Да, музичките канали се гасат, ќе остане како канал кој ќе емитува свои ријалити формати и серии, така прочитав.
СДК: Ми текнува пред 2-3 години кога јадев грозје под масата. Толку бев фокусирана да го изедам целото и навреме, што заборавив да си ги замислам желбите *Laughs in pain* Мислиш на натпревар по јадење грозје бев Тоа пак што изгледав и како Гуливер под масата, то сад није тема приче Енивејс, во новата година ви посакувам регулиран нервен систем и да можете да си купите сè што си скриншотнувате
Леле, дали е тоа она со јадење 12 зрна грозје под маса за во новата година да најдиш љубов? Сакав годинава да го правам истото, но не купив грозје, а можеби low-key и не сакав да се фокусирам многу на љубов оваа година.
@Amellie13 Некаде е за љубов, некаде за општо убави желби, здравје, богатство, односно можеш за што сакаш, важни се личните намери . И јас за второто бев со намера, за некои проекти и поголеми сништа, ама сè што добив беше прва награда по јадење грозје таа вечер
Леле и во Новава ќе е тренд Gender Reveal по социјалните мрежи? Бар в кревет кај што сте да се сликате и снимате.
Вештачкава интелигенција ми стана језива, отворив да прашам нешто во врска со камера за видео повик, дали ќе ми го осветли ликот ако во соба ми е темно и ми враќа еве сега ќе провериме и сама ми се уклучи камерата на телефонот
Што се деси со сите? Лажат, сушат. Ако некој ми каже надвор е сончево стварно ќе искочам да видам дали е. Зошто толку е нормализирано лажењето и манипулирањето? Секој пат кога ќе одлучам да дадам време и внимание на дечак, другарка или фамилија ми покажуваат зашто треба да не постојат за мене. 24/7 сум достапна, личен психолог и келнер, ама моментот кога сакам јас да разговарам или излезам, прашина. Не остана никој. Користољубиви, љубоморни паразити. Сите до еден.
Тоа е знак да кажеш НЕ на сите тие 24/7 да ги откачиш и престанеш да бидеш слуга психотерапевт луѓе скоро и да не постојат личат ко луѓе ама не се ако очекуваш многу од луѓето уште повеќе ќе се разочараш јас многу пати ја ставив мојата рака за друг во огин ама сега сама си ги лечам ожиљаците и тоа од кој најне сум очекувала така да.
Можеби е трауматизиран и исплашен. Си требала барем да му кажеш добар ден како сте, колку да му ја кренеш самодовербата.
Веќе некое време макнувам со прстите во ова тема, ама си реков дојде денот да ја продлабам малку. Коренот на Мадона-курва комплексот е мизогинијата. Зошто? Ваквиот комплекс влијае на мажите да ги стават жените во две категории: или се мајки (Мадона) или се курви. Мадона е идеална жена, мајка, грижлива, субмисивна, се грижи за домот и децата, ама од друга страна не ги исполнува сексуалните фантазии и не е сексуално битие зошто така се „валка“. Од друга страна курвата е валкана, површна, нечиста, само за забава и не вредна за љубов, ама та е сексуално битие кое ги исполнува фантазиите зошто можи да се оддели од тој „чист“ дел во кој се става Мадона. И уствари ова е водилка за мизогинија зошто жените се ставаат во ригидни категории, иако и Мадона има сексуален нагон, и Мадона сака да е посакувана и да е цел на фантазија. Исто и „курвата“ сака да е сакана и вредна за љубов, а не само да е нечија фантазија. Реченицава убаво објаснува: „овие мажи онаму каде што сакаат - не можат да посакуваат, и онаму каде што посакуваат - не можат да сакаат“. И ова ултимативно е секогаш на штета на жената зошто секогаш излегува несреќна и како да игра улога. Многу често читам проблеми онлајн на луѓе и ќе прочитам: „се роди првото дете и не сакаше да му дам орален секс зошто го бакнувам детето со таа уста“ или „не верував дека некои мажи се менуваат во брак, но од кога сме венчани тој не ме посакува како што ме посакуваше додека бевме во врска“ и многу вакви јасни индикатори на ваквото гледање и делење на жените во две ригидни категории. Фројд првично го измислил терминот „Мадона-Курва Комплес“ (МКК или латинично Madonna-Whore Complex MWC) за да ги опише мажите во хетеросексуални врски кои повеќе не ги гледаат своите партнери, за кои имале романтични чувства, како сексуално привлечни. Теоријата на Фројд беше дека мажите со овој комплекс не можат да направат разлика помеѓу