Ме стигна грипот, а се имав осетено дека ќе ме стигне. Сумамед ми дадоа да пијам, кашлам како магарица.
Секако дека не е по автоматизам и дека мора да е така. Ама голем дел од нив се имаат трансформирано. Исто и во филмот Шишање има таква трансформација од жртва во насилник и сите фази се опфатени и како постепено се станува таков.
@Mrs. right Малку мешаме различни феномени во една иста манџа Ароганција не е еднакво на bullying. Ниту bullying е еднакво на trauma response. Ако некој после една позитивна промена станал арогантен, тој бил арогантен и претходно. Ароганцијата е карактерна особина, која се поврзува со нарцисоидност и неемпатичност. Односно, за оваа особина, траума од претходно не е предуслов. Со промената само добил како дозвола да си го покаже лицето. Bullying-от е бихевиорален патерн. Ова може да произлезе од непроцесирана траума, од однесување кое си го научил од други, од потребата да доминираш, а да не немаш одговорност. Некои bullies биле жртви на траума, но многу од нив и не. Е сега, најчесто нешто при кое повеќето луѓе имаат погрешно мислење е дека bully мора да е некој кој претходно бил истрауматизирана жртва - Апсолутно не. Истрауматизирана жртва претежно се срами, се сокрива, гледа да се вклопи, им удоволува на луѓето и сл. А ако се испонаша некогаш, тоа обично е дефанзивно и само во одредена ситуација. Bully-то нема таков профил. И тука вообичаено со такви погрешни генерализации се минимизира нечие лошо однесување. Не секоја лоша личност е повредена, туку едноставно...лоша. Понекогаш дури тоа што другите го гледаат како повредена личност, уствари е компензаторска нарцисоидност. Контекстот и енергијата се битни
11.1 Мене денес ми делува како ден за нов старт, да си кажеш што сакаш и да направиш мал чекор кон тоа.
Какви луѓе имате во вашето опкружување што така ве етикетираат затоа што вежбате и се грижите за вашето здравје и изглед? Јас до сега никој не сум слушнала некој да каже лош збор за друг што вежба и се храни здраво.
Не станува збор за директни навреди, туку за суптилни коментари и генерализации, дека луѓето шо вежбаат се "површни“ или се " опседнати само со изглед“ шо не е точно ако вежбаш. Се наоѓаш во таков муабет, муабетиш за здрави навики и исхрана и индиректно ти кажуваат во множина како сите шо вежбаат тоа го прават а единствен кој вежба во таа ситуација на муабетов си ти, други нема, автоматски те споредуваат со некој таму шо праел.
Секако дека не, не знам како вака апсолутно се разбираат работите. Ете изгуглај, психолошки феномен е.
Што е тоа здраво јадење за муж што вежба? Секој ден мелено месо и ориз без зачини ,10 јајца, кока кола зеро, протеински барови и вештачки јогурти со 100 грама протеин и шеќери? Лол. А и да не заборавиме, од здраво вежбање никако кардио, само бенчови.
И шеќери никако, они дебелеат. Ништо против одреден начин на живот али одредени gym bros некогаш мислат господ за јајца го фатиле ако успеале мускулна маса да накачат. Особено кога карши нив седи трчач
Се она што е здрава храна за жена е здрава и за маж.. Денес колку е здраво нешто, може да трвриме единствено ако е домашно производство па тогаш да си го произведеш здраво.. А ова со пилешкото и јајцата е за протеини.. Јас толку строго не можам да се хранам, ама и гледам да не претерам со било што. Можам одреден период ако сакам да намалам процент на масти, ама за постојано не. И мислам дека тренинг без кардио не е тренинг. А било каков избор на здрав начин на живот е подобра отколку нездрав. Многу здравствени придобивки има било која спортска активност.