Ако можат работниците што работат за 24.000 ден. да бидат уредно пријавени и да плаќаат данок на државата, можат и тие што касираат по 1000-2000 еур од американските диспечерски фирми. Некако многу повредено се чувствуваат поради тоа што државата решила да го стегне обрачот и околу нив. Па не може до недоглед на кредити да се потпира државниот пензиски фонд и останатите државни институции кои се од витално значење за функционирање на државата. Сакаме функционален систем а не сакаме да дадеме ниту денар за истиот. Истото важи и за ИТ фриленсерите. Да работат во странство нема да се жалат кога ќе им биде оданочена платата со висока стапка а во Македонија многу им е и 10% данок да платат.
Сакам скромност Нема нишо попривлечно од скромноста, ама кој знае да ја разбере. Ми смета фалбаџиското Имај авион и не се фали да те видам Остани приземјен и не се замислувај дека си над сите, пошо не си, пак идеш 2 м под земја еден ден.. Ова се људини у права смисла Ги ценам само ретките посебните луѓе. Богами денес да си ваков, слободно за суперхерој би требало да те прогласат.
Роднини мои, на мајка сестра и и зет и работат цел живот на црно, произведуваат прехрамбени производи. Цел живот немаат фирма и цел живот го снабдуваат УЈП со зимници, ајвар, лутеница, слатко од незнам ти веке што само за да не изедат казна. Немаат ни хасап систем ни ништо, само во еден магацин, ставени казаните и работат. Е сега зборот ми е вака, мака ми е тоа што ни 5 денари немаат платено на државата данок, а ние и сите други си плаќаме данок, здравство, образование и се друго. (направија 4 куќи и купија 4 коли нови од салон за сите по една, без денар кредит) Нивните деца беа пишани како социјални случаи и плаќаа се на пола дури беа на факултет, а од дома имаа и имат пари кои не им се пријавени на државата. Пак ќе кажам, ја користат секоја социјална помош и тоа средена преку луѓе кои пак се снабдени со зимници за да зимаат од државата, а истата социјална помош не е доделена на деца кои навистина им треба затоа што тие деца немаат што да дадат. Е затоа фатив магла од оваа корумпирана-банана држава. Мака ми е што многу порано не си отидов, што од мојот грб користеа гнаси. А да додадам, недај боже да влезеш во дискусија со нив за тоа, одма те сечат и ти кажуваат, снајди се па живеј. Сфаќам дека во Македонија само не писмени и криминалци можат да просперираат.
Што ајвар и слатко ќе беа тоа 4 куќи и 4 коли да купиш без кредит?! Сум ја згрешил професијата, треба да почнам ајвар да правам изгледа
Гледам пред некој ден протест на луѓето од куманово шо си работеле авганистан и имаше една женичка му го напика на овие од ујп. Замисли во сиот памет овие шлакнативе од ујп му рекле на луѓево да извадат документи од авганистан, на талибаните сега да му појдиш за документ ... и покрај то шо работеле преку америчка фирма и плаќале данок.. Сите разбираме да се плаќа данок и придонеси во една држава, ама ова се гледа дека државата нема пари и се прават очајни потези. Ова уште поголем мотив за и тие пари шо влегуваат во државата како девизи, повеќе да не се носат и вложуваат тука.
@Alek90 Со оглед на тоа што блиските ги оговараат на форум, и со право на сите им викаат од ајварот е Ферарито
Како толку многу следите црна хроника и тоа детално пратите? Не ви влијае негативно? Можеби сурово звучам, ама за да се заштитам ништо од тоа не отварам и не следам, не ме ни интересира. Лесно се депримирам и запаѓам надоле, уше ова ми фали..
Епа израчунај, кажав што имав да кажам. Не сум почнала да ги оговарам, само коментирам и ги зимам како пример за не способната наша држава. Позз.
Не звучи сурово. Кога не можеш ништо да направиш за некој што бил искасапен, изгорен итн. итн. барем заштите се самиот. Вест во Србија: Внук ги убил бабата и дедото пошто не му дале пари па се самоубил, го нашле во локва крв. Што ако прочиташ ваква вест, си помогнал некому?
