Јас сум на компјутер на работа до 23ч. Така да после тоа со руска, кифли и Фемина. Не си го зедов 31ви, а можеби требаше.. но крај краева и каде ќе одев по ладново, пак ќе требаше некаде дома си се тешам.
Ќе си се дружиме чим така. Посебно ако си интроверт, не постои подобар дочек. П.с. Едвај чекам да видам кој на кого ќе го запроси вечер.
Леле, морав да го искоментирам ова. Дали го имате овој муабет некаде правено? На Форумов? За амели не знам баш, за димон дежа ву доживеав, баш исто ми се прикажа дека веќе ја имаш 2016 спомнувано, дека најбоље година била и така натака. Среќна нова на сите инаку, да бидеме подобри луѓе од тоа што бевме годинава.
Држам среќа, стискам палци во 2026 г, убаво платена работа во пријатна колегијална атмосфера нека ти стане реалност ...... Едвај чекам да ја вкусам домашно приготвената погачка со маслинки и маслинов зејтин, мое дело И за крај, среќни Новогодишни и Божиќни празници на сите форумџики и форумџии
Ви посакувам среќна нова година на сите, здравје и успех. Јадете што сакате, прошетајте кај имате желба, љубов, авантура, за женетите нешто на страна да онадат. Тоа важи и за мажените. Животот е краток.
Знам дека е носталгија повеќето ама с а к а м да е пак 2015/6, да имам 18 и да ја изживеам пак ерава. Можеби само со малку повеќе ум. Песна во позадина што ми оди со овие слики: