Поголема вистина, нема... Превземено. Жени се спремни да раѓаат деца, со цел да зароби маж што неќе да ја венча И ПОСЛЕ МАЖИТЕ НЕ ЧИНЕЛЕ. Не бил зрел за обврски. А дур ти кажуваше у фаца неќе деца и неќе брак зашто одбра баш него да го лажеш дека пиеш контрацепција? Мислеше за тебе ќе се смени, нели? Смири се "Моника Белучи" не си ти ништо посебно некој за тебе да мења живот. Мислеше ќе лае ќе лае и ќе легне на брашно? Од дома ќе го замараат да те земе ради детето? Во 21 век? Маж ако те сака и без дете ќе те венча. И со туѓо ќе те венча. АМА АКО ТЕ САКА.
Зарем постојат жени што би го направиле ова?.. Бљак Па дете треба да е од љубов. Детето е пола ти пола тој што го сакаш. Не е нешто со кое што го спасуваш бракот или го држиш мажот у раце.
Да беше јака на карактер ко што глумета по форумов немаше да биде куќна помошничка и да му чисти г*мни на тој .
Се ежамм на самата помисла… Оригинал парфем од 300€! Чекај може на некој миризбата на лук му е афродизијак
Нек ти јутро мирише на мене работава. Ужас невиден. Најголема некултура е смрдеа на лук и кромид. Одлика на не хигиена.
Ај разбирам по стари луѓе јадат, ама ова со млади, баш излезени на дејт со женска… Да се разбереме, сите јадеме лук, кромид, ако не така во некое јадење има секако, ама измиј заби, мастика апни, на дејт одиш не во некоја селска биртија со дедовци. Баш некултура.
Тие шо најмногу се жалат дека биле осудувани, најмногу осудуваат. Тие шо најмногу кукаат за други, најмалце сами себе се имаат анализирано. Тие шо најмногу се жалат дека се жртви, најмногу манипулираат. Тие шо најмногу зборуваат какви биле луѓето, најмногу зборуваат.
Јас мислам на членката повеќе не и се допаѓал кринџ муабетот и тоа што го развозувала а не до толку тоа што јадел лук. Мислам се дешава Боже мој храна е, ништо страшно, нема да се бацат тој дејт туку следниот кога ќе изветрее лукот
Јас сакам да јадам живо тесто за колачи, посебно ако е макнато во фил од ванила. Гилти плежр ми се видеата на тикток шо ги снимаат, гледам и подголтнувам.
А бе обавезно ќе излезам со некој што ми смрди на лук на прв дејт. Ако сакаш да привлечеш женска треба да мирисаш на пеперминт а не на лук. Не искачаш со вампир па да се браниш да не те угризе.
Мене во животот ми се нема десено некој со кој сум идела да ми смрди на лукови и кромиди.... стварно незнам со какви луѓе се дружите Ама и да се деси тоа, никад појќе нема очи да ми види.
Којзнае колку ви е убав животот на сите вас на кои не ви се прави волчјо/курје око (да, преглуп назив ) од било која обувка освен платнена патика .
Напиши toe corn на гугл, ќе видиш . Само не е до толку драматично/гадно како на сликите . Накратко, кога од триење со обувки и притисок ќе ти се вкрути кожата (најчесто на малите прсти на стапалата) како шилец навнатре и после на секој притисок те боли .
Немам зборови за ова што се случува во Ав Ав. Се доведовме во ситуација да немаме верба во домови за стари лица, во домови за деца без родители, да не зборуваме за државното здравство (како и последниот случај со бебето на ГАК), сега го допревме дното каде што немаме веќе верба ни за ДОМАШЕН МИЛЕНИК!