Не ми е јасно зашто уште никој не отворил некој ресторан и да продава чварки ту гоу.. Си шеташ низ плоштад, застануваш и си купуваш чварки, и си грицкаш како чипс. Чварки ту гоу е права ствар, јас да ви кажам..
Не е за комплекси ,јас како што разбрав на членката што го почна муабетот и е префрлено дека не е ,,жена " и не може да кажува мислење за одередена тема. Патем кога се омажив (26г.) и се породив свекрвата така ми велеше да сум ја прашувала за се оти до сега не сум била ,,жена домаќинка" не знам како ,да готвам или бањам дете итн...
Откако се вработив и сама почнав на дечињата да им велам, дојди на тета да и кажеш, тета да го види грлцето, тета ова, тета она. И некако не работа не ми сметаше тоа тета, или кога некоја мајка ќе им речеше на децата, абе остави ја тетката да си ја работи работата. Надвор од работа, кога ќе слушнам за мене како некој зборува како жената (пример: ај да видиме за што чека жената), ми иде малку како тежина дека сум престара.
Па ако тоа не се тешки комплекси, не знам што се. Човек не треба да се вреѓа и нервира за туѓите комплекси, не треба да се оптеретува зошто некој размислува идиотски.
Вчера имаше емисија на утринска (мислам дека беше на Сител) и гостуваа деца од школото ХТК од Карпош. Водителката го прашува едно дете што гледаат на тв и малиов одговара "Шербет од брусница". Значи кај стариве, па и децата ги отупуваат со турски серии. И после Gen Z биле. Епа ќе бидат со турскиве серии. Ниту една поучна емисија нема.
Алфа или Gen Z внучето, сигурно само нема да си ја пушти Плачот на брезата, ако баба следела discovery. Од колено на колено се пренесува вкусот.
Хахахаха што ти е. Па лош комплекс е некому да му солиш памет дека не е жена ако нема деца или не проживеала таму си нешто. Ама па и не треба да те вреѓа ако некој ти соли памет такви глупости, смешно е. Патем, сите имаме комплекси и не знам зошто тоа го сфаќате толку негативно, навредливо, или шо знам.
И моите гледаат турски серии 24/7, па не ми ја пренеле магијата. Не се пренесува турцијалот од колено на колено, туку се постанува таков. Ете на малиот му биле досадни цртаните, па си пуштил турски серии за да гледа како Ферхунде го изневерува Топал, па Топал отишол кај Омер и го пукал со калашниковот и овој кога умирал во прегратките на жена му, и рекол дека нивниот син ќе се одмазди за неговото убиство, па синот станува мафијаш и го начекува Топал во заседа на пазарот дур купува ѓеврек и го пука од кола со пиштол и го убива. И после малиот отупува и станува Gen Z или во најлош случај, мафијаш како тој од серијата.
Споменатата серија не е којзнае што, но нема отупување ако се гледаат некои кои имаат убави пораки. Има турски серии кои се направени (напишани по книги од стручни лица за тешкиот живот на нивните пациенти/ки или прераскажани моменти од реалниот живот на семејството на режисерот/ката или сценаристот/ката, базирани врз вистински случки) со цел да се испрати порака дека е време да се сопре со третирањето на жената како предмет или слугинка и да сопре насилството врз неа. Едно широко гуглање да направеше пред да осудеше, ќе беше добро. Ама, вие мажите како почести насилници или жените и мажите растени во розев меур никогаш не умевате да го разберете тоа. Само тргате да плукате оти не сте спознале што е прав пекол на земјата.
И јас гледав со баба ми како дете турски серии, на сабајле цртани навечер турска серија. Замисли "Долина на волците" ми беше омилена и немам сега мафијашки клан како Мемати,чудно.. И цртаните филмови не се нешто поучни или без насилство. Што има поучно во "Том и Џери" или во "Нинџа желки" и таму се тепаат или "Бен Тен"...
Манијаци постоеле и ќе постојат, за жал немаме превентива, само пријавете ги и ќе ги банираме веднаш, нема потреба од понатамошни разглабања. Објавување на лични пораки е против правилата, затоа имате копче Пријави под секоја порака.
Поголемо лигавење немам видено по фејсбук, детето направило една година тие викнале музичка група да се свири и весели .. или па парите в гла ни мавнале