Имам огромна анти препорака за фото студио Јасмина. Однесов фотографии да се извадат во димензии 20х30 со мал растој бело околу самата фотографија. Вечерта отидов ги подигнав фотографиите (300 денари една) и дома кога проверив не одговараа на рамката- беа поголеми. Утрово им пишав на вибер и ги замолив да ги корегираат во правилните димензии и кога можам да ги подигнам. Ми вратија да одам таму со сликите и рамките за таму потоа еден повозрасен господин да ми коментира зошто не сум купила од нив рамки него сум купила евтини неквалитетни рамки место да си го корегира направеното. Зема да ги крати сликите ама бидејќи има била рамка во самата слика кога скрати испадна нерамно. Сега сликите се помали од што треба- воопшто не сум задоволна, најмногу од човечкиот однос. Нивна грешка, воопшто не се карав,а напротив он се караше и расправаше со мене какви ми се рамките и дека нивните кинески рамки биле со точни димензии 21х30, а моите европски со грешни 20х30. Впрочем што му е него гајле какви рамки имам јас? Си излегов разочарана и навредена ептен. Неколку пати му повторив дека нема проблем и дека не сум дојдена да се карам, а он упорно го повишуваше тонот на мене
Омџ зашто не кажуете оти почнале по посни славии суши да служат! Традиција, мадиција тоа само за сиротиња е.
ДА ЈА СПАСИМЕ ЏЕНЕТ ЏОАНА СТОЈКОВСКА ОД ТРГОВЦИТЕ СО ЛУЃЕ ОД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ЛОНДОН!!! Страотна драма се случува во ЛОНДОН!. Службеничка на амбасадата на Македонија, КАРОЛИНА КЕДЕВА МАНЕВСКА, со знаење и одобрување на амбасадорката КАТЕРИНА СТАВРЕВСКА, помагаат на ПАКИСТАНЦИ да одземат 16 годишно девојче од татко самохран родител од Куманово. Планот е девојчето да го пренесат и трансферираат во Пакистан, Каролина и Катерина веќе пронашле по криминални канали како тоа ќе го направат. ДВЕТЕ ВО ТАНДЕМ веќе го измамиле таткото и му наплатиле 30.000 евра (во фунти), за некаква наводна ,,помош,,. Наместо помош, ,,добил,, забрана од полицијата да се приближува до својата ќерка. Така му ,,помогнале,, амбасадорката и конзулката на таткото ЏОН СТОЈКОВСКИ, додека на друга страна подготвуваат неговата ќерка ЏЕНЕТ ЏОАНА СТОЈКОВСКА - да ја продадат во Пакистан. Успеале пред 6 месеци да ја сместат во згрижувачко семејство од Пакистан, кое живее во Лондон. Во тек се подготовките за патување на ЏЕНЕТ ЏОАНА, пат без враќање на 16 годишната девојка за Пакистан... МНР и министерот ТИМЧО МУЦУНСКИ ургентно треба да се заинтересираат за овој случај и да помогнат девојката да се врати кај таткото. Амбасадорката и нејзината соработничка под итно да ги повика во Скопје, да му реферираат во каква авантура се впуштиле и со што се занимаваат! Ги повикувам сите медиуми од нашата земја, од ЕУ и Велика Британија, да го актуелизираат овој случај и да го спасиме девојчето... Ве молам сите кои ме читате, оваа објава да ја СПОДЕЛИТЕ, да покажеме единство и да му помогнеме на таткото да си го врати дома девојчето... Во прилог имате изјава на 16 годишната ЏЕНЕТ ЏОАНА СТОЈКОВСКА. Се извинувам што е на англиски јазик и што не можам да ја титлувам, преведам на македонски јазик, ама оние кои знаат макар малку англиски јазик добро разбираат што зборува девојчето! Бара спас од канџите на трговците со луѓе, помогнати од службенички од македонската амбасада во Лондон... Ова го најдов објавено на фб!! Луѓе многу се потресов од случајов, знае ли некој нешто повеќе, зошто да го носат девојчето во Пакистан? Може ли некако да се помогне?
Остави реценција на Гугл за конкретното фото студио, освен тука. Некому ќе му биде од помош, зашто ептен се читаат рецензиите.
Колку само луѓето околу нас можат да сменат се'. Ако има околу нас луѓе кои постојано не' критикуваат, не' навредуваат, ни всадуваат во глава дека не сме добри, дека имаме некои недостатоци, не' обесхрабруваат, не' прават самите да се сомневаме во себеси и да не се сакаме себеси, не' прават несреќни, така пропаѓаме. Од друга страна, кога имаме луѓе кои го гледаат доброто во нас, прават да се засакаме, да веруваме во себе, да имаме самодоверба, така растеме. Секогаш ќе има луѓе кои ќе зборуваат лошо. Секогаш ќе има и луѓе кои ќе знаат да бидат добри. Бирајте што пуштате во близина и околина.
Ме "нападна" intrusive thought, и пробав да се смирам, да се приземјам и да дишам длабоко како чекор еден. И тогаш ме "нападна" нова мисла шо вика џабе дишиш длабоко, ко дишиш отров. И така, во право е.
Фемина колку глуп соновник направиле, не можеш да пребараш зборче, мораш рачно да го бараш зборчето. Сон ќе заборавиме дур пребаруваме! Вратете го стариот.
Мене ми изгледа ко трет месец да сме во зима. Жешко ќе истрпам, ама ова магливе и студов ме убиваат психички.
Со душа чекам пролет. Чист воздух, сонце, природа се буди, веќе си имам направено листа што ќе си посадам во градината
Кога ќе влегувате во ресторан, ако го видите готвачот со црни нараквици, пунџа, кошула со црвени квадратчиња и брада како поп, само завртете се и напуштете го местото, бургерот ќе ве кошта 100.000 евра..а и да, не вреди за помфритот послужен во весник и мини метална фритеза да имате генерациски борч.