Life hack за престојните слави и имендени кога ќе почнат да досадуваат со Кога ќе се жениш?мажиш? Кога дечиња? Кога ќе напрајш 2 милиони евра? Се фарбате розови во косата, му кажувате дека се идентификувате како furry геј лисица, и ги подржувате политиките на либералите. Инстант тишина и душевен мир
Зашто сите постари лица ги нарекувате бумери? Ова ко да стана синоним за "старчишта", не само за затуцаните, ама и за тоа да вие полесно се чувствувате за младички, нели? Гарантирам дека многу од вас не ни знаат кои биле бумерите. Бумер може да е миленијалецот за џен зи, а џен зи е бумер според алфа генерациите? За среќа уште ме викаат дадичка, и родителите, и малишаните од претшколска и школска возраст, а така и ќе остане и во наредните 10+ години
Велес никогаш не бил поукрасен. „Вината“ за ова лежи кај Данела и кај градоначалникот на Крива Паланка. Крива Паланка на сите портали беше прикажана како најукрасен град, граѓанството беше воодушевено, додека во исто време Данела ставаше некакви кичозни елки кои завршија и на светски портали - за мајтап, нормално. Едни се жалеа на Данела, а други воздивнуваа по кривопаланечката бајка. Неколку градоначалници, меѓу кои и нашиот, од тогаш добија идеја дека ова е топ пр, па конечно и кај нас, по селава, заблескаа ѕвезди, елки и сијалички. Пред тоа глумеа хуманитарци и пласираа некакви флоскули у стилот: „Средствата за китењето ќе ги дадеме у хуманитарни цели“. Ами одвои од нешто друго де, малку патни трошкови лапате и пари перете, не мора овој период да дишам само смог у темнина, сакам еуфорија, смог со светилки, елки и тракатанци. Значи Фиромецот само од инат може да почне да прави нешто, инат кон другиот.Фала Дани.
Бумер не е врзано со возраста туку со mindset-от кога се користи како шо опиша. Пошто реално бејби бумери е генерацијата пред нашите родители (родени '46-'64). И то "okay boomer" беше "тренд" во "војната" на миленијалс со генерацијата со која имаа најголем генерациски јаз - бумерите. Многу и од генерацијата после бумерите (генерација Х; ова би бил еквивалентот на миленијалс со џен з или џен з со џен алфа - миленијалс VS генерација алфа е еквивалентот) беа во иста категорија со бумерите ради тој мајндсет кој го носеа тие генерации. Само шо "okay X" звучи ко да даваш идеја на Илон Маск за како да го преименува Твитер, место да е еквивалент на: "Okay boomer" се користеше цела декада од 2009 до 2019, и последната година стана вирално и после "изумре" трендот. Како и со сите вирални работи. Лично, многу ретко гледам да се користи и кога се користи секогаш е во овај контекст за "напад" на мајндсетот на соговорникот, а не на вистинската возраст. - секогаш ваша верна датотека за онлајн трендови, theowndemon
Сега знам дека ништо не знам Овие називите на генерации милион пати да ми ги објасни некој пак нема да ги сфатам
@theowndemon сфаќам дека за мајндсетот се мисли, затоа и реков затуцаните, ама и дел од тие кои го користат називов за да го критикуваат тој затуцан мајндсет, се сметаат самите за драстично помлади, свежи, иновативни, прогресивни од првиве, а уствари не се.
Ко ќе нешто прерасни во тренд ја губи иницијалната причина зошто се користело, и зошто дојде до то. Зато "секој" користи како мисли соодветно.
Околинава на Скопје има преубава природа али нема ништо испод 50 евра од вечер по такви места, веројатно пошто рачунаат дека само странски туристи ќе им идат, за обичните смртници не е. Па така ако сакаш на еден ден да останеш негде, поевтино ти е до Грција за викенд него негде у близина за вечер.
Се надевам дека никогаш нема да им текне да стават некој глуп апдејт на спотифај кај што ќе можеш да гледаш кој и колку пати ти го отвара профилот зашто ќе треба да исчезнам од лицето на земјата.
Тие што викаат дека пребрзо им поминува декември, не се грижете, јануари ќе надохнади со своите 500 дена. Јас со душа чекам да помини проклетово ладно, две греалки си пуштив и под ќебе едвај се стоплив мме. Какво cozy, какви бакрачи, дајте пролет.
и јас порано размислував така, боље ќе сум негде надвор од мк него тука тие пари блабла. Ама како што кажа, имам многу убави места, за мене и хотели убави, спа центри. Уз пат можеш и природа да разгледаш и тоа за 5-6000за пар што реално треба да гледаш и условите а не дека е во мк. Така ми остана повеќе од пола мк невидена, затоа веќе немам таков мајндсет
СДК: Јас кога ќе изгледам некој филм, па се затрескам во актерот, па му ги изгледам сите филмови, дури и оние најпочетните што ги гледала само мајка му дома, па дио мио And thennn, ќе отворам Википедија и кога ќе видам дека сега или има 80 години или преку 20 години е во брак, значии Бидејќи инаку имав шанса нели Дека мојата животна филозофија е како Лојд во "Dumb & Dumber", кога Мери му кажа дека невозможно е тие двајцата да се заедно и шансите му се една во милион, а тој Е само ми шишки вакви фалат. Или што би рекол тој еден: "I shoot my shots at celebrities too, ain't nobody out of my reach"
Стигнав до момент каде што само сакам да исклучам секаков дигитален уред, да заминам во Далмација, во тие малите градчиња на островите, да си купам ваква барка и да кулирам на море во тотална изолација. Спојлер