Јаооооооо, ова коа ќе го кажете значииииии ноу комент.. Абеееее, зашо еднаш не сфатите дека коа збориме за воспитни не мислиме на тоа млатење со каишот на татко ви? Кузнае вие кои сценарија ги имате у глава дека покољ по дома ни било И како да ви се објасни дека траумите не мора да се од тепање, за да некое дете било мирно и повлечено, или нешто му 'фали' според некои гниди? Најмалце ми било од 'воспитните' и најмалце сум имала страв од родителите ради некоја воспитна коа не сум била послушна. За среќа многу ретко беше ова. На кого се објаснувам јас, вие драма правите од благо повишен тон и плескање по газе И дајте више конечно да го разрешиме феноменот зашто у време во кое се повише нежно се воспитуваат децата, има толку многу лоши, невоспитани, агресивни, неблагодарни, па и несреќни деца? Нели се работи на себе, нели се едуцира постојано, се надоградува, се пази на тоа сè да биде во најдобар интерес за детето? При вакви перфектни услови, сите деца ангели би требало да се, и све лошо што им доаѓа на патот, со ваша помош да го одбиваат од себе.
А ние што го критикуваме светов дека оди у три лепе, сме три лепе или како? За другарка прашувам. Сдк, оди Европа полека но сигурно во 3 лепе. Замена на популација била теорија на заговор? Клечавци по плоштади на еднаш урбана Хрватска. Трансфер на мигранти во Македонија. Враќање на воен рок во пола Европа. За арно, за убаво.
За критикување на личности ми беше мене постот. А за Европа... Одамна е во 3 лепе, само сега почна тоа и да се гледа.
Некаде каде што не се разбира со збор, се разбира со шамар. Од тоа gentle parenting се случуваат глупости. Поарно детето да плаче додека е мало, отколку ти кога ќе е касно. Може ти си разбрал на 2,3 пат со лекции, но некои не разбираат. Ќотекот е од господ. Детето треба ти како родител да си го васпиташ, не да глумиш gentle parenting и после не бива ни со тоа ајде на стручно лице. Вака, не те осудувам (не кажувам за тебе лично) и да, поддржувам психолози, психијатри, но на тие стручни лица се носи дете ако не дај боже има доживеано траума некоја од надворешна или семејна средина, а не да го носиш зошто не можеш да го васпиташ дома.
Секој удар е насилство и влијае врз детето и неговиот развој. Потсвеста памети вечно и го тера детето да прави уште полошо како поголемо и како возрасен. Читајте книги, студии и трудови на современи стручни лица, не затуцани. И аман веќе, научете дека тоа што го критикувате е пасивно или пермисивно родителство. Не е нежно родителство. И апсолутно мора да се консултира стручно лице кога не се умее да се воспита детето правилно. За подоцно да не се чудите оти на ваши стари години живее далеку од вас, не ви се јавува и не ве посетува. Оти завршило во лошо друштво и лош/а брак/врска. Оти станало анксиозно и се тресе и на најнормален звук. Оти подлегнало на пороци. Оти завршило во затвор... СУМИРАНО: 1. „Лесното удирање“ не е воспитна мерка, туку форма на насилство Дури и најблагиот физички удар испраќа порака: „Кога си слаб или ќе погрешиш, заслужуваш болка.“ Децата не прават нијанси меѓу „лесен“ и „силен“ удар – телото и мозокот реагираат исто: со стрес, кортизол и чувство на страв. Тоа не учи, туку само гаси однесување од страв. 2. Детскиот мозок е чувствителен – потсвеста навистина памети Децата до околу 7 години најмногу учат преку емоции и телесни сензации. Кога возрасен ќе ги удри: телото регистрира закана, мозокот ја складира ситуацијата како опасност, потсвеста гради шаблон: „Луѓето што ме сакаат ме казнуваат физички.“ Овие шаблони подоцна излегуваат како: ниска самодоверба, проблем со граници, страв од авторитети, агресија или пасивност. Нема потреба детето да „се сеќава“ свесно – несвесните траги остануваат. 