Јао Феминки, па шта је ово? Јас избегав од Кајгана, а сега ја имам во небаре иста, само порозова верзија Kidding, kidding, баш ме изненади и не баш толку новава озогласена платформа која ја добивме по скоро две години празни ветувања. Толку ме изненади што пишав нешто по повеќе од шест месеци Pop the champagne!
Жими се’ ќе кажев нешто паметно сега ама ме збуни новиов изглед и заборавив што сакав да кажам. Како и да е,денеска не сум лабава како обично,туку баш напротив,стегната сум ко мускул на Лазар Ангелов,и ко натрапникот после седум дена запек Главава ми чури. На пракса си изгубив едно од омилените прстенчиња,а богами си ја изгубив и позитивноста. And it's not even PMS! Официјално си го срушив дури и сопствениот рекорд за брукање, и денеска се избрукав дури седум пати. Се осеќам ко статус од 2009 на кој сите му се смеат. А е напишан со толку сериозни намери Туку,мајка ми ослабела 20 и кусур кила Од 96 на 71. Конечно ја натерав да се качи на својот наголем душман (вагата де ) после година трудење и диети,и сега цел ден ја гледам како се фрцка пред огледало и си го вовлекува малечкото стомаче кое што и останало,и морам да се согласам дека прекрасно изгледа. Уште 5 килца и фалат да си изедначи килажа со висина,па сега уште построго ќе запне Ма да,нема потреба. Најважно е што сега здравјето конечно и е во најдобар ред.
Здраво и од мене.. Сте сретнале луѓе кои обожаваат да се фалат каде се биле, по кои држави и какви хотели и ресторани, а немаат основна култура на маса ? Во последно време само со такви сум запознаена. Ако ги гледаш како јадат, ќе ти се одјади во ист момент, а ќе ти кажува глупости !!! Некои џабе имаат пари и се изнашетале. Не е важно кај биле и со кого биле, туку какви биле. Културата или ја имаш или не. Без разлика на парите и изнашетаноста.
Оддеднаш добив желба за одмазда. Секој кој мене ми грешел, да му вратам во иста мера, ако не и поголема. Значи, вистинска другарка на кармата сум станала. Но, ми се допаѓа ова чувство. Нема страв, ниту сомнеж дека не сакам да го сторам тоа. Сите кои некогаш имале цел јас да паднам, ќе сторам се` да паднат пониско од што се. Знам, во последно време сум вистински ѓавол. Но, околностите наведуваат на тоа. фејк смајли
Дури сега ја видов новава платформа, ми се бендисува дури се навикнам ќе ми треба време иии како ви се бендисува вас ?
Можи ќе звучи клише.Ама се израдував како дете кога ќе види сладодел,кога видов дека повторно е пуштен форумов. Некако се навикнав на старата платформа,па сега малце се чувствувам како да сум на туѓ форум. Како да не припаѓам овде,како во друга земја ... Премногу натрупани и збиени работи,мислам дека очиве шашма ми се направија. Ама ајде за се има навика. пс:мислам дека изгледав премногу смешно како на секој пола час проверував дали е пуштен форумовно гледам не сум била единствена.
Поздрав до сите што пишуваат во темата "Дали сум бремена" и се прашувам што ви е потешко, да одолеете на еден хамбургер или на еден секс без кондом
Дојдов само да кажам браво за новава долгоочекувана платформа! Идам да учам, а кога ќе завршам со полагања се приклучувам во шемата Уживајте!
Ајде нека ни е честито новото руво! Да ни се нижат убави мислења, коментари, дискусии... A mi me gusta новиот look на форумов mucho mucho! Топ ми дојде новинкава, таман сега како што планирав да спремам toefl , ќе имам уште поголема желба да го истражувам... Со љубов, ваша М
Иронија, сарказам, гнев, гледање сеир ... негативни нешта што никого не однеле далеку во животот. Прошка, љубов, разбирање, со нив најдобро човек ќе се одмазди, токму тие ве издигнуваат вас а ги засрамуваат другите.
Новава платформа ми е онака баш кул. Денес случајно се уклучив после скоро 4 месеци и што да видам Прекраснотии. Ми дојде како знак дека треба малце повеќе да се активирам низ страициве. А искрено и ми треба некој медиум ужасно многу за да си ги исфрлам мисливе што ми лумпуваат низ мозоков, а кога веќе сум ужасно лоша во водење дневник и запишување белешки, a уште по неодговорна и нередовна за блог, хеј, зошто да не!
СДК ... Не очекував, не ни мислев дека животов ќе ми носи толку многу нови лица, уникатни сами по себе. Има една изрека - Само ретките се пронаоѓаат со ретки. И вистина е. Интересни комуникации, поинакви нивоа на разбирање, повисоки стилови и сл. Без предрасуди влегувам во комуникација и пријателски односи, а и во другите "води". Убави појави на личности, комплетни, позитивни, опуштени и несекојдневни ... Она што отсекогаш но посебно последниве две години привлекувам кон себе. Нарциосидно можеби но ... и јас се чувствувам несекојдневна. Најубавиот комплимент ко вој последно време го добивам е: Ти си се, само обична не.
