Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.480
    Допаѓања:
    198.879
    Абе не зборам за избор и демократија, го објаснувам времето и околностите кои не дозволувале ,,лежи лебу да те јадам,,. Мрза и досада не постоело, пошто стално имало работа. Овој Лимонко што гледал народни приказни, може и со баба му да зборел, па да разберел од прва рака.
    И јас денес го немам тој луксуз на мрза и досада, пошто не ми идат лебот сам. Шуќур дрва што немам за цепење, па можам понекогаш да висам на форумов:D.
     
    На Gosh, senjorita-v, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.149
    Допаѓања:
    17.209
    Пол:
    Женски
    Паааааааа, баш слабите и фит особи глумат таква надмоќ :?: Сум го приметила тоа.

    Многу од тие стандарди за убавина се нереални, и не ни помагаат, туку одмагаат :(

    За другото се слагам.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    10.405
    @Mrs. right Глумење надмоќ нема врска со тежината, туку со карактерот. Истото може да го прави било кој.

    Воедно, нереалните стандарди пак не го негираат фактот дека стандарди сепак постојат. Но, убавината лежи во тоа дека секој има право да изгледа како што сака, дали со облини, дали слаб, дали со портокалова коса.

    At the end of the day, важно е да ни е удобно во сопствената кожа, за да утре сè што е различно од нашето, воопшто не ни пречи :*:
     
    На senjorita-v и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  4. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.959
    Пол:
    Машки
    Баш утре потказ со баба ми ќе снимиме и на јутуб ќе го објавам. :rofl:

    @Mrs. right
    Како што секој има различна омилена боја, различно омилена храна, така има и различен вкус за убавина.
    Погрешно е да се водиме по стандардите за убавина и да гледаме дали на некој друг ќе му се допаднеме, најпрво ние треба да се чувствуваме убаво во своето тело.
     
    На senjorita-v, Purpleheart, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Машки
    Се ќе разберам, али машко во надувана зимска јакна ко меур пред пукање и цевка фармерка, никогаш.
     
  6. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    6.052
    Пол:
    Женски
    Надвор крв капе, ете толку многу е ладно :worried:
     
    На eliesaab, MiloMalo, Darko90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    9.690
    Пол:
    Машки
    Интересно време живееме.
    Ако вежбаш, внимаваш шо јадиш и сакаш да си здрав за да не те лечат доктори кои завршуваат факултет со ChatGPT, автоматски добиваш етикета дека си "површен“, па и не застануваат тука, туку те вреѓаат и ги вреѓаат со "гречиња" и" жалчиња“, како да е понижување тоа што не си се откажал од себе.

    Изгледа дисциплината стана навреда. Наместо да се нормализира трудот и конзинстентноста, полесно е да се исмејува, притоа од најблиски личности, као па ај не мора да се правиш супериорирен, ми водиш тука хелти живот, се прајш нешто површно со изгледот шо го имаш, а ти си сакаш само да си здрав :)
     
    На Nausicaa, MarigoldA, nextredstyle и 6 други им се допаѓа ова.
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    13.917
    Mи растече нос у спиење, како таксисти сме сите, само за времево се прави муабет, прв сериозен студ периодов.:coffee:

    [​IMG]
     
    На Waverly Raven, forumce, Ugly Duckling и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.178
    Допаѓања:
    43.667
    Пол:
    Женски
    Ова е мноогу редуцирачки и скроз ја игнорира човечката реалност која ни малку не е црно-бела. Затоа и вакви quotes се кринџ и се главно користени од конзервативци да се тешат дека се некакви "алфи".
     
    На FlirtBerry и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. Tomasa

    Tomasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Дали пуштате поп дома еве сега кога оди по куќите пред/после празници?
    Ние дома не, ако сакам светена вода ќе одам од црква ќе си земеам. Дојде каже два три збора, попрска по собите. И чедо дај 250 денари а може и нешто да со подадеш така плус..
     
  11. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Машки
    Баба ми така викаше, облечи се синко надвор крв капе :D
     
  12. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.149
    Допаѓања:
    17.209
    Пол:
    Женски
    Ама дали таа тежина може да влијае врз карактерот? :) Да те промени на некој начин. Да ја промени и перцепцијата за себе, и перцепцијата за останатите околу себе.

    Замисли, дебела особа која денес ослабела, и више ги задоволува тие стандарди, убава е, привлечна, заводлива, фатална..
    Зашо таа особа наместо да ужива во животот и да е горда на себе, таа одеднаш заборава каде била, и почиња да ги руга тие кои сеа не се у рамки на стандардите?

    И сеа кажи ми дека не се комплекси у прашање..

