Не очекував дека ќе биде вака како што е .ПРЕУБАВО Знаев дека имам голем круг на луѓе кои ме ценат,сакаат,почитуваат,другари,пријатели но не бев свесна дека мојот круг на таквит луѓе е преголем. Тоа е навистна голема среќа задоволство и чест за мене Туку сакав да ви се пофалам дека и конечно сватовите се запозна,да да официјално се пофалив пред сите за мојата одлука,честитки на сите страни,сите се изненадени и радосни Татко ми кој по природа е молчелив и повлечен човек синоќа ме изненади најмногу направи да сум горда што имам такви родители. Задоволен од зетот задоволен од сватовите денеска се испофали на сите дека има зет.Мајка ми плаче од среќа се јавува на блиски роднини пријатели,среќа вистинска среќа ,не ни замислував дека овие работи носат толку голема радост и голема блискост во семејството.Но кога ќе почуствуваш на своја кожа се е по друго.Му велам на љубави: абе мака ми е што плачев 3дена од кога го добив прстенот А мажето мое колку е среќен не сте свесни. Седиме синоќа на маса јас на една страна тој на друга намерно седнав спроти него го гледам и сама му се восхитувам се полнам од среќа гледајќи го како се смее,како образите му црвенеат но се прави како да не се срами ниту малку,се гледаме еден во друг се смееме од убавина,се гледаме и не зборуваме ништо само се смешкаме -тоа е уште едно задоволство која што сум среќна што го почуствував. 2-3 пати ни пререкоа:абе кажете што ви е толку смешно да се смееме и ние со вас Среќен сум,гледам и не верувам што ми се случува,мојот сон се оствари,ти ќе бидеш моја жена,верувај дека ќе бликаш од среќа до крајот на животот -ми вели Ах колку го сакам ... Само здравјето нека не служи сите, се со ред ќе се среди и се ќе биде,знам!!! Ви посакувам сите да ја доживеете вистинската љубов и да ја најдете личноста со која ќе бидете спремнида го поминете вашиот живот.
Секогаш кога ќе видам некој повреден и сл., или кога ќе слушнам како ми збори некој за повреда, ми се чини мене ме доболува не знам зш така се осеќам, ги гледам жениве со тенки половини на статијата, корсети носеле, како ли дишат не ми е јасно, многу е тоа, ги видов и језиво некако ми стана.Освен тоа, па и кога некој ќе ми опишува рана, триста слики низ глава ми поминуваат и паметот се знае дека отишол. Ми се спава, ќе е арно да заборавам на претходново.
http://forum.femina.mk/members/stefanco.95165/ Ај ве молам банирајте го господинот, изгледа се помешал дека е на некое сајтче за порничи.
Мама и тато ме учеле да бидам човек... Ама да кажам нешто искрено, сакам да бидам мајмун и да го покажам средниов прст без грижа на совест... сакам да сум мачка и да чекам некој да го заврти грбот за да нападнам... лавица, за да му покажам на мојот лав дека не може да живее без мене... мечка, за можам да ги изедам тие кои ги задеваат моите малечки..... Искрено сакам да сум се, само човек не
Сакам се ова што ми се случува да е само сон, да се разбудам и се да завршииии. И конечно да дојдат подобри денови.
