Која е поентата да се расправаме? Мене ми се оргинални и предобри затоа и ја пофалив, секогаш кога ќе видам дека некој е добар во нешто ќе му кажам браво. Ова е хоби што бара и многу живци и време и истражување и талент за вака добро да се вклопи.. И мислам дека треба да продолжи со ова и добро е што не ги чува за себе туку ги споделува.. Жал ми е само што јас сум мрза за читање долги текстови и не читам се, прескокнивам работи.. Секогаш кога нешто е предобро, луѓето мислат дека не е оргинално. Среќен Божиќ и на тебе..
Значи ве молам, неќам да ми ја браните "честа". Објаснав зошто воопшто пишам и понекогаш лепам во СДК. Да сум научник и да е ова нешто официјално - па да е релевантно. Јас немам корист од ова шо решавам од белешки да извам тука, буквално сум обичен смртник седнат на маса со кафе хиперфиксиран на одредена тема. Некогаш ме фаќа инает па некој период ич не ни ставам тука нешто јебига. Буквално е заклучок на то шо читам и гледам одреден период зошто така процесирам информации. Лета магарето? Лета. И то високо. It's literally not that deep for me.
И? Сите го правиме тоа на форуми кога сакаме да се искажеме поаргументирано и побрзо. Не е академска средина, па да е страшно.
Ја тебе ти ги пријавувам мислењата коа ти се со ејај пишани. Ајде да е некоја дефиниција, цитат или листа поими на Гугл најдено, ама друго е и нивното објаснување да го ископираш и да биде као ТВОЕ мислење. Ако некој не знае да се искаже, ондак нека си ,,ќути,,. Да изгуглам можам и сама.
Шодека станав рано кога не можам од кревет да станам два сати? Не ми помага и мачорот шо ме гушка поќе секој пат ко ќе напрам напор да станам. Ама не се жалам, нека се мази.
Тогаш, пријавувај од сите оти нема некој кој не зема од ВИ. Јас барем сум една од тие кои признаваат дека го користат online. Знам да се изразувам, само на форуми не се замарам кога и останатите не се замараат. Кога користам ВИ (тоа е само кога немам време или ме мрзи ), му давам инструкција да ми издвои дел од автори од кои сум учела и кои важат за експерти. Не безвезе. Ми има меморирано важни делови и од мои есеи кои си ги зачував и преку алаткава за да ми се најдат кога не ми се замара. Кога имам време и не ме мрзи, си вадам од белешки од предавања или директно од скрипта.
Да корисиш chatgpt за да пишуваш на форуми е така малце ?¿ Малку сум наивна, не знаев дека и за нешто волку неформално луѓе се потпираат на вештачка интелигенција наместо да склопат 3 реченици(кои не си ни обврзан да ги напишеш).
Леле озбилно користите чатџпт за пишете мислење на форумот? Зошто? Заради лајкови? Опседнати сте со форумот, живот имате ли кога ќе се исклучете од овде?
Катастрофа Ау еден ден ќе дојде редот коа нема да знаеме мозокот да си го користиме, ама буквално да не знаеме да го вклучиме Има
Буквално не е исто? Кога одлучуваш да напишеш огромен есеј на некоја тема, користиш извори кои ќе ги прочиташ, разбереш, поврзеш и срочиш во една целина - сам.
Имам проверено. Кој од ChatGPT, кој од Aria, кој од Copilot, кој од Gemini... Некој си комбинира. Да не се разбереме погрешно. На факултет и на работа апсолутно и исклучиво мора да вложиме сопствен труд. Форумите не се формална средина и не ми пречи да се употреби скратен пат. Кога почнаа цитирањата, јас напишав мислење со кое се гледа дека не сум против Димн. Знам дека знае да се изразува и покрај тоа што дел од текстот е малку изменета мисла на друга жена. Што секако не е проблематично овде и е нешто базирано на академски истражувања. Јас реагирав на реакцијата на членките. Ми пречи таргетирање на една кога тоа е нешто што стана навика на сите. Две нови членки (едната од ноември 2025, другата од пред некој ден) се фатија за мислење на една стара членка. Зошто баш нови се замараат со проверки на нечие мислење? Мириса на дупли...
Дали би сакала да ти напишам уште еден пасус во кој појаснувам зошто користење на ВИ при пишување на форуми е корисно? Sent by ChatGPT
Баш зашто се неформална средина зошто би терала робот да ти пишува мислења кои треба да се комуникација измеѓу вистински луѓе? Не дека некој те плаќа да пишуваш мислења тука. Ама океј, секој со своето.
Вештачка интелигенција да ми пишува текстови што ќе ги употребам на форум? Неее. Не само на форум. И на социјална мрежа, секаде сакам јас да бидам јас. Да си се искажам одвнатре што ми лежи или што мислам, со својот речник. Не забегувајте дотолку, друг да "мисли" за вас.
Ох Господе, уште ова го немав прочитано. Да дојдам на форумов, со цел да дебатирам и да користам АИ да ми ги срочи мислите. Какви генерации, ќе седнат во кафич и со chatgpt ќе комуницираат, затоа што не сакаат мозокот да го уклучат за две просто проширени реченици. Јас би се брукала да спомнам вакво нешто, уште повеќе за форум да го користам. За форум, еј, за форум.
Катастрофа е со ова користење на вештачка интелигенција. Никакво развивање на мозокот. Што и да напишеш не е грешка. Не гледам јас натпревар помегу мислења. Масовно се користи и по факултети и на работа.