3. Удирањето не создава послушност, туку привремено замолчување Има огромна разлика помеѓу: дете кое разбира зошто нешто е погрешно, и дете кое се плаши да биде казнето. Второто ќе престане да прави проблем само кога гледа очи врз него. Кога нема надзор – прави исто, затоа што не научило зошто. Постојат поефективни методи кои не создаваат трауми Секој психолог ти кажува исто: Постои цел арсенал на дисциплински алатки – претходни договори, логички последици, рутина, емпатичен разговор – кои се далеку поефективни, без негативни последици по менталното здравје. 5. „Јас сум тепан и ништо ми фали“ не е аргумент Тоа е само доказ дека човекот е навикнат да ја нормализира болката од детството. Ако навистина „ништо не му фали“, зошто тогаш: има лутина, нетрпеливост, страв од приближување, потреба да оправдува насилство? Љубовта и стравот не можат да стојат во иста куќа – детето го знае тоа многу пред возрасните. 6. Удирањето прави штета – докажано, не е „мислење“ Сите релевантни институции (СЗО, АПА, УНИЦЕФ) се 100% усогласени: Физичкото казнување, вклучувајќи и лесно удирање, го зголемува ризикот од: анксиозност, депресија, агресија, проблеми во доверба.
Деца ги млатат у приватност, а пред други луѓе родителите глумат ангели, као демек никад немаат кренето рака на нив. Немате појма како им е дома на некои, има редовно што си добиваат воспитни, па пак се проблематични и праат еден куп срања. Пошо не е се до тепањето, а и не се до домашното воспитување, многу работи играат улога. За едни малишани од 4-5 години во градинка игра улога со кого се дружат и што праат таму, не само дома. Да не зборуваме за поголеми деца. Иначе, петардите легални се?
Не. @nextredstyle и јас генерално не сум за ќотек, ама за вакви случаи богами ќе го исплескам. Подобро оно нека плаче и нека се трауматизира 1 саат отколку ние по него цел живот. Ако не се разбира од збор, и да ми пука птарди кои може да го осакатат не дај боже , има да си поплаче малку од мој шамар а богами и ќе го седнам да гледа видеа што се последици од петарди. Онака без цензура.
Сериозна сум. Заеби вакви онакви деца. Значи некој нелегално продава петарди, уште полошо на малолетници. Зошто полиција не би го сфатиле тоа сериозно? Ете, пријавуваш деца дека користат, и треба да се третира како секој друг стандарден криминал.
Треба да се инсистира, ако е нелегално, нема сакам-нејќам пријава, законот мора да се почитува, значи полицијата свесно мижи и попречува работа.
Да преубаво е дете да се воспитува така што ќе му се набие страв, без разлика дали е со ќотек или збор. Еве цветаме сите што сме воспитувани со страв, најпаметни, најкултурни, најфини.. Не сум тепана еднаш само, ама начинот на кој сум воспитувана не би го применила на моето дете. Многу е убаво детето да се плаши и нема да се плаши само како дете цел живот ќе се плаши... Секој детал ќе го анализира да не згреши, најмала грешка ако направи 100 пати ќе се преиспитува зошто... Никогаш нема да по бара помош, затоа што ќе се плаши и ќе мисли дека на никој не му е гајле.. Еднаш за малку ќе побарав помош и тоа во 3-4 одд, ама се издадов дома дека ќе побарам и се заврши со закани, со навреди со дерење... Бонус : Уште па да знаете колку е убаво кога чудовишта доаѓаат дома да тропаат на врата, прозор затоа што не си било послушно дете тој ден и секоја вечер сонуваш како доаѓа и те носи... Толку е убаво да се воспитуваат вака децата што се расплакав дур го пишував ова. Требало детето страв да има, да сигурно...
Врска немаат луѓе што тоа не го доживеале, и што немаат деца за воспитување, тие се увек најгласни и знаат како треба најдобро.
