Можеби некогаш гледам многу емотивно во смисла како би се осетила друга странка ако види на интернет дека сите имаат огромни маси со јадење итн, и фамилија собрана... Замислете ова го гледа човек што е сам без фамилија, можеби и сираче без родители и слично или пак едноставно фамилија што нема да си приушти олку богата маса како што се претставува за празников... Мислам дека христијанството (треба да ) не учи за скромност, емпатија и да се помага каде што се можи... По мое видување и ако сум judgemental ( а често сум што не е моја добра карактеристика можеби), не треба многу лигавање по интернет, и повеќе помагање, пример да се донира храна или пари баш за вакви празници, или некој ако има продавница баш со храна да се даде бесплатно или поевтино на некому кому то би го израдувало многу, а нема пари да си приушти... али тоа сум јас и моите розови наочари.
Мислам дека сржта на православието е скромност и интимна посветеност на бога, а дали имало сарма или суши, никого да не занима, ама ете. Христијани се инаку и јеховини сведоци, и протестантски пастори, и католиците со индулгенциите. Ама ако славите Бадник на 6ти јануари, не знам...
Најсмешен адет за Бадник ми е кога луѓево намерно ја оставаат масата нераскренета после вечерата, со образложение дека ноќта Господ ќе дошол да јаде Колку и да изгледа смешно, сепак луѓето навистина потсвесно веруваат во тоа. Можеби не веруваат дека Господ ќе влезе да јаде од нивните остатоци, туку дека несреќа ќе им се деси ако ја раскренат трпезата. Жално. Тоа е познатото ропство на адетите старински. Среќен Божиќ на сите и ви го посакувам она што Исус го вети за сие: Да ја запознаеме вистината и вистината да не ослободи. Едно ослободување кај мене беше и ослободувањето од ропството на адетите. После тоа ослободување можев бес никаков страв или немирна совест да си ја исчистам масата после вечера знаејќи дека на Бог тоа му е мило и драго.
Сакам да кажам - каков ден и да имам, вечерта легнувам в кревет и иди мачорот и почнува да преди над мене и наеднаш шо и да болеше - не боли, шо и да ме мачеше - не ме мачи. Секогаш вака дур си лежиме на вечер ми е доказ дека сум способна да сакам толку многу.
Сосема ми е во ред да се крши лепче со паричка за домашно милениче. Кога нешто те праи среќен, те расположува, ти влијае толку позитивно, нема како да се доживува ко нешто лошо, чудно и забегано. Поентата нели беше да осетиш спокој, мир и благосостојба? Епа ова е тоа. Не очекувам секој да го разбере ова, затоа што се нема така длабоко поврзано со миленик, па не може да знае. Имај го преку 12 години, зближи се до толку за да ти стане се', па потоа демантирај слободно, ако можеш. Среќен празник, за многу години нека е
Ич не ми е чудно што се осветуваат полициски коли во СРМ. Мене ме изненадија негативните реакции од народ што е длабоко суеверен и декларативно религиозен (99% според попис). Народ што не си ја познава добро религијата, ниту пак ја практикува, што дреме по бајачки, исцелители, волшебници, што верува во уроци, па малку астрологија и натални карти, нумерологија, маЏии, црвени конци и слични тракатанци, ама наеднаш станува строг чувар на секуларизмот кога ќе види поп со кандило кај полициска кола. Истите тие што имаат најголема доверба во МПЦ и ИВЗ (според анкетите), одеднаш се згрозени што верата се појавила во двор на институција, лол. Ова ме потсети на тракторите за време на Ковид пандемијата, кога попови осветуваа улици, скроз заборавив на тој феномен. И после целиот тој театар, пак бевме со огромна смртност. Фиромците ми се феномени, кога ќе цркнам, ако постои реинкарнација и пак се родам овде, ќе се обесам на папочната врвца. И сеа коо за беља ќе се родам у Авганистан, што е далеку полошо. Спојлер
Среќен Божиќ! Сејм. Ова е најдоброто чувство. Најефикасен лек. Дааа.... И лани и вчера кршев парче и за мачорот. Лани имав две лепчиња, во едното кај него се падна. Кој што сака нека рече, тие се дел од семејството.
Еве го фиромското и во тебе, секогаш може и полошо, затоа ќути си и трај си. Сепак, наведната глава сабја не сече.
Да се пофалат колку се вредни домаќинки и колку све имаат на богатата трпеза, додека друг може нема, и ич не им е гајле за тоа. Можам да замислам по тоа групине по фб како фрчат слики од страна на теткине Пошо ако не си сликал, и не си ОБЈАВИЛ е исто ко да не си праел/славел Малограѓанштина, не не' напушта и не бре Ние викаме дека најбитен член ни е Епа не за џабе е љубимец
Натпревар е прав, иако кај мене па и не излегуваат. Зачистив последниве години, па останав со скромна бројка пријатели. СДК, Христос се роди!