Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Греота е и што социјално земаат работоспособни луѓе, затоа што ги мрзи да работат. Пример тие што можат да работат треба да им најдат работа а не да им даваат социјално и така ќе има и за тие што навистина им треба поголема социјалка.
     
    На Alm., SummerGirl, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  2. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    3.311
    Пол:
    Женски
    Од тие таквите си патиме ние. Средуваат работи преку роднини да зимаат социјално и остануваат паразити на државата.

    Исто така сум против оние кои се работат на патерините.
    На пример на тие места треба да ги вработуваат луѓето со инвалидитети да се чувствуваат продуктивни, а не да се вработуваат легачи кои едвај ги собира во кабината.
     
    На Zoki-Poki802, SummerGirl, Just_a_kid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    2.877
    Пол:
    Женски
    Таму ни децата не плачат, културно и фино си се движат....апсолутно досадно :D
     
    На Најубаф на свет и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.192
    Пол:
    Машки
    СДК... ова не е реклама за сокови,..
    ова се само дечки од маало, али Old school.

     
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    5.943
    Ги гледав дебатите со Dr. Mike на Jubilee. Сѐ што ми треба во животот е бескрајното трпение на Dr. Mike и бескрајната самодоверба на толку делулу, несамосвесни луѓе.
     
    На Alm., nextredstyle, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.841
    Допаѓања:
    182.858
    Пол:
    Женски
    ‼️Ова не е наменето да биди пресериозно и буквално мислење. Не е наменето да биди смешно, туку глупа тема е водилка за то шо сакам да го кажам.

    Од таму, сакам да зборам за нешто шо излезе на Интернет (моето хоби, да зборам за работи шо се случиле на Интернет) и велеше дека сите мачки се женски, а сите кучиња се машки. Од таму жените се мачки, мажите се кучиња. :D И са мислам дека видовте зошто реков дека ова не е сериозно мислење. :D Ама јас сакам да зборам за граници и поставување и преминување на поставени граници низ призма на ова тема. Сакам да зборам за нешто важно, со тема шо е доста несериозна.

    Барем во tumblr ерата, многу беше популарно делење на човек кој е мачка, или човек кој е куче. И што значеше тоа? Беше еден вид тест за личноста. Дали си интровертен или екстровертен. Дали знаеш да покажиш љубов, или си така малку резервиран. Дали си многу пријателски настроен, или така малку ладен. Дали оставаш да ти погазат границите само за да задржиме некој покрај себе, или поставуваме граници? И со тек на време во неформалната комуникација ова премина во кучиња-мажи и мачки-жени. Исто сега можиш да сретниш лабрадор пријател и црна мачка пријател. Уствари првото го „посвој“ второто социјално.

    Од таму кучиња-мажи се заштитнички настроени, полни со љубов, па дури и слепа љубов, хиперактивни, мили, но во исто време се и смели, агресивни, доминантни и пред се, екстровертни. Тука исто се развива и ''golden retriver boyfriend'' што треба да претставува тип на партнер кој е опседнат со партнерката и само скока околу неа. Многу добро се гледа во ликот на Mr. Peanutbutter во Bojack Horseman (буквално е златен ретривер, ама ги поседува сите карактеристики на тој тип на „дечко“). Од друга страна имаме мачка-жена која е самостојна, индивидуалистички настроена, резервирана и ладна, поставува граници и е како забрането овошје, полна елеганција, и да, таа е интровертна. За жена-мачка има мал милион примери како е прикажана така, низ призма на ''cool girl trope'', онаа недостижната, онаа која треба да ја молиме за вниманието и е „плен“. И ова е толку застапено (во филмови, серии, вести, други медиуми) што со тек на време почнавме да асоцираме дека мажите се тие кучиња, како златен ретривер, кои мора да бидат over the top, а жените се тие тивките, тие повлечените и чие внимание е скапоцено ако го добиеш. Тука си имав запишано дека уствари клучниот збор со кој се асоцира жена-мачка е femme fatale. Мој предлог е да видите врската меѓу Mr. Peanutbutter и Diane за некоја куче-мачка споредба и врска.

    Која е важната порака на ваквата поделба?
    Користењето на граници или недостаток на граници.Како што растиме учиме да ставаме граници и да учиме шо сакаме,а шо не,да велиме „не“и да се тргаме од ситуации кои не ни се пријатни.Многу луѓе кои не знат да поставуваат здрави граници и се умрежуваат,не можат да разберат потреба за индивидуализам (кај партнер) и самостојност, се мора да е заедно и се мора да е „големо“. И низ „куче“или низ „мачка“ сакам да зборам за кои граници се социјално одредени дека ние треба да ги имаме базирани на нашиот пол.