Ако му кажете на детето дека забната вила ќе дојде да го земе изгубениот заб, тие ќе ти веруваат. Ако му кажете во декември ќе дојде Свети Никола. тие ќе ти веруваат. Ако му кажете дека на крајот од виножитото е богатство, тие ќе ти веруваат. Ако му кажеш дека е глупав и неспособен за ништо, тие ќе ти веруваат. Затоа кажи му и повторувај секој ден дека е паметен, сакан, храбар и способен и ќе ти верува. (Непознат автор) На муабетов,сеа ми излезе на фб. И да додадам ,за принеров што си го дала со еден куп луѓе се расправам и не знам колку ноќи поминав објаснувајќи и на ќерка ми дека не постојат вештерки,баба роги и полицајците треба да не чуваат и старо купујем не зима деца па дури до таму да и реков старо купујем се вика значи зима стари (баба и ја плашеше со него) а ти си дете не се вика дете купујем Па во градинка им се заканувале со крадец ајде уште една ноќ неспани Треба многу мислење ,јас ме велам дека нема некоја траума да и направам ,но барем да се трудам да ги нема истите трауми јас што ги имам Се преиспитувам многу ама и грешам сигурно негде ,нема родител кој не греши. Ама прекршување од ќотек не е решение на ништо.
Што е бе ова све насилници сме се собрале на темава.. Да не се злоупотребува идењето на психолог и психијатар. Убаво имаше пишано некој у нз која тема, на тој начин се намалува валидноста на одредени психички нарушувања. Замисли, имаш дома бесно, хистерично, разгалено, испуштено дете, ајт одма барај стручно лице да го среди, а ти уживај си, скролни на инста, допуши си ја цигарата.. Дете е непослушно, прави бељи, лупа, крши? Земи телефончето.. Е бравос бе, си го смирил @nextredstyle дете не моеш да го затвориш у стерилен бабл, да го изолираш од надворешните влијанија, и да е максимално заштитено од све. Ништо да не допира до него, за да не е некад повредено, анксиозно и слично. Невозможно е. Да, глеам еве, тепам, бесам, колам, се дрогирам, пијам, пушам @GirlLove да те поздравам, ја и ти само критикуваме цццц До комбинацијата на хороскопските знаци е, не сме криви Знаеш, искреноста и реалноста не се ценат, пошо повредуваaт. Ама зашо да не смееме да си кажеме не разбирам? Дали знаете вие дека можеби коа баш немаш деца, и си тотално непристрасен, некад боље знаеш да ја согледаш ситуацијата? Пристрасноста во многу случаеви се докажала ко отежнителна околност.
Не мислев за тебе конкретно @Mrs. right, ама стварно е мн мн поразлично кога ќе доживееш некои работи на своја кожа, и кога имаш свои деца да воспитуваш. Ништо немам лично против тебе, знаеш и сама, ама перспективата ти се мења кога имаш деца, верувај.
Seriozni ste deka vi e ok po nekoja vospitna da mu udrite na dete ako e nemirno ? Ne ne e ok so po nekoj samar da go vospituvate deteto toa sto vie kje mu udrite samar kako najlesno da go smirite i vnesete strav namesto da sednete da zborite so nego da mu objasnite ubavo sto ne cini utre on kje go primeni mozebi i kon drug kje misli taka treba so samari dete ne se vospituva
Како е правилно да се воспита дете е тема на која никогаш нема да се најде НЗС. "Остави го детето да биде дете и да си игра, кога ќе направи белја, ќе научи дека не треба да прави така" "Поставувај граници, не смее да прави што сака" "Не смееш да бидеш премногу строг, ќе се плаши од тебе" "Не смееш да бидеш ниту многу лабав, треба да се знае кој е родител, а кој дете" "Не смееш да го тепаш, ќе се трауматизира, ќе стане и тоа насилно" "Не смееш да му попушташ многу, ќе го разгалиш" Нека им е со среќа и со лесно на сите родители, толку.