СДК дека не знам што да кажам Се шалам, нека ни е аирлија новата платформа,мене искрено ми наликува малку на фејсбук ама фемина си е фемина и фемина ќе си остане фемина.... колку само фемина, much femina! Нека се множат мислења во сите теми, имајте најубава вечер.
Си го сакам кучето највеќе на свет. Мало, бело крзнено топче. Наутро ми е мака кога ќе се разбудам, спие толку слатко спие до мене, а јас морам да станам. Па, и кога ќе ја видам таква сонлива, ме гледа со половина око, ми доаѓа да ја гушнам и да си заспијам со неа. А, пак кога се враќам од некаде, живи радости е. Прво, не ме ни погледнува, лута е бидејќи ја оставив сама, па потоа ќе се гали, па во дворот ја галам и моча од радост. Потоа легнува некаде, па потоа се тркаваламе на креветот.
Ај некој нека ми напиши нешто на профилот да видам дали ми функционира Не знам дали имам ставено забрана да некој ми пишува па да проверам. Што да е чкртнете нешто.
Мојава половина веќе крчи,го гушнал даљинското, (инаку обожува да биде шеф на дневата соба),уште знаменце да му закачи на троседот. И во една таква опуштена атмосфера му пристига порака на мобилниот. Моментално го земам телефонот,ја читам пораката,Вип го опоменува...ми олесна... .
Сакате да си го поттикнете скриениот талент во себе за гимнастика и правење пируети? Само угнездете си се најудобно што можете под ќебе, на кауч у дневна со претходно ставено далечинско на спротивниот крај од масата...
Сакам да кажам дека сум пресреќна за форумов! Сега е поуредено, малце од почеток додека да се најавам се збунив, но супер е! Ми се допаѓа! И да се надеваме дека одсега ќе има повеќе контрола и нема да има толку многу тролови како порано!
СДК дека многу од членовите на форумов наеднаш ги снема незнам зошто ама некако ми е празен се истите луѓе се вртиме
Арно велам, не значи дека ако човек каже негативна критика за некои работи дека е лош или не ги поднесува другите, ама не сите гледаат со исти очи.Како беше она „ да ти ги дадам очиве, па види како делува да се гледа со други очи“, само секој си е различен, така да секој има различни начини на перцепција.
Да се пофалам,денеска се роди мало бебенце,но е без именце.Утре КУМАТА @Cvetetto ќе му го даде именцето,а ни самата незнае кое.Се надевам ќе најдам некое убаво,македонско,ретко именце.Момче е,прво па машко.
Што убаво било да ги пратиш моиве некаде на шетање Да ти е мерак после да ги пречекаш. Им најдов убав аранжман, им резервирав, им средив сé што треба, пасошите во џеб, куферите во кола и чао пријатно. Ни беше пусто дома неколку дена, редовно ни се јавуваа од хотелот, ама не е тоа тоа. И ете ги пред некој ден доаѓаат дома, со една торбица плус Јас мислам ќе дојдат со по некое сувенирче, а тие - џемпери, џемпери, блузи, тренерки, пижами... мајка ми заглавила по бутици. Татко ми па се заборавил кога купувал тегли со мармалад - сега имам од сите можни вкусови. Зимницата е докомплетирана. Да сум му правела колачи со мармалад Си викам: Добро бе, ве пративме во хотел со 4 ѕвезди, нема што нема во него, вие на шопинзи одевте? А мајка ми: Да ти кажам право, ни фатија око неколку уметнички слики за во дневна, ептен беа убави, ама никако не можев да направам комбинација од две и се откажавме. Од тука ќе купиме. Е арно викам, уште тие фалеа да ги довлечкате. И ете така, со нови џемпери и нови вкусови мармалад - спремна сум за зимава
СДК пред една година на овој ден, ептен се изглупирав. Инаку, знаеш дека форумот се реновира кога имаш најмногу инспирација. А кога ќе се пушти, цел мозок тисе блокира. Ај можеби од шокот ми е.
Awawawww искрено, многу се изненадив кога го видов новиов форум, многу интересно, ми се свиѓа, малку глава ме заболе од многу нови работи али нмв. - Не знаев каде да се најавам инаку, едвај го најдов таму на ќошот. - Одкоа се најавив, глеам некое крукче таму а тоа да ти било светот, нешто како известувања. Имаше бројка 3...Хм мајката, па ваљда немам јас известувања 3?!? Туку уклучувам и коа глеам сум била наградена со некои со трофеи.. Од кај па сеа награди...Ау, сум го скршила мразот, и имам 10 мислења, браво за мене. П.С. Конечно исвестувањаа оф одамна чекав на тоа и мислам дека стварно требаше да се стави. - И смајлињава малку се изменети, ама може се и поубави. Во секој случај убавоо, многу ми се допаѓа, супер, ќе ми треба 1 месец да се навикнам, ама океј, ќе ми биде океј. Многу по совршено, многу попрактично и полесно за употреба е форумот сега, мило ми е. Со здравје да си го користиме, цела ноќ ќе разгледувам и откривам. Поздрав.
Пак јас.. - СДК Кога пред некој ден ги разгледував ова мислењава мои, се запрепастив искрено... Сум пишувала на латиницаа бе, замисли ..Па незнам таму за страшни приказни, дали некој духови има по дома..Офф, . Леле глупости. Нема врска, сериозно нема да ми замерите, тоа беше одамна, кога уште бев почетник.
Wow WOw i uste edno najgolemo WOOW!!! Wb dear Femina,miss you! Одлична промена,освежувачка а и многу се изненадив со овие известувања од десна страна,те обожаваат,те сакаат,имаш паметен ум или како беше хихи иако појма неам што означуваат,многу се израдував,како мало детенце.А кој тоа жити се,знае некој ?