љубовта кон својата мајка и љубовта кон нивниот романтичен партнер. Мажите кои го имаат овој комплес, не можат да ја гледаат женската сексуалност како „љубовна“ и „сексуална“. Мора да биди или-или. Или „љубовна“ или „сексуална“, ама никако двете заедно. За да се справат со вознемиреноста која ја носи овој комплес, овие мажи за да осетат сексуална привлечност мора да сведат партнерката на сексуален објект, зошто само тогаш можат да не ја асоцираат со Мадона или „мајка“. И многу често одбираат партнерка која не им е сексуално привлечна, само зошто ги исполнува другите услови кои сметаат дека една сопруга и мајка мора да ги има. Би додала дека и е привлечен од партнерката во врска, но таа привлечност ја нема во брак и кога стануваат родители. И затоа сексуалните фрустрации често се „лечат“ надвор од бракот, кај жена која по нивни стандарди е „курва“ или промискуитетна. The Madonna of Humility with the Temptation of Eve 1400 Olivuccio di Ciccarello Сликата на Ди Чикарело многу добро го опишува тоа „црно-бело“ гледање, каде ја имаме девицата Марија, целосно облечена, со бебе на града, горе во светлината. И под неа ја имаме Ева, гола, грешница, во темнината. И зошто уствари се смета дека мизогинијата е основата и коренот на ваквото гледиште, и како уствари жените се повредени од истото? - Феминистичката теорија ни кажува дека овој комплекс е длабоко вкоренет во поддржувањето на нашето патријархално општество во обид да ја контролира сексуалната автономија на жените. Срамот на жените кои имаат сексуална слобода ги зајакнува штетните родови стереотипи и двојни стандарди, дозволувајќи им на мажите да ја задржат позицијата на моќ. Sacred and Profane Love 1514 Tiziano Vecellio Премногу поединци се плашат од зборот „феминизам“ и како тој може да ги промени општествените и сексуалните реалности. Проблемот е што ако не ги промениме овие мизогини подвизи, жените ќе продолжат да страдаат, а мажите исто така ќе го носат товарот на токсичната машкост (и сите знајме дека тоа не е во корист ни на мажите, ни на жените). Мораме да размислиме како зборуваме и размислуваме за сексуалната автономија на жените за да создадеме побезбеден свет во кој жените ќе можат да напредуваат, без да се плашат од осудување или да трпат било каква форма на насилство. И се ова ме носи до важноста на женската сексуалност и како општеството пробва да ја контролира жената со ујачување на срамот од нешто шо е уствари ... нормално. Ако на сексуалноста се гледа како на нешто нормално ќе имаме реалност каде сексот ќе биди побезбеден, посакуван и нема да постојат истиснати чувства на незадоволеност и фрустрација. Ако некоја жена сака да има секс, ќе има секс зошто потреба за секс и функционално либидо е знак на здравје и здрава врска. Исто ќе се тргни табу околу притисок за и околу секс - не е срамота некоја да не сака да има секс, исто како што не е срамота некоја да одбери да има поинаков секс, и на овој начин ќе можиме сите подобро да разбериме и идентификуваме и „суптилно“ насилство во сексуална врска. И така. Thank you for coming to my TEDtalk.
Сакам да кажам дека од толку негативни мисли, лошо расположение, стрес за се и сешто и хипохондрија си закачив болест. Јас сум таа што никогаш не се разболуваше, што беше позитивна... а сега - психички на дно, а кај и да е и физички ќе почне да ми се познава!!! Дефинитивно ми треба помош од психолог!
Не знам што си чекала до сега за да ти стане полошо. Обавезно најди некој добар психолог за да ти помогне. Можеби и некоја од болестите ќе си спречела навреме.
Чекај па ти. Не мора сите околу тебе да ги обвинуваш. Можеби не си налетала на вистинскиот, а си магнет на тие манипулаторите и лажовите. Сврти нова страница од книгата. Има и чесни луѓе. Не се сите такви какви што мислиш, само си налетала на погрешни луѓе и тоа е.
Колку било прелесно да им кажуваш на другите што треба да прават, како да си го живеат животот, какви одлуки да носат, како да постапуваат.. Да, лесно е, не те боли, не те засега лично, не си им у нивна кожа. Зашто волку е тешко себеси да си помогнеш? Што и да правам не можам да се изборам со самата јас, против себе идам, наместо сојузник да си бев..