Ајде здраво на сите После долго следење и прелистување на форумов, одлучив да се зачленам (веројатно новава платформа влијаеше конечно да се одлучам). Се надевам ќе има убава дружба.
Решаваш задача на колоквиум 3 саати за на крај да видиш дека си утнал бројка на почетокот и онака,фино,комотно си поседуваш уште 2 саати. Епа мислам дека бројки ќе сонувам А целата работа е што тие задачи се за во Excel, а ние ги решаваме писмено,ко последни будали. Инаку истата професорка што го предава предметот ни тупеше како се согласува за екстерното,дека она секако не поклонува оцени.Па не поклонува,ама ние треба да учиме,жено црна,не ти Досадна сум со жалење од факултет,ама стварно образованието ни е дно дна... .................................................................... Да не биде се црно,сакам да кажам и дека сум многу среќна што имам најпрекрасниот човек до мене,да ме слуша кога имам вакви испади и жалби како погоре,да ме изненадува со кафе и рози уште рано насабајле,да ме испрашува и да ме спрема за полагање,иако и двајцата полагаме исто И не мислев дека ќе чувствувам пеперутки и цела зоолошка во стомакот повторно,ама ете малите ситници ми ја исполнуваат душата комплетно.Лав ис ин ди еир! ............................................................................................................................... И трето,ама не помалку важно :Вистинските пријатели не мора да се до тебе,за да знаеш дека се вистински,некоја феминка имаше пишано погоре и се согласувам комплетно. Горда сум што имам најдобар другар,што го сакам како брат и што си замина одовде и што полека,ама сигурно си ги остварува соништата.Додека сите му викаат да си дојде,дека им фали,јас само му кажувам колку ми значи,дека не е исто без него,ама под никој услов да не се враќа овде,бидејќи нема иднина. И кога ми раскажува се што постигнува,јас се радувам како на мене да ми се случува,без нималку завист и љубомора,бидејќи се си заслужил и створил со свој,сопствен труд. Додуша,јас и тука на форумот кога ќе прочитам некоја радосна вест од феминка,се радувам дупло,среќата е за споделување,а некои луѓе одовде ептен ми прираснаа за срце. И сега,во моментов,сакам да ги снема сите лоши работи кои ми се случиле и сето зло што го има на светов,да си ставам розови очила и да се изгубам во виножитото,со насмевка на лицето.,барем за миг.
Сфакаш во колку затуцана средина се наоѓаш, кога малку по малку го разбираш менталитетот на новото работното место каде што се трудиш малсимално коректен да останеш, работата да си ја бркаш, на никого да не му сметаш со безпотребни прашања, а тие упорно очите во тебе, и притоа поставувајки лични прашања без чувство на срам.
Неверојатно е како некоја случка може да те натера да изгубиш апсолутна секаква надеж за човештвото и постоењето на вистински добри луѓе,а за еден краток момент животот те изненадува и сфаќаш дека има вистински неверојатни луѓе кои не те ни познаваат,а би се жртвувале и себеси за да ти помогнат за тоа што е исправно.
Ај нека е аирлија нова платформа Да не бидам мрчатор, не ми е многу по кеф , ама од друга страна има многу нови функции, гледам и лајковите останале Може и си треба навикнување, сеа ко за сефте да шкртнам малку
Сакам да кажам дека повесел форум и сајт нема да има никаде каква што е нашата Фемина. Толку позитивно и весело расположение будат овие бои и сите новости кои се внесени. Со среќа нека ни е на сите феминки во нашата нова дома
Ај и јас да шкртнам нешто после долго време Како што не бев подолго време уклучена ниту знаев дека ќе се сменува изгледот и тие чуда ,кога еден ден се уклучив и видов дека се „реновира“. Не ме израдува нешто многу новиов изглед,можеби затоа што бев навикната на стариот изглед, ама пак има доста нови опции. И да,ист фејзбук со тоа пораките на „ѕид“,означувањата и известувањата. И никако неможам да се снајдам со смајлињава,ем се некако бавни со движењава,ем се различно распоредени и неможам да ги најдам. Со стариот изглед форумов се делеше од сите останати форуми,а сега ми е ист како и другите.Како и да е,ќе се навикнеме некако.
Со секоја помината секунда,твојот живот се намалува за 1 секунда. Со секоја помината минтута,твојот живот се намалува за 1 минута. Со секој поминат час,твојот живот се наламува за 1 час. Со секој поминат ден,твојот живот се на за 1 ден. Со секоја помината недела,животот ти се намалува за 1 недела. Со секој поминат месец,животот ти се намалува за 1 месец. Со секоја помината година,животот ти се намалува за 1 година. Со секој поминати 10 години,животот ти се намалил, Со оглед на тоа што твојот животен век постепено се намалува,не смееш да се откажеш од своите цели.Тука си и ќе бидеш многу кратко време,но оставни нешто зад себе.Остави љубов,осавтија својата насмевка,остави го својот печат! И незаборавај ова време кое си тука искористи го,максимално-ЖИВЕЈ ГО СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ.ЕДЕН ТИ Е ДАДЕН И ТОА ТОКМУ ТЕБЕ.