Ја рецимо би поддржала вака некој да има плус приходи, особено луѓе што се бават со земјоделие оти знам колку ги дупи државава земјоделците години уназад со откупните цени. Барем да се регистрирани земјоделци, можда тука има некоја регулација не сум сигурна. Ама да се луксузираш, а притоа да користиш бенефити од кои немаш потреба? Ај молим ти се. Или луѓе што си ги преценуваат малите бизниси. Рачно изработени не знам, свеќи, накит, сапуни ама цена до плафон. А исто, којзнае колку ти е стварно потрошено и дали вреди. И колку и да сакам да поддржам и помогнам, едноставно ги одминувам.
Да не платиш ни денар на држава, 1 тегло ајвар 400 денари го продаваат, а имаат огромна побарувачка. @Munchmallow20 Не ми е мака за тоа што работат, се трудат, не викам дека не, ама со тоа дека користат бенефити и поткупуваат и ако не искористат нешто од државата пишуваат статуси т.е јадат гомна по властите не го поддржувам. Малку што не даваш денар на државата, па и одозгора плукаш...
Имаш право! Не треба ни да се замарам со ајвар, треба да измислам некоја криптовалута и да ја продавам, фала ти на советот
Повторно ќе имам сличен проблем, како да ги легализирам, на чие име да се водат парите, куќите и колите ако се водам како социјален случај...
Цртав, и другар ми (уметник) ми вика "користи малку поќе контраст, разгледај color theory". И само му вратив reel со: "the lioness doesn't concern herself with color theory".
Дали може некој да смисли настан кај што ќе можам да носам ултра елегантен и свечен фустан и да ме покани? Немав матура заради по корона, па никогаш не успеав да бидам принцеза. Единствени опции се да бидам поканета на црвен тепих или да одам на свадба на која јас сум невеста.
@Srckata28 Можеш на Виенскиот бал или пример на некој гала-настан во Мериот. Иако не знам на каков фустан конкретно мислиш, но многу долги фустани може да се носат и на pool parties, некои rooftop фенси забави/настани. Не мора само свадба да е во прашање За red carpet, да следиш кога има филмски фестивали, модни викенди, настани од телевизии или евентуално како оние од Убавина и Здравје. А можете и со друштвото да си напрвите приватна забава на убаво место. Поводот како оние на Инста - "немав никогаш прилика да го носам фустанот", па ете Јас би ти рекла, buy the dress, the occasion will find you А додека да те најде, можеш да си направиш и фотосесија. И така рече матурата ти е пропуштена, па why not?
Јас од вчера ме фати и мислев до утре ќе ми помине и го читам сега ова и бројам денови до кога уште ќе ме држи.
Грип ако е многу потешко поминува, и долго остануваат симптомите, антибиотик не помага, зошто е грип нели, да пробаш со витамини, чај, топли напитоци, масажа со алкохол и вода, облоги под пазуви, многу овошје и зеленчук.. и многу одмор, друго не преостанува.
Дали сум мазохист што обожавам коа ќе си зададам задача да се спротиставам на некое искушение или да бидам повеќе дисциплинирана околу нешто? Мачно е, боли, тешко е, споро оди напочеток, ти се менува рутината, ама па возбудливо е, предизвикувачки е, интересно е.