    Какви можи да бидат границите?
    - Слабо диференцирани/ умрежени
    - Здрави
    - Ригидни
    И имаме неколку категории на граници: физички, емоционални, интелектуални, сексуални, брачни и временски. И сите три имаат нахнадна поделба на слабо диференцирани, здрави и ригидни. Ваквите граници прво ги учиме во семејството и како то семејство се „држи“, и често е условено од општествените очекувања за полот кој го имаме. Пример, поверојатно е мајка да е умрежена со своите деца и да влегува во личен простор, додека татко е поверојатно да биди благо отсутен и дистанциран. Пак, ова не е правило, туку некое очекување и процент кој можи да се набљудува како поголем.

    Физички граници се однесуваат на то како и колку сакаме некој да биди во нашиот физички простор, и колку сме осетливи на допир. Човек кој има слабо диференцирани граници (асоцирани со: куче) дозволува да биди допиран и кога не сака, и допира кога другата страна не сака. Тука можи да се слушни некој кој вели дека „љубовен јазик“ му е да допира, не земајќи во предвид дали другата страна го сака то, или едноставно му смета. Многу често можи да се види реторики на некои over the top партнери кои се целосно „врз“ својот партнер иако то можи на пратнерот да е непријатено. Од таму одиме кон здрави граници и тука имаме здраво ниво на допир и почитување на граници доколку за некој нештото е непријатно. И последните се ригидни граници (асоцирани со: мачка) каде личноста воопшто не дозволува и не иницира допири или било каква физичка блискост.

    Емоционалните граници се однесуваат на чувствата. Повторно, човек кој е со слабо диференцирани граници (асоцирани со: куче) има поголема веројатност да прави oversharing на своите чувства и мисли, и поверојатно е да си дозволува да „трпи“ кога некој го искористува емоционално. Здравите границите ни укажуваат на можност да споделуваме и да се поврзуваме со луѓе на начин кој е точен за нас без да има терет за било која страна. И Пак одиме кон ригидните граници (асоцирани со: мачка) каде има целосно дистанцирање, воопшто не споделување емоции и мисли и неможност да се покажи присутност за некој кој ни е близок.

    Интелектуални граници се однесуваат на мислите и идеите. Човек кој е со слабо диференцирани граници (асоцирани со: куче) многу почесто бараат туѓо мислење и се потпираат на тоа туѓо мислење и го прифаќаат. Здравите граници се однесуваат на то дека смејме да не се согласиме со мислење, можност да искажиме свое, но да имаме почит кон туѓите гледишта. И ригидните граници (асоцирани со: мачка) се однесуваат на личност која инсистира дека секогаш е во право и никогаш не можи да земи во предвид туѓи мислења.

    Сексуални граници се однесуваат на тоа како и со кој одбираме сексуално да општиме. Слабо дифренцирани граници (асоцирани со: куче) укажува на преголема леснотија во сексуална активност, како некоја „втора природа“, дури и некогаш ако не го сака тоа или ако смета дека нема друга опција па „мора“. Здрави граници тука би биле каде ги почитуваме своите сексуални нагони, ги удоволуваме онолку колку шо сакаме, со преференци какви што имаме и со поставени граници/ лимити за партнерот. И ригитната (асоцирана со: мачка) ни укажува на целосно исклучување на сексуални желби и нешто шо никако не се совпаѓа со нашиот морален компас иако можеби имаме таков нагон.

    Материјални граници се однесуваат на то како ги трошиме парите и како се однесуваме со то што поседуваме. Слабо диференцирани граници (асоцирани со: куче) ни покажува човек кој импулсивно троши, исто така троши многу повеќе од што добива. Додека здрави граници би било да можиме да заштедиме, да не креираме ко-зависност од друг човек за да можиме да имаме „нормален“ живот, и во едно да можиме да бидиме и дарежливи доколку сакаме, се во граници на некоја нормала и баланс. И пак ригидните граници (асоцирани со: мачка) е спротивното од слабо диференцираните - премноу скржави и заштитнички настроени кон тоа што поседуваат.

    Временски граници се однесуваат на то како одбираме да го врвиме нашето време. Слабо диференцирани граници (асоцирани со: куче) ни укажуваат на човек кој троши време на работи кои не вредат и често дозволуваат друг да го диктира твоето време. Здрави граници би биле да посветиме доволно време за нешто шо е важно, било за нас или за некој друг, но не претерано или воопшто. Шо не носи до ригидните граници (асоцирани со: мачка) каде едноставно не постои флексибилност и спонтаност во поглед време.