Иам впечаток дека луѓето сакаат да се у тек со све, нишо да не пропуштат па дури и вакви настани Мислам дека не чини до овој степен да се оптеретуваме.
@Mrs. right не звучиш сурово. Ми требаше време да сфатам дека светот се случва околу мене и за многу работи - едноставно немам контрола да ги спречам или излечам или попрам. И после си реков, па која е поентата да ми се уништи цела недела за ова една вест шо сега ја читам? И колку и да е tone deaf да се изолирам од одредени вести и новости, такви мали промени напраја огромни промени за моето ментално здравје. Многу е тешко да се стигни до место каде се помирваш дека немаш контрола да напрајш нешто, дека немаш моќ. Ама е место на кое мора да се најдиме. Така да не звучиш сурово, зошто се штитиш себеси. Зошто да се депримираш за нешто шо е вон твоја моќ ако можиш барем малку од тие негативни чувства да ги тргниш настрана? Има вести шо се стварно значајни и каде ставаме поголем акцент и внимание и кревање свесност за нив можи да носи до одредени (системски) промени, и има вести кои се само додаена црна хроника. А, црна хроника има секој ден, постојано. Ако секоја една вест ја читам и прај да имам лош ден, то е лош ден секој ден. Некогаш едноставно мора да се ставиме погоре во листата на приоритети и тоето.
Па види, лично сакам да сум информирана заради своја, но и безбедност на блиски. Не е ни многу арно да сме со розеви очила, а од друга страна па не треба ни нешто „на големо“ да се паничи. Информираноста не штети, сѐ додека е во граници на нормала. А сосема друго е опсесирањето при „копање“ на таквите вести.
"И јас растев така па ете што ми фали, исто им правам на моите деца". И они се успешни, исполнети оти склепале деца, фамилија. Храброст и успех е да го прекинеш кругот со тебе. Си успеал тогаш кога ќе сфатиш дека оној што го сакаш не треба да го трпи тоа што си го трпел ти. Оти за да го направиш тоа треба да го се соочиш и да застанеш достоинствено пред она правило во кое сите слепо веруваат - дека секој родител сака безусловно. А кога самиот си родител, егото не ти дава. Оние што го направиле ова - капа доле. Тие успеале. Другите нека се тешат.
Луѓето имаме природна тенденција да сме привлечени од негативни вести и тоа е причината зошто има луѓе кои опсесивно следат, не дека многу се емотивно засегнати. И јас преферирам да не се задлабочувам многу и не сакам постојано да бидам во тек со сѐ(иако сум лол). Ме нервира и тој guilt tripping кога се налага дека треба да постојано сме информирани и да покажеме virtue signaling по социјални мрежи, како да едно стори има некаква моќ. Сакаш неќеш секако сѐ ќе стигне до тебе, ама не мора свесно да одиме во спирала на надоврзување на нови и нови негативни вести.
Не мора црна хроника да следам, доволно е вести да отворам, се е црна хроника, страв и паника. Читам само наслови, доволно ми е за информирање. А па едни информации, лудило. Најбитна информација деновиве ми е колку минус ќе биде, да знам колку џемпери да облечам, се друго е вон моја контрола, со фак ит.
Сериозен си? Мислиш дека не може? И тоа како си ја утнал професијата штом не можеш да сфатиш дека навистина може да се направат пари "од ништо" и на "лепе очи".
Исто и јас решив повеќе да се изолирам од црна хроника, ми излегува по социјални мрежи но гледам да не се зачитувам многу. Донекаде дури си живеам во некој свој свет, само со работи кои ме интересираат и хајпнуваат и луѓето околу мене. Не до степен да носам розеви очила, но се согласувам дека многу добро влијае на менталното здравје кога ќе прифатиш дека немаш моќ да ги смениш повеќето работи. Секогаш ќе се случуваат лоши настани, но исто така и животот наш си врви, така да наше е како ќе си го направиме.