СДК : Потрудете се да бидете ЛУЃЕ ! Потрудете се да не осудувате, да не критикувате, да не правите зло (со дела и со зборови). Потрудете се некому да му го разубавите денот , наместо да му го доза@бете уште толку . Една насмевка, еден убав збор, едно "благодарам " , едно вистинско " како си" , едно " тука сум за тебе" ...... Сето ова нема цена ! Да бидеш "човек" не е тешко ! Не чини ништо. Пробајте ! Убаво е на душата кога некој ќе ви каже "фала " , само едно фала. Омекнете ги ледените срца , насмејте се денес на некој , кажете "убав ден ". Пробајте, не боли !!!
Нејсе, ќе се туширам 5 саати, ќе оставам вода да тече додека перам садови, абе ќе идам и црево ќе купам а фати сонце ќе ладам надвор, ич не ми чуе. Kоа можете вие да трошите вода на мување и лечење на нарцисоидни пориви пориви со AI. Кој ве ебе, ( AI не, лол ) идеме заедно у курац. Yolo.
Колку само мразам предновогодишни собиранки/кафани со колеги, а проклетите неможам да ги одбијам. Стварно ми е мака да глумам пријателство со луѓе кои повеќето од времето сме во конфликт и гледаат да ми префрлат топка само, а поготово во работен ден како денес, да се вратам дома и да идам на прослава после. Стварно изгубено безвезе време и пари.
Епа јас затоа не одам.Не ме третираат како човек 364 дена,вика,се дере да чујат до 6 кат,и баш таа вечер абе гушкање,смеење..Не,не фала.А еве ги носат само колку да се каже дека ги однеле.
Ако не ви се погодиле колегите, не се замарајте со нив. Накркајте се и напијте се на сметка на фирма, бидејќи секако тоа се ваши пари. Кога ќе почне музиката, уште малку напијте се и денсајте си и ич уво да не ве боли. Сте преживеале уште една година, тоа треба да се прослави п.с. јас моментално одам на предновогодишна, трета по ред
- Манчи сакаш да јадеш? *Не фала - Ама сигурно? *Да, да, фала. - Ама ајде малце, зашто неќеш? *Така не ми се јаде - Ама ајде дојди да јадеш. *Ама стварно не сакам да јадам - Ама ајде да јадеш. *АМА РЕКОВ ДЕКА НЕЌАМ - Што се дереш ма? Убаво те прашав, безобразна една Многу добра тактика да наведеш некого да збудали е да не му го прифаќаш одговорот кој пак никако не влијае на тебе. И нормално после да глумиш жртва зошто му пукнал филмот. Битно Манчи си порасна убедена дека до нејзе е проблемот
Јас каде што бев се лутат ако одговориш или од старт се обратиш со повисок тон, ама па и еднаш прашуваат тивко, кротко на крај со онаа извештачена и љубезна насмевка и не те препрашуваат за истото бескрајно. Може и да ти подадат, а по гестикулација да одбиеш без зборови и никому ништо. Кај имаат време да се замараат за ситници? Мене ми текнува на државно, таму се ти е гага на грб на народот. За така да ти е мерак да се изнајадеш, изнапиеш, изнаденсаш и дур да удриш како што пишаа, само ќе летнеш од кафаната. И на раб. можеш исто никому ништо. Не ја скрши една јавна личност колешката на државно? Па и една да е во такви институции...дал да плачеш, дал да се смееш.
Небитно, важно таа е поентата. Штом не прашуваш која е си ја сфатила. Местото баш и ситница да се замараме кое е и каде е.
Ние бевме никој и ништо а он беше селектор,.. ние бевме копиљаци а он Драган Б. со точка.... нека ти е лесна земја легендо !! Ова ти го посветуваме тебе,.. ние децата од твоето маало...
Не ми е јасно што е со луѓето. Зошто станаа вакви, се понечовечни. Завидливи. Попрво ќе ти наштетат отколку да ти помогнат. Зарем тие заборавиле како им било кога биле нови на работа? Наместо да помогнат. Очекуваат се да знаеш. Без волја да те научат, а со желба само да ти префрлаат.
Аман аман бе аман више од тоа да не можам да се изразам ко што треба и да си кажам слободно, без да бидам грешно сфатена АМАНННННННННННННН Зошто вака ми се прави, зошто после јас све на срце да си ставам и со што заслужив ???????
Не знам ама ова ми е многу токсично и манипулативно понашање. И многу ги неќам ваквите луѓе. Прашуваш и добиваш одговор. И толку треба да биде.
Иди Декември и наравот да купам нов планер е силен. И годинава платив една недела од $3 за да ми помини мерако место да платам бар х3 поќе и да трошам хартија џабе, плус да го загинам по две недели и да купам бар уше 2-3 планери во текот на годината ко замена, за да ги пребродам периодите кога ми треба организација. Ептен го користам овај онлајн ова една недела ама знам дека максимум уше една има во себе. Искрено, има опција да платам "lifetime" користење и ако ми легни поќе од месец можи после скоро 30 години - ќе го најдам forever планерот.