаш не ми ни паднало на памет колку се трудел за колата да ја купи, моите не ни знаат за тоа... Мене тогаш ми беше интересно тоа ми беше забавно, колку и да знаев дека не треба така.. Моите да дознаеле сигурно ќе му плателе, а јас ќе сум си добел лекција, за цвеќињата кога се дозна морав да се извинувам колку и да не сакав.. Да скинеш едно две ајде ама цел двор да му уништиш не океј... Дете ќе посегне по лошо дело и ќе го прави тоа додека дома не го решат тоа.. Се додека не се знаеше дека сум јас мене ми беше забавно да си се играм така и да си правам бељи.. Поентата ми беше да се дадам самиот за пример дека не е така и дека ако имаш проблем со немирно дете нема да го решиш ако почнеш да се закачаш со него бетер ќе си направиш зато што уште повеќе ќе сака и тоа бељи да прави, подобро е да го кажеш дома или да се обидеш да му покажеш убав чин да види дека не треба како него..
Па очигледно кај тебе не функционирале воспитните мерки па си играл мајтап од досада. Е сеа, после ај не првиот, али вториот пат, а па нарочито после гребењето кола да си добиел само една воспитна, да ти зујат ушите три дена, друг муабет ќе бил... Никој нема траума од васпитна коа требал да биде васпитан, не се акајте од земја.... Него да ги прашаме тие на кои си им пукал пеатрди врз глава, си им гребел нови коли, си им уништувал бавчи или што си ги ебел у психа со преместување лични предмети што трауми имаат...
Денес бевме на зимзоленд ,преку ден за на потопло со децава Сакам да прокоментирам за безбедноста... на детските реквизити :чукачките количина ,тоа едно со фламинга помалото во круг што врти и тоа со слоновите во круг што врти и нагоре што ги крева... никаков каиш,синџир, ремен ништо... од лизгалиштето вода се топи и каблите од останатите под вода... На тоа со слоновите се качивме и имаше пред нас две деца едното си стана 300 филмови си направив. На друго не се качивме не знам како е. Се грижи ли некој за безбедноста овде ?
Критиката која ти ја упатуваат луѓето е најчесто нивна исповест. Обично кога те критикуваат, не ги откриваат твоите недостатоци, туку си ги откриваат нивните недостатоци. Крадецот го критикува законот, неверникот вика дека нема верни луѓе, тие што се несигурни во себе ги критикуваат сите други дека бараат пажња итн. итн. Кога ќе сфатиш дека критиката упатена кон тебе е само огледало на тој што те критикува, ќе сфатиш дека не треба да ја земаш лично при срце. Нема да те критикуваат само ако не зборуваш никогаш, не правиш ништо, и не постоиш.