    Во ред е да се грижиш за себе, во ред е да внимаваш на себе, во ред е да се сакаш себе, нешто најнормално, но не е во ред акцентот да го ставаш единствено на изгледот.
    На ова мислам кога викам површност. :)
     
    На Трагедијаупмм, senjorita-v и st-el им се допаѓа ова.
  13. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    13.917
    Не сонцке, никогаш, не отворам на непознати луѓе со црни мантили. Не верувам во тие ритуали што дебело се наплаќаат. Не верувам дека Бог, доколку воопшто постои, му дава посебна моќ на некој човек да осветува вода и простор со неколку зборови и молитви, а притоа за тоа да зема 500/600 денари од сиротињи. Па после со тие пари МПЦ и ИВЗ да купуваат луксузни земјишта и имот на атрактивни локации (Холидеј Ин). Скромност со луксузни земјишта и високи ценовници за прослави (крштевање, црковен брак, куќни слави) не ми одат заедно. А и оној кој го врши обредот колку е чесен и колку живее во склад со религијата... и тоа е дискутабилно. Секоја чест на исклучоците. Значи одговорот е не, не пуштам поп дома, барем не како службено лице, ако ми е роднина, пријател или швалер, зошто да не.
     
    Последна измена: 11 јануари 2026 во 14:39
    На Трагедијаупмм, Gosh и Tomasa им се допаѓа ова.
  14. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    10.405
    @Mrs. right Секако дека секоја промена може да ни влијае врз перцепцијата што ја имаме за себе (tumbleweed)

    И тоа не само за тежината, туку општо, промена на финансискиот статус, некој друг успех и сл.

    Но, ако некој започне да се однесува лошо откако доживеал некоја промена, тоа не значи дека промената како таква е лоша, туку дека овој проблем си постоел и претходно.

    Односно, ако некој започнал да ги понижува другите откако ослабел, тоа не е поради сегашниот негов изглед, туку поради сопствената несигурност што си ја имал и од претходно (heidy)

    Како што велиме парите го менуваат човекот, а уствари тој си бил таков отсекогаш :D

    Also, ако некој се грижи за изгледот, не значи дека тоа му единственото замарање во животот. Ова е повеќе површно гледање на работата отколку дека работата е екшли површна :*:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.149
    Допаѓања:
    17.209
    Пол:
    Женски
    Ама, нели очекуваме да се подобри човекот? Да стане попозитивен, подобра личност, да се просветли?

    Еве не ми е јасно како може таа толку позитивна промена, да не влијае баш позитивно како што инаку би се очекувало.

    Пак ништо нема средено со себе си, пак нема расчистено некои работи, пак си е истиот..

    Реков акцентот ако се става САМО на изглед.

    Е за парите :rofl::rofl: викаш не го менуваат? Се прикривал? :?:
     
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    10.405
    @Mrs. right Абе очекувањата дека надворешната промена автоматски ќе доведе и до внатрешна промена/просветлување се баш тоа, само очекувања :D

    А очекувањата не се правило :pizza:

    А најчесто, благо кажано, позитивните промени во изгледот, парите и статусот, вообичаено го разоткриваат карактерот на човекот, а не го пресоздаваат во нов.

    Ако некој станал арогантен по богатење или слабеење, trust me, тој отсекогаш си бил таков (heidy) Што значи дека богатењето и слабеењето не се проблемот.

    Т.е каракерот не се гледа во промените или стандардите, туку во односот на личноста кон истите и кон другите луѓе.

    А она другото, "акцент само на изгледот" ми е пак генерализација, бидејќи ние од страна не можеме да утврдиме кој, каде и колку си го става акцентот во својот живот :*:
     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.178
    Допаѓања:
    43.667
    Пол:
    Женски
    Затоа што е ова познат феномен - еднаш жртва, а потоа станува насилник. Од површни навредувања до посериозни работи, постои и е многу интересно како некој го продолжува циклусот на истото против кое се борел до вчера.
     
    На Adidas888 и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.649
    За сите на кои не им е јасно како се трансформира жртвата на насилство во насилник во иднина некако го погледнат македонскиот филм Илузија . И се ќе им се разјасни.
     
  19. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.149
    Допаѓања:
    17.209
    Пол:
    Женски
    Maybe :?:
    Има логика, али знаеш пак некоја одредена моќ имаат, па се осеќаат посупериорно од тие кои ја немаат таа моќ.
    Е овде ми се прегадни тие особи, најлошото од нив искача :envy:
    Генерално зборам тука, не конкретно за некого.

    Живееме во време во кое изгледот е пред се' друго, а потоа се чудиме колку сме несреќни.

    Кај сите по дифолт мора да е вака?

    Овие си ги немаат излечено траумите, џабе им е ама баш све. Којзнае и дали би си ги излечиле, може е касно.
     
  20. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Машки
    Искрено до сега неколку пати ми се случило да бидам дома и поп да помине пред празнично, и сум го пуштил.Никогаш стрикно не ми побарал пари, немам лошо искуство до сега.Не знам, не ми менува ништо, посебно дека многу ретко се случува, обично пред Велигден.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.