Сакам да кажам дека денеска Господ решил да ме угуши абе кај и да влезам, во менувачница, во такси се почуствував ко евреин во гасните комори на Хитлер
Учам и си мислам како нема во Микробиологијава од 500 страни, напредно пребарување како на форумов, па да ми го олесни учењево
Со месеци не сум пишала на темава, не ја ни читам, немам време жени. Сама со малиов шизам веќе една година. Уште малце и ќе славиме. Животот ми е исполнет, со убавини, добро де со полни пелени, каши, расфрлени играчки, а јас како очајна домаќинка неможам да стасам, ете ни збор да ви напишам. Се осеќам како оние домаќинките со два витлера на глава.со марама обвиткна, тенџерото во рака, матам, ручек правам, во дргата малиот, го бркам низ соби, и очајна сум сум за брич. Да, очајна за брич и топла купка. Се туширам за 5 минути, ама мајка сум и среќна сум, ако немам време ни за брич бе. Новава платформа ми е чудна, не ја разбирам, особено она со трофеите. Како ги заработив незнам, згора на тоа сум и популарен член, сигурно е заради стажот. Од самиот почеток на форумот сум овде, а тоа мора да се почитува. Поздрав жени, толку од мене, се читаме следечи пут, кога малиот ќе дозволи, отидов јас да ве следам, жити се само тоа го сфатив, иако несфаќам кои се преидобивките што ќе следам некого.
Овие денови секогаш ми се тажни. Посветени на оние кои повеќе не се меѓу нас...а толку многу ни недостасуваат... Мислам дека секогаш ќе ми фали парче душа, парче скршена душа...замината заедно со него, таму... од каде враќање нема.. Понекогаш.. ми се дешава да се почувствувам лошо..само затоа шо за момент ќе си дозволам да бидам среќна...додека него веќе го нема... ама па шо да праам.. моево срце сеуште чука... Ужасно ми фали... ама јас морам да се борам секој ден за она шо мене ме праи среќна... знам.. Тој секогаш ќе остане она шо секогаш и беше, херој!..еден, единствен и незаменлив.. зошто само еден е тато! ************* Утре е ноември. Неуморно ги броиме деновите до нашето наредно гледање..Месец, уште само месец.. Го чекам нетрпеливо да ми дојде..имам потреба од неговите прегратки, никаде на друго место не се чувствувам толку сигурно и топло ... А и тоа ќе дојде и ќе помине... ќе помине брзо.. и потоа одново ќе се бројат месеци, недели, денови... ахх.. животе...
После многу време правев муабет со другар со кој не сме се виделе 3,4 години сигурно. Ме праша .... Среќна ли си ?? Неможев да му одговорам во моментот . Ме остави во мисла ...
Роденден е денот што го чекаме, цела година, цела година. Денес е мој ден. Ќе уживам максимално и нема да дозволам никој и ништо да ми го расипе. Сум го заборавила она родеденско расположение, кога се радувам како мало дете. Како денес светот да е во розова боја (како фемина). Времето брзо одминува, како вчера да беше кога ми честитаа, а јас постојано викав фала Интересно е тоа дека постои барем еден ден од годината во кој сме оправдани да не ни е гајле за ништо околу нас и да тераме по свое. Бидејќи на тој ден сум се родила, не е мала работа. По правило, се’ уште немам 13 години, покасно сум се родила. И секако, како што е редот, да ве повикам на торта, виртуелна секако Ама што е тука е. А би сакала да ја видевте вистинската, преубава е. А да не заборавам, добив и подарочиња. Од тетка ми фармерки и блуза, од сестра ми ракавички и дот-мејкер, она што оодамна го посакував. И од мајка ми чанта. Епа ептен сум среќна, никој не може да ми го расипе расположението, колку и да сака. И за крај да ве почестам, една тортичка, тудеј ис мај деееееј!
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=EE6B008BA6B1CF4194E62DFFD4E80DC1 Е така... убаво ни го кажаа. Сега нема да се двоумите дали го чекате или ја чекате.
Знаете, јас ја живеам оваа есен. Таква ми е суштината на деновиве, носталгична, летаргична. Болка за едно минато време, кое сонував да биде моја иднина. А боли, навистина боли, не можев ни да замислам дека вака боли. Наутро станувам и ја чувствувам, како тапо ме пронижува. И се движам по ветриштава, по улициве со нечистотии, низ мешаната бучава на луѓе и возила, и гледам празно, и гледам надолу, и постојано си викам „Боже, колку боли“.