Не ме прашувај мене кога веќе ѝ кажав на Гош зошто и дека е понекогаш. Плус може да е мој личен текст, само скратен од ВИ оти јас не сум можела да го кратам во моментот. Јас никој не прашував кога при проверки ми излегуваше generated by Copilot, this person used a version of me/this person used text generated by Gemini AI, taken from a research made by OSCE/ODIHR и слично. А, колку тек знаат да ѝ наредат на ВИ да го направи постот да звучи човечки со зборот humanize... Откако и при обично гуглање има ВИ во пребарувачот, нема смисла да се таргетира само еден човек.
Вештачкава интелигенција е пример како човек може да се затупи , порано мислев неработењето го прави тоа, сега конкуренција има
Буквално валидно е да користиш ВИ за научни трудови, а не на форум. Прекринџ е, не можам. Ако немате што да кажете на форум, тогаш... форуми не се за вас? Срамота..
И јас сум приметила преведени филозофии и есеи тука од reddit и ВИ. Затоа и есејски постови тука не ни читам, па и темите што веќе сум ги видела исто така. Изразувањето треба да е кратко, јасно и оригинално на форум.
Ама некои луѓе мислат дека ако изнапишат реферати се кажале ,а баш кратко и јасно може подобро да изгледа и исто да се каже во скратени црти
Требаше да вложиме. Сега нема некој што не користи вештачка интелигенција за тоа. Штета што и на факултет ја користат и после кажуваат е џабе ти е факултет, не се учи се од таму. Нормално кога 4г си поминал со chatgpt нема да памтиш што си учел. Додека јас студирав голем дел од испитите ми беа со критичко мислење каде што на крај на памет не ми текнуваше да користам вештачка интелигенција. Каде оди светов дури и страв ме фаќа за моите деца утре/задутре.
Не бе стварно заслужувате некој скем да ве снајде, на некој фејк линк да наидете и за секој збор по 100 евра да ви украде или податоци од компјутер и све и да се чудите после што ве снашло. Некој што му треба стварно за да сработи нешто ќе штеди колку го користи, некој е вака ќе си игра qrот со ова. Сфаќа некој дека користењето на ова не е еколошки во ред? И затоа не треба да го користите за глупости?
Не те "таргетирам" тебе специфично, туку сите кои ќе се пронајдат. Ти си призна дека користиш па затоа кон тебе го насочив мислењето. Некои од нас се изразуваат на долго и на широко уште пред да постои концептот на напреден јазичен модел. Долг текст не е еквивалент на копија/ВИ.
Не е валидно освен што некаде може да се толерира како мала помош за парафразирање. Ако целосно се потпираш на ВИ може да ти се смета како плагијат и да подлежиш на дисциплинска санкција или исклучување од студиите (во зависност од законите на државата и актите на универзитетот). Некои си мислат дека професорите нема да се замараат со проверки. Но има посветени професори кои ценат вистински труд и кога ќе детектираат буквално копирано и/или генерирано со ВИ, одма ги враќаат студентите. Кога чекав кај една за вербално аргументирање на семинарска, жената ми кажа дека само 5 (една од нив мојата) од 20 семинарски кои ги прегледала не се плагијати или немаат знаци на употреба на ВИ). Што е страшно за таква средина. Инаку, и алатките и ние не можеме баш секогаш да погодиме дали некој употребил ВИ оти има луѓе кои знаат да се изразуваат формално или така ладно како ВИ. Прво, второ, трето, како прво, како второ, како трето, можеме да забележиме/заклучиме дека, сумирано... Овие (и изразувањата со цртички) се употребувани од многу луѓе и пред појавата на ВИ. Да додадам. Некои од проблемите во темата за свекрвите и оние во љубовниот дел се копирани од приказни генерирани од ВИ, оригинално постирани на Квора или Редит. Па, никогаш не е сигурно колку нешто е вистина.
Додека не дојде Божиќ. Инаку за форумот користам chatGPT кога цитирам текст од Библијата, знам како оди стихот од прилика ама не сум сигурен кој е и да не барам низ Библијата побарам од chatGPT да ми го пише. Плус Библијата што ја читам ми е со Србски превод и ако преведувам јас стих не сум сигурен колку оргинално ќе го преведам.
Ќе ви дадам неколку реченици. Една верзија е напишана само од човек, една од човек со помошно парафразирање од ВИ и една само од ВИ. Дали можете да погодите која од кого е напишана? Ова би требало да е лесно. 1. Во денешниов свет сè почесто се чувствува дека критичкото размислување не е добредојдено. Наместо дијалог и размена на аргументи, различното мислење често се доживува како закана, а не како можност за учење. Луѓето се охрабруваат да се вклопат во доминантниот наратив, дури и по цена на сопственото размислување. Како резултат, се губи просторот за здраво несогласување и вистинска интелектуална слобода. 2. Во современиот социо-културен контекст се забележува зголемена нетолеранција кон критичкото размислување и алтернативните перспективи. Различното гледиште често се перципира како девијација од прифатените норми, наместо како конструктивен придонес во јавниот дискурс. Овој феномен доведува до намалување на плурализмот на идеи и ограничување на интелектуалната автономија. Како последица, се создава средина во која конформизмот има предност пред аналитичкото размислување. 3. Во актуелниот глобален општествен систем се евидентира тренд на редуцирана толеранција кон критичкото размислување и изразувањето на неконвенционални ставови. Доминантните дискурси функционираат како регулативен механизам што ги маргинализира алтернативните интерпретации. Различното мислење се третира како отстапување од воспоставените рамки, а не како легитимен аналитички влез. Ова резултира со стандардизација на мисловните процеси и ограничување на когнитивниот плурализам.
Затоа еден куп сезнајки и сезнајковци тукаааааа, а така значи, јасно Ја па се чудев од кај вака зачудувачки толкава интелигенција ко за народ од Северџанија Фрапантно нешто уаууууу Стално сум се восхитувала на некои ликови колку многу знаат За некои ствари арен е и полезен, доколку правилно се формулираат прашања, баш се наоѓа, ама да зеам да му кажувам да пишува место мене, ја само да го ископирам ... Еднаш имав копирано реченица, и кажав дека ме мрзеше, па затоа. Една ебана реченица, али така и се почиња Редно е AI copyright да бара, епа не иде ова вака више бе..
Замислете две членки тука се расправаат со денови, за на крај да се испостави дека уствари ChatGPT и Gemini се расправале преку нив
@nextredstyle ја уште одамна иам мрчено дека пријавувам мислења од AI, а тебе ти кажав оти сама си призна плус почна многу да го користиш оти задњи две пријави кон тебе ми се, така да немој да си ласкаш дека си таргетирана од мене. Друго, коа веќе знаеш дека има мислења крадени од интернет, а не инспирирани тогаш кажи од кого, а не да си ги користиш како оправдување за себе. И задњо, како имаш време и нерви да проверуваш мислења дали се AI, па уште и у Љубовни кај шо знаеме само тролови пишуваат, или па ботови за промет свака част. Ја знам при самото читање, а AI не користам за ништо, ни за проверка нит па за завршување школо. Како сме тргнале, со видеа од ЈуТуб попрво сама ќе си вадам слепо црево дома, него ли кај некој доктор кој завршил школо со бот кој не ни дава точно инфо и дава информации соодветно кој го плаќа и кој го користи.
https://forum.femina.mk/threads/Користење-ВИ-за-пишување-мислења-на-форум.35751/ Еве тема каде што можете да се цитирате ако имате што да дополните од постовите овде.