Еве направила грешка, го земала. Точно, не се знае никој каков е понатаму, се менува човек. Јас и дадов совет, како жена, иден родител, дека така ако го слушнам мојот маж, такви сексистички сфаќања да има, ни мене ни детето нема да не види. Родово пристрасен 'господин' не ми треба во животот. Тие што се зимаат за 2 месеци, многу поубаво живеат отколку тие што се зимаат после 5/10 години. Мислам, човек е доволно да го процениш за 2 недели каков човек е. Може би грешам, не знам, ама знам многу парови кои за 2м се зимаат и живеат убаво и викат дека со тек на времето си се запознаваат. @Medea. Јас прво би ги опоменала, па ако продолжат така би им викнала полиција. Дојдени од којзнае каде, да ми рушат мир, не би прифатила.
За жал ова се дознава многу многу касно... Јас би пријавила анонимно,без да предупредувам. Ќе си одбиваш или ќе си накодошиш и ти на менаџмент.
Можеш да ги пријавиш за вознемирување и да кажеш дека немаш мир од нив. Не дека ќе направи нешто полиџијата, ама да си имаш дека си пријавила.
А зошто да одиш веднаш во полиција зошто прво не отидеш кај нив да им укажеш што и како зошто се фаќаш веднаш за полиција они може ќе решат а ти образот си го губиш засекогаш
Во такви средини, тие се едно (вакви или онакви - немаш многу избор). Доколку можеш да научиш нешто од нив - добро, пак ќе кажеш имаш (барем некаква?) мотивација. Ако не можеш - исправи си го патот. Неможноста да се смени работа е најчесто индивидуален проблем (така општеството ти го третира, нема никој да дојде и да ти рече ела зашто ни требаш). Него, вистината е дека после работа треба да стекнуваш нови вештини кои ќе ти овозможат лесно да преминеш во сродна сфера. И ова да не ти биде секирација, како што ја доживуваш моментално. Јас не би се замарала за немање карактер, грото и така го немаат. Само несигурните во себе можат да се кошкаат меѓусебно, а тоа највеќе го има во средните години.
Сигурно Не би рекла, би рекла дека имале невидена среќа да налетаат на некој кој им се погодил За 2 недели апсолутно ништо не се проценува, допрва се запознаваш со личноста, додуша се запознаваш и понатака низ месеците или годините, ама за 2 недели да можеш да го изанализираш чоек каков е навистина, тоа мало сутра.
@Medea. Ако не ги познавш тие луѓе немој да си отишла кај нив да им кажуваш, од кај знаеш какви се. Не си должна да отидеш и да им ги решаваш проблемите и на крај да си настрадаш ти. Нема ништо срамно да ги пријавиш а тоа е најдобрата одлука во моментов што можеш да ја направиш, едно ќе се спасиш ти од вревата, друго може ќе спасиш некој од семејно насилство. Другата опција е да молчиш, никако без полиција не им се вмешувај особено не дома кај нив да одиш..
На муабетот погоре, деновиве слушнав за случај каде жената сама си отишла на болница да се пораѓа додека мажот си бил на кафе со друштво. И пукнал водењакот, си ја зела торбицата во кола и сама си возела до на болница. Кога го прашале мажот зошто е со нив на кафе (другарот ми го кажуваше нештово) а не ја однел тој на болница, одговорот бил “па што ќе и правам јас таму додека се пораѓа”. Господ да не чува на сите девојки. Стварно не знам што друго да кажам.
Мене ми е глупо и да оди да слави за детето баш денот кога жената е во болница не па да не отиде со неа до болница. Која е поентата јас да отидам да славам да се пијанчам додека жена ми во болница седи со болки, нека си дојде дома па после заедно ќе славиме и ќе се радуваме.
Најголемиот страв не ми е да останам сама на старост, туку да завршам со некое вакво ѓубре во ваква ситуација. (и да, добро знаат да глумат на почеток)
Исто, најголем животен страв ми е. Имав еден таков глумец и после тоа сфатив колку е тешко да препознаеш кога си имаш работа со копиле. Се надевам дека ќе имаме добра среќа, и многу ми е жал за сите кои се во ваква ситуација.
Same, после такво нешто едноставно се променуваш, кој искусил знае. Затоа сме попретпазливи и помудри за следен избор, и дајбоже да нема многу такви ситуации.
Него у склоп на темава, а и на една дискусија од деновиве, овие жени чиј дечко или маж не знае ништо да готви и пере, добро бе, никогаш ли не отишле кај него дома? Никогаш ли немале дејт дома кај него дома сами? Никогаш ли не им направил било што за јадење? У што се заљубиле? У лепота се заљубуваш на прв поглед, на втор више другото е битно. Тие години што сте дејтале цело факинг време надвор јадевте или порачувавте? До патлакот ли е со извињење да се понижуете сами? Ако не знае барем едни тестенини саглам да направи, ако го мрзи кафе да направи, абе мрш таму, ќе го дејтам тилот коа ќе си го видам.
За две недели не можеш за никој ништо да знаеш. Дури и да живеееш со некого цели две недели. Луѓе што сум мислела дека се вистински добри луѓе после неколку месеци ги извадиле роговите, а за луѓе кои сум мислела негативно, испаднале многу коректни. И самите луѓе постојано се менуваат. Мажите како дечко се едни, како сопрузи се други, како татковци трети. Како и жените во нивните улоги. Поентата е да оставиш време да дочекаш неколку караници, кризи, лоши моменти, да видиш како ќе реагира некој, па тек тогаш да сфатиш дали е за тебе. Секоја чест на тој што се решава после два месеци да стапи во брак. Веројатноста да е едниот со нарушена самодоверба и без свое јас е огромна. Затоа и егзистираат. Лесно се команда во брак со еден его колку планина и еден воспитан да биде мирен, да ќути и да слуша. Има такви бракови. Од далеку супер се, влези им во домот и посматрај. Лично познавам такви. Се земаа импулсивно. Не коментирам понатака за нивната ,,љубов". Јас на маж ми така ни во најбесни моменти не би му зборела, ни правела.
@ArabellaStarfall Убаво те разбирам. Еве на мене после 6 месеци ми даде прстен, после 4 месеци веридба и венчавка и сега после 1г свадба ќе правам. Супер ми е, не се жалам, има некои недостатоци, да, нормално, некои навики кои не се менуваат лесно, ама не се пречка да не сме заедно. Еве пример и моја блиска другарка доби прстен после 2 недели и еве веќе 8г се во брак и супер се сложуваат. Си земаа стан, кола, се средија со работа и сега пред 4 месеци добија дете. Така да немора да значи да се гледа секогаш од најлошата страна. Има некои функционираат.
Ааа нема грешка дека ќе идам проблеми да им решавам. Уште едаш викање и директ со полиција не планирам ниту да се мешам во тепачки ниту да средувам туѓи проблеми. Големи се знаат што прават.