Можда грди сме, нз... Евентуално ние да организираме ама... полошо од да не те викнат, е никој да не ти дојди. Не знам. Не знам.
Тоа е, ни останува досаден моногамен живот. Не ризикувам, после кај ќе се појавам пред народ ако никој не дојде.
Не сфаќам зошто се жалите дека сте сами. Дека немате никој. Дека другите "само премногу бараат од вас". Не. Не знам дали само времињата се сменија или одсекогаш било вака труло, ама не можеш да очекуваш грижа, љубов, секс, готвење, чување деца и згора на тоа втора плата во домот кога ти си просечен полжав со едвај пари за леб. Убо почнаа да викаат, еден добар маж е само просечна жена. Почнавме дипломи да фаќаме, работа истовремено, некои жени и деца имаат покрај овие ствари, и пак се будат сабајле да се дотераат и да го достигнат потенцијалот. И згора на тоа да добиваш пцовки затоа што го бараш буквално истото во партнер. А што треба, да се кенкам за 120 кафе пола пола да си плаќаме? Или сметки пола пола? Од живеалиште до сметки, кола, лаптоп, хобија, храна, шминка и облека све сама си плаќам и згора на тоа да глумам мамичка на некој мрсул што неќе 120 за кафе да дае? Па што ќе ми е ако не сака да ме третира подобро од што се третирам јас? За лампион да го чувам? Или да ми чади мозокот коа ќе чујам толку простачки мисли и ставови, и навредливи глупи прашања? И згора на тоа да ми пробува сељандурски Тејтовски микро агресивни фрази за да ми намали самодоверба? Мислиш вчера ме родија или шо? Шупелки мрзливи. The audacity да се жалиш за епидемија на осаменост шо сами си ја створивте, паразити мрзливи и манипулативни. И згора над тоа, тие другарки што се фатени на таквото ко слеп за стап. И не пуштаат. Апсолутно не дај боже да ја седнеш да разговараш мори види се колку имаш пропаднато, од талентирано среќно девојче во пена се претвори. И ти си крив. Зошто ми ја уништуваш врската, љубоморна си, не си вистинска другарка. Да златна, љубоморна сум на фактот дека кожата и косата ти се лом од нервози, дека дечкоти пишува со три-четири други што личат на мајкл џексон и дека фаќаш инфекции 7 дена во неделата. Се пеплосав од љубомора. Сами сте си криви и не заслужувате апсолутно никој околу вас. Ни фамилија ни другарки. Толку.
Уште нешто не треба да се аплаудира на маж кој што не е ваков и работи дома и да се вели на жената "ти се погоди, секоја чест". Прво не е за чудење и аплаус затоа што така треба, тоа е нормално однесување не е ништо вау.. Второ не и се погодил мажот на таа жена така што и паднал таков од небо, само знае да избере и не прифаќа било што по секоја цена за да не остане сама.. И уште во врска најчесто се познава кој каков е може да се заврши врската навреме, само при очи се правите слепи.
Ова, ама не на I'm not like other girls начин, туку смешно е колку е прелесно да ,,штрчиш'' во Македонија, ништо што е малку поразлично не му е нормално на народов lol.
Разгалување со пари и скапи подароци е само плус во една врска, ама не и еквивалент на добро третирање на жена. Мислам дека инфлуенсери како Шира Севен кои ги проповедаат овие дејтинг стратегии се женски двојници(на ниво на менталитет) на Ендру Тејт, и не се ни шалам. Две различни страни од истата паричка.
Цело мислење, а овој дел особено. И болдираното треба секоја девојка да си го напиши на лист, да го залепи на ѕид до кревет и да го чита за добро утро.
Зима ли е ,лето ли е , нова година или што е ...од година во година се по тапа и по тапа празници , жал ми е за новородените деца што никогаш нема да ги доживеат 90тите
Сега како сум слободна за празнициве, скапувам на електронски уреди ама... на продуктивен начин? Ги исчистив сите непотребни датотеки на лаптоп, се што ми се натрупало во Downloads, организирав по фолдери. Имав 4000 зачувани видеа на Тикток, ги гледав сите индивидуално за да избришам се што не ми е потребно. Потоа сите што останаа ги организирав во колекции, а сите препораки за филмови, серии и книги ги запишав во Notion да ги имам на едно место. Ги исчистив сите непотребни слики од телефонот, ослободив 5гб меморија, исто ги избришав сите глупости од Забелешки и ги организирав забелешките по фолдери. Не знам дали е нормално што толку време потрошив на мојот дигитален свет, ама некако се осеќам прочистено и организирано, ко да ми се склопија некои коцки во мозокот.
Животот е многу поубав кога ќе се опкружиш со жени кои го сакаат најдоброто за тебе и те поддржуваат да бидеш најдобра верзија од себе си, наместо постојано да слушаш гласови кои ти викаат дека претеруваш и пасивно агресивни коментарчиња за тоа колку они за разлика од тебе не се замараат со изглед/хоби/интереси итн. Навистина не вреди да се смалуваш за некој друг кој се чувствува неудобно и му недостига креативност да ужива во ситниците на секојдневниот живот. Посакувам ова да го сфатев порано.
Зашто се помалку мажи возат коли од младиве. Сериозно, возачки не земаат. Женските ги возат. Не им е вака малку незгодно? ( Овде не се оние кои ради преживеана траума не возат).. Тротинети важно возат...
СДК... Колку ми го разубави денот една вработена во маркет што стои на фрижидери, толку беше среќна и расположена и покрај толкавата гужва што и се правеше. На сите што им сечеше на фрижидерите, така убаво насмеана до уши, топло им посакуваше Среќна Нова година и среќни празници Ме врати во детството кога Нова година и овој период навистина имаа еуфорија и магија и кога одев со мајка ми и татко ми да купуваме за Нова година и Божиќ
Лечење комплекси на најјако е кога на млади луѓе што живеат со родителите им се кажува оти они како возрасни треба да се иселат од таму место да ги ранат. И ајде океј, да треба. Али Снаи и свекрви е полна со мамини синчиња што лагано си донеле и жена и деца си склепале таму и тука имаш "ама тоа е и твој дом, нема што да си одиш ти". Се гледа кој е недозреан и фрустриран од тоа ама ајде на млади луѓе ќе им се паметува кој бил зрел и возрасен
Среќни празници и од мене,убав помин на сите за Нова година,кај и да славите и нека 2026 биде поуспешна година за сите,на секое поле.New year new energy