Војната е само место кај што се убиваат луѓе кои што не се познаваат, никогаш немале конфликт и стануваат непријатели поради интересите на некој што е на власт за повеќе моќ. Воопшто не те прави војната посилен, секој што се вратил од војна се вратил истрауматизиран и тој и тие дома што го чекат и не знаат дали ќе се врати жив.. Војна кога има не ги собираат само зрелите мажи собираат и деца од 12 години... Војна е најлошо нешто што може да му се случи на еден народ..
Полека почнав да развивам љубов кон постари филмој (иако најдолго време ја немав), и интересно почна да ми е ко ќе видам некој актер и пример не остарел ни ден во 20+ години, или некој шо не го препознавам на право ама I can't put my finger на то кој е точно па морам да изгуглам.
Трамп и Путин заедно имаат 200 години, тие не можат шољата да ја погодат кога мочаат а не војни да водат.Позади нив стојат огромни корпорации, со огромни бизнис интереси кои ги прават војните, а овие двајца им се само маскоти, да беше до нив двајца, одамна ќе ги немаше.Ама не е ова тема за овде, да не паметувам многу.
Него вчера ми излегува рил, за наводен пост каде пациентка приметила дека нејзиниот гинеколог носел оние Мета AI Ray Ban наочари или (ко што сфаќам јас) смарт наочари со вградена камера и вештачка интелигенција кои можат да служат како мапа, да ти кажуваат бои и форми и општо да го опишат просторот околу. И пример може да им послужат на слепи луѓе да се снаоѓаат во околината. Барем тоа е една нивна добра примена. Е овде ги носел гинеколог додека ја прегледувал. И може некој до утре да ме убедува дека може и немал лоша намера, али немаш реална причина да ги носиш во ординација или било каде додека приватноста треба да е максимално зачувана. За што ти требаат СМАРТ наочари додека прегледуваш пациент?? За диоптер имаш и обични. Во постот жената прашувала што да прави, дали некаде да се жали. Епилогот не го знам. Стварно убава работа кога технологијата напредува и им помага на луѓето на кои стварно треба. Исто толку морничава работа кога ќе помислиш во која одвратна мера може истата таа технологија да се злоупотреби
Ова hard times не мора да значи војна. Војната е најголемото зло што може човек да предизвика и никој не го сака тоа. Hard times може да е нешто друго, на пример, знам луѓе, сега возрасни, кои како деца имале тешко детство и тежок живот поради сиромаштија. Немале сè што сакаат, многу работи им биле ускратени и ете пораснале во добри, скромни луѓе, вредни и чесни, со емпатија и разбирање, тука да помогнат на секој и кои си ветиле на себеси дека еден ден ќе се изборат за подобар живот за себе и за генерациите што ќе ги остават по нив. Од друга страна, good times се оние што имале сè, што биле разгалувани и пораснале во лигуши без осет, без емпатија, без почит кон никого, не важат правила за нив, секогаш имаат некој во фамилија што ќе им среди кога треба, сè им е полно, рамно. Ама не треба да се генерализира, има секакви примери, ништо не е само црно или бело.
Ова реченица мислам дека излезе од еден шеик во Дубаи, во смисла како тој го стекнал богатството, и после како неговите синови и внуци не ценат ништо и се слабаци по карактер и си мислат се на тацна е во животот..
Поговорката нема никаква врска со војна Туку зборува за човечката психологија во услови кога ни е удобно и во услови кога мора да се помачиме за да добиеме нешто. Односно, сиромаштијата и нестабилноста ги тера луѓето да се подисциплинирани, поотпорни и поодговорни. Додека пак, кога уживаме комфорт и богатство, тој притисок и таа итност исчезнуваат, стануваме поопуштени, помрзеливи, пасивни и нежни
Кога ќе ми речат "ние вака правевме, па еве што ни фали" "вие така пораснавте, па што ви фали!?" Мозок! Тоа ни фали! Сите сме озрачени, 90% со анксиозност, психички растројства, депресии.. и не, ништо не ни фали бе! Се ни било прекрасно, затоа сеа сме вакви! Поштедете од глупиве муабети ве молам, зошто нема нешто што не ни фали.
Сестра ми па си мисли дека она е Сенида од што е заљубена во нејзе На муабетов за песнава, правеше свадба во недела и си ја пушташе цело време, дека така почнува. “ Во недељу мајка ме дала, за невесту”
Не излегла од шеик, можда ја поврзале со него. Ова е филозофија што ја "објаснува" историјата низ циклуси кои се повторуваат. Што не значи дека треба да биде точно само зашто некој си филозоф ја расправал и да живееме во тој менталитет дека траумите и тешкотиите се неопходни за еден човек да се нарече маж. Ваљда денес знаеме подобро од тоа отколку да романтизираме тешки времиња.
Па обично то ја прави дисциплината и одговорноста на некое повисоко ниво, веројатно затоа. Во денешно време би рекол можеби сме попаметни, пошто имаме достапност на информации на многу начини, а порано пожилави... или шо би рекле вриел тестостеронот во нас.
@Angie1432 @Stark Ешкли не е од филозоф, ни толку стара, туку цитат од пред едно 10-15 години од Мајкл Хопф, американски писател. Со интернет филозофирањата погрешно им ја препишуваат на филозофи, шеици и Груевци А баш како што пишав погоре, не е ни за војна, ни за религија, туку наједноставно за нашата човечка психологија како реагираме во такви ситуации, како општество или индивидуално (пр комфор vs дискомфор)
Дисциплината и одговорноста се личен избор не се последица од војна или некоја тешка криза во минатото..
Ооо да личен избор се, ама луксузен избор ако можиш или можеле во минатото. Пример хипотетички гледано најчесто што се работело се физички работи, сакал нејќел мораш да станиш наутро и да ја завршиш работата... инаку нема да јадиш. Сеа малце... е поинаку, секоја чест на исклучоци ама има многу мрзливи луѓе. Че се водам по она глупавото, седи дома џабе и лае дека не работи за минималец од 24 илјади, а 5 пари в џеб нема и пак седи на кафе (му дале домашните ваљда).
@Mr.Limonko @Stark И двајцата сте во право, односно и двете работи може истовремено да бидат вистинити. Дисциплината е точно личен избор, ама честопати околината/условите одредуваат колку тој избор е лесен или тежок. Да речеме на моето погоре, тешките услови нема секој автоматски да го направат со посилен карактер, ни па лесните услови секого ќе го упропастат. Контекстот е важен, ама секако карактерот на крај е пресуден
И тогаш имало луѓе кои што биле мрзи.. Мислиш немало и тогаш луѓе што чекале се од нивните? И денес ако сакаш пари, сакал или не мораш да одиш на работа, исто е... Избор е сепак и тогаш било избор и денес е, не е последица..
Јас сум малце поинаков растен, дедо ми беше строг таков тип, и сум во survival mode секогаш. Сметам дека секој човек ако е to the edge би се пронашол станал посилен итн. Заеби филозофирање само ми се прошета една мисла низ глава, ако имам машки деца, че бидам многу строг.