Времињата идат циклично. И планетарно. Ако имаш струја, питна вода, леб на маса и слободно време да кликаш на форум, не живееш во хард тајмс.
Сликата е небитна, поентата е. Нема решение, ќе биде белаја. Лонг стори шорт, денешните деца во западнава хемисфера не знаат да врзат врвки. До ова ниво на развој, стигнавме ради луѓе што читаа и пишуваа книги, и се поврзано со тоа, за овие денес да не знаат да врзат врвки.. И тако даље, многу комплицирана тема ко за во скд. Тагни ме во друга тема, може ќе го тупам другпат.
Нема врвки у сликава, има геј знаме. Јас знам да си ги врзам врвките, а и многу повеќе работи од врзување врвки. Не знам зошто weak men се поврзува со геј знаме.
А да го фати некој Трамп и да се фрли в зандана тој чоек? Со волци внатре. Светов го испосра. Ако има некој што носи најголема злоба и лие невина крв, тоа е САД. Rip Renee
Мислам дека е право време муживе да почнат да се облакаат ко прави мужи, ко оние од пред пеесе и кусур години, а не ко педерчиња ( да ми простат хомосексуалците).
Лесно е коа сите конци им ги држат Евреиштана. Ќе ги видевме што и кај ќе беа доколку дебилчина од народ владееше со нив. Дебили и се бараат, послушна раја, иначе како? Проста раја = силна држава Ова не знам од каде точно произлегло, ама е преточно
Јас вака никогаш не би се облекол. Панталоните и фризурата од првата слика може ќе пројдат, другото не.
Бидејќи кога се лесни времињата, нема војни, тогаш мажите имаат премногу слободно време и почнуваат да стануваат геј, гледаш, не се убиваат, па се свртуваат на другата страна. И после, веројатно тоа им здосадува и пак креираат војни, истиве тие што станале слаби, односно геј мажи, ама сега пак стануваат мажишта и одат малку да се убиваат. Рип логика.
Искрено сто пати боље вака него armani exchange блузата со ташничката CK и фармерки до глужд со патиките што им додаваат 5 cm. Или алтернатива, го сфаќам као слабиве мажи се зафатени со шминкање и го препуштаат светот на жените и светот се разрушува пошто нема кој да го води и брани. Ама после зашто се принудени, мора тие педерчиња да станат силни лидери за да го вратат светскиот поредок. Шала на страна, ако добриот живот ви е лош, слободно преселете се во воено подрачје и јачајте се.
Оти сум слободна денес, нели наравно се разбудив сама со кокошките сабајле у 6. Се ислежавав до 7, па станав. Напраив руска, напраив пилешка со кикирики, поделив месо по порции и у замрзивач, и оти утре не сакам ништо да праам освен да се бањам, да се средам од глава до пети и да ја прочитам книгата за у книжевниот клуб у Понеделник, решив да напраам компир манџа за три дена... Епа ај погодете кој ќе јаде подзагорен ручек три дена ? Ебате домаќинката. Тоа ми е фала што денес цел ден ќе чистам и ќе перам судови.
Оди земи си готвено и раат. Се нервирав кога на слави или разноразни поводи ќе ми се перчат „домаќинките“ како готвеле, после разбрав дека сите нарачуваат (па дури и во обични денови). И до пред скоро земав готвено на сред недела, се осетив(?) како недомаќинка. И да ти кажам супер пројдов. Ем најадена, ем одморена.
Ја решив да штедам и поише да готвам од оваа година... Иначе сакам да готвам, нарочито за други, Сама коа сум може нешто јајца, салата, сендвич. Или увек готвам за три дена.
Лелеее, кој ќе оди пак у Чаир или албански општини за кафе со цигара... Морам официјално да ги откажам, инаку ќе треба да излегувам у Арачиново.
Сликава е без врска Од војна едино поистраумиран можеш да искочиш, посилен за што? По-weak од стрејт алфа мужјак што тепа (силува) жени и деца има ли?
Не знам, мене ми се смачи тоа готвењето. А и не е еден ден. Обично планирам и гледам да се организирам, но некогаш вистина ми е преку глава. Е во такви денови, носам готвено и тоа е тоа.
Well well well... Дали тоа во weak men ги ставаат Путин, Трамп и сите големи страшни мажи кои отпочнуваат војна? Пошто очигледно hard times се војни и немири, а овие прават токму тоа. Знаете истите тие што се ЗА традиционални вредности. Кое пукање у колено мајке ми. Реков шо реков.
Да се надоврзам на мојот муабет за Сенида од една друга тема... цела фамилија Срцковски сме најголеми фанови. На татко ми му е селебрити краш, затоа што Северина му остаре па си најде нова (..ноу комент) и почна цел ден Гаде, гаде иди гаде да се дере по станот. На мајка ми не и беше јасно па мислеше дека се мрднал. После видела некој клип од концерт, и - нејзини зборови - ,,па таа Сенида мнооогу убава жена била". И така редовно иде Сенида у позадина во нашиот стан.