    Како да поставиме граници со некој?
    Поставување на граници знај да е непријатно, но да се биди во било кој екстрем е штетно пред се за нас. Дали премногу дозволуваме на луѓето, или не дозволуваме воопшто - е есктрем кој на крај на ден се одразува на нас: дали ќе се осеќаме престимулирано и искористено, па дури и несвесно да искористиме некој, или пак да се дистанцираме и да бидиме осамени. Да можиме да поставиме граници е најздравото нешто кое можиме да го развиеме како вештина.

    Прво прашај се: „Што прави да се осеќам под стрес, непријатно, непочитувано?“. Разбирање на нашите чувства е прв чекор да се попрај нешто. Ова прашање уствари не е само за поставување граници, можи постојано да си го прашувате. Се осеќам тажно - шо е то шо прај да се осеќам вака? Се осеќам под стрес - шо е то шо прај да се осеќам вака? Се осеќам непријатно - шо е то шо прај да се осеќам вака? За секоја една емоција која можиме да ја идентификуваме во себе, и прај да се чувстуваме лошо - застани и прашај се зошто.

    Ама кога се работи за поставување граници, имате особа пред себе на која поставувате граници. Кажете како вие се чувстувате. Користете го „ЈАС“ како почеток на реченицата, и ставете акцент на тоа. Пример: „ЈАС денес се осеќам престимулирано и ЈАС немам време за себе. МЕНЕ ми треба малку време да одморам и ЈАС сега ќе се повлечам во соба.“ И важно е да бидиш постојан, не отстапувај од границата која ја поставуваш само зошто има отпор (а, доколку си умрежен сигурно ќе има). Повторување на границите и држење до нив покажува сериозност и колку та граница е важна за тебе. Од таму, секогаш ќе има некаков притисок за изместување на таа граница. Сега јас зборам малку од аспект на „црна мачка“, ама кога сакам да поместам граница од умрежена кон здрава - прво туркам до некоја нереално ригидна граница. Зошто? За да имам простор за „преговарање“. Ти бараш А, јас нудам В. Па ќе се најдиме во средина на Б, шо уствари е она кое мене ми одговараше од старт.

    Ама некогаш и то нема да функционира. Во ред е тогаш построго да се држиш до то шо сакаш, дури и да вклучиш некакви „последици“. И не мора тие последици да бидат нешто драматично, пример: „Ако продолжиш да ми влегуваш во физичкиот простор - ќе заминам зошто не е во ред некој да ме допира без да сакам“ или „Ако продолжиш да ми викаш - ќе се тргнам додека не си спремен да зборуваме смирено“ итн.

    Ставање граници е важно зошто не учи прво како ние самите да се сакаме, и кога самите се сакаме покажува на другите како точно да не сакаат. Голем плус што ни штити ментално и емоционално здравје, ни ја крева почитта кон себе и ни дава слобода во врските. На крај на ден, ние не сме ни мачки, ни кучиња. Туку сме луѓе. И зато е важно да знајме да поставуваме здрави граници кои ни се во корист и нам, и на тие околу нас. Дали е тешко? Апсолутно. Ама е страшно неопходно.

    upload_2025-12-12_8-47-12.png
     
    На MeowMeow, Annath, TammiB5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    38.080
    Пол:
    Женски
    Thank you for making this TED talk.
     
    На Mumoftwo30 и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    16.204
    Пол:
    Женски
    Само твој пост и ако е долг, можам да го прочитам до крај. :rofl::?:(y)
     
    На Peperutce6, Petar Pan 085 и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.841
    Допаѓања:
    182.858
    Пол:
    Женски
    И то за мачки и пси, глупости. :D :hug:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Petar Pan 085

    Petar Pan 085 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2023
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Машки
    И на Грујо:D
     
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    16.204
    Пол:
    Женски
    Ма јок бре, само демонка доаѓа во предвид. 8)
     
