Кој боље може да биде заменик директор у Идризово, него ли некој шпонец кој лежел у затвор 4 години за дилање дрога?
Chat gpt никогаш нема да осуди, секогаш се најубаво кажува, поддржува, милина да читаш. Ама не е тоа секогаш добро. Нема критика. Ете една позитивна страна што некогаш знае нешто навистина паметно и реално да одговори. Туку сакав да кажам дека посна слава ми е поубава од мрсна. Сарми, риби, гравче, посни салати.
2010 година - Зимски распуст, втора година средно, со школските се договарате да играте вирално нелутисе човече преку фб до доцна во ноќите. А дали се сеќавате на Мирц генерацијо ? Таму не се знаеше кој е кој, сите си имаа свое nickname Персоналниот комјутер во дневна, пошто само таму се грееше во зима, нормално. Ова беше мноогу одамна, мислам дека бев 6то одделение, кога ретко кој имаше интернет, тогаш пуштија некоја акција, за еден месец бесплатен интернет, и така јас и мојот прилично постар брат го откривме мирц. Вирален chat беше тоа. Никогаш нема да заборавам кога некој ми прати сликче јас мала стегам open, и низ екран ми се појавува нечиј пенис. Татко ми позади мене на троседот. А ***** Што е тоа ? Секако дека заборавив што е тоа интернет до крајот на месечната акција.
па многу рационални, паметни, решенија и одговори дава. А за осуда, па тоа викам секој треба така да збори со други луѓе. А за критики, хммм мислам дека дава
Ми текна и на друго нешто, дали се најавувавте на Omegle или вие бевте нормални деца? Ние се собиравме од маало и чекавме некој на камера да покаже qr Боже господи кога ќе се сетам не бевме ни ние цвеќиња за мирисање. Никаква контрола од родителите, па и никој не го сфаќаше интернетот толку страшно во тоа време.
Да, Омегле, Чатрулет, ехе која забава ни беше. Цело друштво собрани кај една дома, и чекаме да излези некој на камера, секако со едната рака на глувчето цело време и на штрек за да не излези некој qr а во тој момент родител да влези в соба. Еднаш се изназборувавме со група машки, се додадовме на Фејсбук и мислам дека уште ми стоеја некои од нив. Дечишта, никој не нѐ контролирал што правиме тогаш.
Ask.fm па си поставувавме прашања. А на симпатијата анонимно Незнам се сеќавате ли на igrajmo.se мислам дека сите од балканот играа на тој сајт, играш игри се допишуваш и после се адднувате на фб .. Кои времиња...
Ова беше хит на времето... На кој што сакаш да му кажеш анонимно си кажуваш и ич не се замараш. Што убави времиња си беа. И ми фали периодот кога имавме фотоапарати дома и сликавме се. Баш пред некој ден го најдов стариот апарат и си гледав слики од мене од 2010г, колку само ни било убаво и забавно без зависноста од интернет т.е социјалните мрежи, сме имале муабет што да правиме, сега седнуваш друштво глава од телефон не креваш.
А се сеќавате на ms sms нешто така беше? На тв имаше емисија и доле идеа пораки…. Поздрав до тој и тој од тоа школо, тој клас