Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    И јас избришав затоа што вашите се избришани.:rofl:
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.696
    Допаѓања:
    23.872
    Пол:
    Машки
    Gym-cult опишавте просечен налбат што сака да крева тегови само заради изглед и мускули. Повеќето такво инфлуенсери пред се изгледаат јако надворешно, ама внатрешно се без енергија или крш што консумираат чудни работи-стимуланси, зависници и со лошо здравје. :rofl:
     
  3. HappyMe123

    HappyMe123 Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2025
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Малку смеа на моја сметка.

    Ме загледа многу зачудено пред некој ден еден продавач оти не сум знаел дека без-жичните слушалки за телефон се полнат. Сакав да купам, па се распрашував за цени.

    Знаев само дека функционираат преку bluetooth, но не знаев дека се полнат. И не знаев како се полнат. Се полнеле преку малото кутивче кое јас го мислев дека служи само за чување.

    Е сега што ми е поентата. Да не знае човек проста или сложена техничка работа не е знак на неинтелигентност или глупост. Еве втор пример. Патувам просечно годишно по неколку пати во странство со авион, а поим немам како лета авионот толку голем и тежок. Има некоја факинг физичка аеродинамична логика, ама воопшто не ме интересира ниту да ја знам, ниту да ја разберам. Не сум експерт за техника, мобилни телефони, авиони... Ме интересираат само од аспект на практично користење.

    За што сум експерт? За најтешкото и најважното во животот. За емоции, меѓу-човечки односи, љубов, пријателство, феминизам, филозофија, смислата на животот...

    Затоа сум и најсреќниот човек на светот.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.