Spoiler Среќна Нова луѓенца, ви посакувам многу здравје, среќа, љубов, успех и моменти што ќе ги паметите цел живот. Нека сите ваши желби станат реалност во новава.
Среќна Нова Година на сите, нека ви биде најсреќна досега исполнета со многу здравје, среќа, мир, успеси и љубов. Камо да биде прекрасна за сите.
Среќна нова дечки,да сте сте живи здрави и најсреќни до сега.Само убави моменти да имате во новата и сите желби да ви станат реалност.Нека оваа биде најубава и најуспешна година до сега за сите нас.
И не се смениле и никад нема да се сменат. Мислам дека сега им текнува на овие постариве дека ќе умрат сами, затоа што цел живот го поминале манипулирајќи и лажејки. Градење на свое задоволство врз туѓа тага и болка, на жената и децата. Па се трудат да го свртат кругот наназад. Ама не оди тоа така. Кармата штипе јако. Ќе ти текне што све си згрешил кога ќе седиш на 80 години, сам, во соба со мувлосан таван, пожолтени завеси. Нема шо да јадеш, нема каде да идеш, со кого да идеш. Никој не ти се јавува да праша како си, затоа што додека си живеел вистински си ги забодел сите в грб и малтретирал. Се по заслуга.
Среќна Нова Година и на сите нека ви е најдобрата до сега! Да се исполни онака како шо сте замислиле.
Женски, Среќна Нова. Здравје, среќа и многу многу љубов, да ве следат во Новава. Да бидеме тука еден за друг.
Годинава ми е прва цела календарска година да одам во теретана. Повеќе од двесте тренинга направени. Очекувам годинава по иста рута да оди, може малку поинтензивна во однос на тренинзите. Јако е, кога ќе си го средиш телото сѐ се подобрува. Повеќе читам, повеќе гледам филмови, подобро се чувствувам на секое поле, едноставно. Среќна нова! Здравје, убавини
Среќна нова на сите, да ви биде најубава година исполнета со многу здравје, среќа и љубов. Се надевам дека оваа година ќе ми биде пресврт од сите до сега, особено од 2020 наваму сите години најлоши ми беа, некако 26ка убава бројка ми е имам надеж. Имам многу планови за годинава и знам дека ќе се држам до нив до средина на месецот, како и секогаш.
Ова стварно заладило времево Па до вчера лето беше Барем ко за лето го рачунав јас, денес некако подруго.. Мраз амааааа се осеќа некоја свежина, убаво е Уште снегче фали Нека биде годинава бар малце помирна, тоа барем
Среќна Нова Година! Ви посакувам исполнета година со убави моменти и позитивни промени. Пред се здравје, а потоа мир, љубов и среќа! Се најдобро на сите!
Најкриво ми е дека Емили Армстронг не ја знаев од претходно туку од ко ја „посвоја“ во Линкин Парк. Зошто сега си слушав Хејлсторм и помина албумо и продолжи на „радио“ и наеднаш слушам нешто ПРЕУБО и гледам ''Dead Sara'' (кај шо пееше Емили). Дали то 2026 ја почнувам со нов (втор) омилен женски вокал? Лизи никој не ми ја заменва, то барем е сигурно. едит. Леле пак продолжва плејлистата, си вајбам и: Се намовнав.