Скоро и да не сум сретнала на форумов, а и во живо на млади мажи во 20ти години да им се вели дека не се мажи туку момчиња, дека маж се станува кога ќе се ожениш и добиеш дете или евентуално со некои искуства во животот. А млади членки со потсмев се нарекуваат "девојчиња" во некои теми, мене ми се најде една недоквакана да ми вели оти немало да станам жена дур не доживеам некои работи. Можда една од тие работи е замерка за ручекот од свекрвата, којзнае. И ова фала богу од жени само.
Ее еднаш на една колешка немажена и се обратив со ,,жено " и јас не бев мажена тогаш а таа дупло постара од мене. И заврши муабетот си замина таа во своја канцеларија и трета колешка постара и од двете ми вика ,,добро со кој ум така и викаш ами таа не е мажена ,девојка е. Девојката над 40 години...
@Munchmallow20 уште ли се замараш со истово? Абе имаат право дека не треба еден форум за сериозно да го земаме. Се слагам. Нека не те погодува толку, посебно не малограѓанштина. Ме погодува коа имаат некои погрешни претстави и претпоставки за мене, а не ме знаат. Као да ако мрчам и судам за нешто со кое не се согласуваат, по дифолт важам за лоша, дрска итн. Да не забораваме дека постои и алтер егото А девојче не ми е навреда ако ми речат, баш навреда ми е да речат 'жено'. Грдо ми звучи и грубо. За среќа никој не ми вика. Ама сфаќам за што кажуваш. Ова е исто како она дека не смееме да збориме на тема деца, чим не сме мајки. Не дај Боже па да се искритикува некоја.. Што убаво би било никој да не се тригернуваше коа не е прозван воопшто.
Merry Christmas! Среќен Божиќ на сите што го слават според Грегоријанскиот календар. Божиќната магија нека ви донесе мир, здравје, љубов и хармонија пропратена со топлина што Божиќ ја носи со себе
Не знам, едно време постоеше термин ,,дечко,,. Секако дека дечко имав за дечко, не таму некој маж со голем стомак и се што следува
Мене ми викаат само "чупе" или "чупче", "девојко" ретко, а за "жено" не сум дочекала уште, ама ако не се брзам, вака и јас заборавам дека ближам 30ка.
Мене еден на бербер ми се обрати со ,,дете", а он постар од мене 5 години, цел ден шетав со насмевка.Малите работи знаат да ти го направат денот.
Малце... лошо сте сфатиле. Не како некој ти се обраќа него она " не си жена" пошто не си мажена или немаш родено. Пошто стварно ме интересира, кога стануваш жена? И дм ми е мене дечко ама он е пак возрасен маж, не е "момче" оти не е женет.
Лани вистина првпат појдов (и си го прекршив правилото). Не дека не си поминав убаво (фала богу седев со цивилизирани и културни колеги на кои бескрајно до ден денешен сум им благодарна за несељачките теми на разговор!), него општо другите излегоа најлицемерни. Иако ако сум реална, и низ работењето се гледа кој е човек - кој змија; често некоректноста им се враќа како здравствена болест.
Сите другарки и пријатели што ги имам се или православни или муслимани. Би сакала да имам и другарки католици
Скроз разбирам шо сака да кажи Манчи @Munchmallow20 и било какво невалидизирање на став е безвезе. Во најмала рака можиме да сослушаме иако не планираме да прифатиме то шо ни е кажано, или иако сметаме дека некој нема доволно искуство. Basic human decency е, башка шо само со размена на информации можиме да видиме друг светоглед. Некогаш се осеќам одделена од одредени свои искуства зошто биле одамна, некоја помлада можи да ме потсети на то. Некои искуства шо се добиваат со повозрасни години можам да ги имам само тогаш, и сега се шо знам е теорија, ама ако сослушам шо има да кажи жена со такво искуство - ќе знам нејзиниот аспект. Е сега на темата како не викат нас. „Чупе“ ми е go to од луѓе, од ко имам коса како мајка од 80тите, ми рекле еднаш „тетка“ и после ме видоја на фаца и ми се извинаа и ми рекоја „па ти млада си“ (whatever that means, pushing 30 не ми е младо мене), и уште еднаш чекав пред бар како mob wife облечена и дојде еден да пита. Е са од принцип не давам пари на возрасни шо питаат, радо би одела да купам храна и да му дам. Нејсе тој ден се осеќав ко да сакам да напрам добро дело. И ми вика „фала тетке“. Чоеков беше можи 20 години постар од мене. Мрш. Не значи ова дека не сум жена, или дека сум жена. Жена сум по дифолт, „чупе“ сум во душата. The hair in question:
Знаеш за едни работи е "возрасна си", за други "ама ти си девојче". Возрасно девојче? Не ми оди никако. Мене ми е повеќе лечење комплекси ама ај да не почнувам и на таа тема.