    На Petar Pan 085 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.219
    Допаѓања:
    26.552
    Пол:
    Женски
    Низ историјава луѓето смислувале болни психопатски методи за мачење и казнување меѓу кои палење живи луѓе, тегнење екстремитети, распнување на крст, каменување, оставале луѓе буквално да ги јадат инсекти и стаорци, сечење глава на гилотина. И сево ова многу пати се одвивало и јавно, пред стотици луѓе кои славеле што виновникот бил казнет.
    И низ истава историја знаеме колку војни се имаат десено. И да не зборам колку било нормално малолетни девојчиња да се мажат за стари говеда.
    И денес не е оправена 100% ситуацијата со војни ама пак живееме во даааалеку помирен период на поцивилизиран начин во последниве неколку века.
    Али на сево ова, ќе дојде некој ќе ти каже дека порано луѓето биле поздрави, понормални, повеќе се дружеле и комуницирале, психички биле здрави, немало деца со аутизам, денес со телефоните сите сме биле отуѓени едни од други.
    Јас стварно се прашувам, што треба да имаш во главата за да ги смислиш сите тие методи на мачење и лагано да си грицкаш пуканки дур некој умира пред твои очи на таков суров начин и не знам како тоа на некој му изгледа понормално од денешните времиња.
     
    Последна измена: 12 декември 2025
    На Cycloastra, FriendOfDorothy, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.187
    Допаѓања:
    43.830
    Пол:
    Женски
    Реално, јас би станала да се степам малку :D
     
    На pdb123, Gosh, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки
    а можеби историјата е напишана во поново време од токму тие што се обидуваат да не владеат. Eдна влада цел свет и се обидуваат да направат депопулизација на населението, а најдобар начин е да се мразиме себе си да ни прикажат лажна слика како сакаат тие ние да мислиме дека некогаш се живеело, пошто реално никој од нас не ги прочитал вистинските записи на историчарите, туку нивни преводи, па преводи на преводи, па преводи на преводи, а во денешно време никој не ги чита тие книги туку учат од книга историја која ни ја даваат на училиште претходно одобрена од истите тие кои не владеат без наше истражување без доаѓање до сознанија туку ако таму пишува дека е така, тогаш така е. Доколку мислиш поинаку како историчар те исклучуваат од нивните кругови на влијание. Секогаш нивните преводи започнуваат со "најверојатно, се претпоставува, најверојатно, на ова или она". А вистината можеби е далеку од тоа што ни ја прикажуваат.

    Но, за да бидеш задоволна со тоа што го имаш сега си велиш, а ете порано ова правеле она правеле сигурно е така, иако војните што се воделе се воделе од страна на владетели кои биле роднини и во секоја прилика се гледале еден со друг на нивните забави и балови додека нивниот народ се убивал меѓу нив. Само што тој не бил нивен народ туку тие се чуствуале како божества над нив, та и сега е така.

    Се додека постојат такви владетели кои што седат во канцеларија и прават војни од безбедно, а во исто време се среќаваат со тие владетели против кои што војуваат на средба со кафе и благо ќе има војни, пошто ним не им гајле за луѓето туку за нивните лични интереси.
     
    Последна измена: 12 декември 2025
    На Малечка Малинка и Adidas888 им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.219
    Допаѓања:
    26.552
    Пол:
    Женски
    Користи малку повеќе точка и запирка.
    Фала многу, пријатно.
     
  16. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки
    Толку? Имаше доволно запирки и точки. Пропуштив неколку се вратив поправив. А настрана начинот на пишување нешто да дополниш на темата? Или немаш?
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.219
    Допаѓања:
    26.552
    Пол:
    Женски
    Не постои ни една историска личност што била јавно обезглавена?
    И сите живееле цивилизирано?
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.573
    Допаѓања:
    199.543
    Манчи, јас од историја можда имам бегано, ама да ми кажеш дека е нормално две деца да се дружат, па и двајца возрасни нека се, седнати еден покрај друг и цело време зјапаат во телефон- нормално не е.
    А пота парти е очигледен доказ дека креативноста на болниот ум е вонвременска категорија.
    Сдк мешаш жаби и јаболка.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.219
    Допаѓања:
    26.552
    Пол:
    Женски
    Далеку поненормално е восхит на време кај што убивале луѓе од шала.
    Билјарке ми го сфати пишаното или не?
    Шо ти е поентата, демек и сега не е поарно?

    Некогаш мачење, убивање и силување биле скрос нормални, а седење со телефони не е таков тип на "зло".
     
    Последна измена: 12 декември 2025
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.706
    Допаѓања:
    23.951
    Пол:
    Машки
    Билјарката изгледа е многу постара, па е поприврзана кон природата и социјализирана личност, читале весник и оговарале на сред чешма. Е сега секој дома си седи и на мобилен си чита.

    Јас пак би избрал ова време, подостапни и побрзи информации имам отколку порано. Па да не зборувам за слободата сега што ја имаме, а не ја цениме на некој начин. :)
     
    На Adidas888 и Aleks.mar им се допаѓа ова.