Одлагав видеово оти сакав да му се посветам убо и еве сега го гледам и осеќам потреба да споделам. Ама сакам да дополнам видео за кој сака на слуша на тема AI и сите тие делулу идеи околу AI.
Ај да живеам на место као: Или Или Милина да ми е да шетам Ама пошо не живеам во такво место, заеби го срањево срањосано, заеби ја темницава и маглава и смрдеава и прљавштинава гадна гадосана. Заеби сè, вратете ги комарците и паѓањето у несвест, ќе се снајдам! Златни шорц и маичка и папучки, и лабаво на точак без сто слоја и говнарии, и воздух за дишење абе спарни муда нека биде ако треба само да не е ова говново шо пече и грло и очи!
Демек секое годишно време убаво на свој начин. И така си е. За мене најубаво пролет- лето без инсективе од зима. Иако и зимата знае да е убава, ама само во природа и на планина со сите предности што ги нудат.
Мразам скржави луѓе, толку стиснати за пари ,страшно , на крај дупло повеќе ќе потрошат од колку што штедат и може лошо ќе се изразам ама за каде ги чувате тие пари за у гроб? Еден е животот , проживејте го!
Со денови наназад се бориме со загаденоста, која што знаеме сите колку е штетна и опасна. Очекував дека барем за децава ќе има некакви КОРИСНИ мерки. Викам корисни, зошто од министерство за образование пуштиле препораки за училиштата. Знаете што се препораките? Не ги пуштајте надвор, не отварајте прозори и врати ко божем на ладнава температура седи некој така, следете симптоми на децата, и најсмешното пуштете прочистувачи за воздух. Навистина се прашувам дали имаат поминато по школите и се свесни дека 90% од училниците немаат прочистувачи. И еве сега читам изјавила министерката дека нема да има предвремен распуст за децата, бидејќи немало информации дека воздухот бил штетен и здравјето е загрозено
Него... конечно го имам одговорот на прашањево Баш ми излезе сега еден пост на темава и вели: "Во кујна во ресторан повеќето се мажи готвачи, ама дома само жените знаеле да готват оти во ресторан работата како готвач ти е платена, а дома не." И така...мислам излишно е било што повеќе да се каже. Не е оти со курот ги држите тавката и лажицата него оти немате некоја поголема корист.
Зборам со еден и нема врска, почнав да мислам на една тема. То е поважното. Како уствари да решиш дека сакаш и можиш да сакаш е храброст. Даваш црвено копче поврзано со твојата ранливост и само верваш дека тој во чиј раце го ставаш - нема да те повреди. Љубовта е ризик. Се разголуваш (емоционално) и си ранлив. Под ризик си дека ќе се разочараш и дека ќе бидиш повреден и тоа на начин кој удира во сржта. Се поврзваш со некој автентично и се надеваш дека не прајш грешна проценка. Ако проценката е грешна - црвеното копче е под ризик. Ако проценката е точна - црвеното копче не е под ризик. Да не се сфатиме грешно, во talking stage сум јас. Многу далеку од љубов. Ама мора да мислам на се.
Не го разбирам овој тренд на македонскиве интернет продавници да не пишуваат цена на производите што ги продаваат. И кога ќе видиш у коментари 100 луѓе пишале Cena? Цена? овие ако одговорат, пишуваат „Јавете се, или пишете ни“. Што има врска дали тука ќе ја кажеш цената или на телефон или на чат? Или по нешто проценуваат на кого каква цена ќе дадат? Сега имам нова тактика. Каде што немаат напишано цена, ја у коментари им пишувам: За сите што прашавте за цена, цената е... и пишувам 2 пати поскупа од вообичаената и плус за монтажа толку и толку Па пак нека не пишуваат они цена
Сега им пишав на фејсбук на едни што изработуваат сауни да ги прашам за цена. Пазете што ми враќаат: Пишете ни адреса и телефонски број за да ви пратиме понуда. Им викам, слободно можете и тука да ми пратите понуда. И еве на SEEN ме оставија. Значи кои пациенти стојат за интернет продавнициве не ми се верува. Или.. сега си размислувам, можеби се плашат дека јас сум нивна конкуренција кој што ќе дознае за која цена они изработуваат, па ќе почне да изработува за малку пониска цена. Ама дури и да е тоа, зарем ако јас сум конкуренција нема да ја дознаам нивната цена со малку распрашување на нивни клиенти?
Сакам да зборам на една тема ама секој пат ко ќе тргнам да си ги организирам белешките иди како лекција.
Во станот каде што седам под кирија сама, денеска ми дојде највисока сметка за струја до сега, 4300 денари (од кои јас реално имам потрошено само 2100). Па овие не се нормални. Инаку "нормалните" сметки ми иделе 1000-2000, во лето и под 1000. Морам да бегам дома преку зима за да не користам греење таму и да заштедам колку толку, ама оваа скапотија никогаш не била. Ем нѐ трујат со воздухот, ем нѐ удираат по џеб за тоа што повеќе струја сега се троши. Тешко нас.
Скоро и да не сум сретнала на форумов, а и во живо на млади мажи во 20ти години да им се вели дека не се мажи туку момчиња, дека маж се станува кога ќе се ожениш и добиеш дете или евентуално со некои искуства во животот. А млади членки со потсмев се нарекуваат "девојчиња" во некои теми, мене ми се најде една недоквакана да ми вели оти немало да станам жена дур не доживеам некои работи. Можда една од тие работи е замерка за ручекот од свекрвата, којзнае. И ова фала богу од жени само.