Гледам како хранат еден камелеон ( на рилс), и се потсеќам дека сакам да ги имам и чувам/сакам сите животни на планетава. Toxic trait ми е шо мислам дека нема да ме убијат.
Поима немам кој што во која тема везе само баш за овие нешта сакав да пишам воопшто некаде па дека си пишала ајде тука. Која е потребата трчаш, трчаш и паузираш и земаш палиш цигара и стоиш па пешачиш док ја тегнеш до крај и пак трчаш, а уз пат ги труеш околу и други што паузираат? Ај ако преречеш ќе ти врати на отворено сме. Ама што потреба дур спортуваш да пушиш? Ако има некои со вакви навики да ми разјаснат јас еве не можам да разберам што спортисти ќе да бевте со цигарата во рака.
Од серија ја слушнав All the Things She Said од t.A.T.u., па бев у фазон, каде се и што прават, гуглав, истражував, изгледав цел документарец на Јутјуб за нив од 3 саати, ја преслушав нивната музика која ја слушав пред 100 години... Ради мало делче музика имав 5 часа опсесивно истражување.
Уште не знам дали е ова позитивна или негативна особина, ама сум ригорозен следач на правила. До екстрема. Сакам да се вози по правила, да се врзува појас во автомобил и авион, никогаш не прередувам кога се чека ред, никогаш не би си дозволила да нешто добијам преку врски, ако некаде пишува да не се внесува храна и пијалок, нема да внесам. Многу се вознемирувам кога нешто не функционира прописно, сметам дека секое отстапување од правила во институции го прави системот климав. Дури и најмали отстапки. Во мојот карактер е врежано силно чувство на правда, кое многу лесно се повредува кога сведочам неправда т.е. неследење на правила (слично е тоа во мојата глава). Алсо, погодете го хороскопскиот знак.
Знаеш дека требаа да имаат концерт кај нас и баш тогаш се распаднаа и ништо од бизнисот. Ме потсети на ова. Каде се инаку, што прават? Точно е дека црвенокосата се омажи или така нешто беше ако се сеќавам?
НЕЕЕЕЕ. Ова е типичен јарец! Мислам... Девицата е педантерија, ама не е толку по почитување правила. Нека се изјасни @Srckata28
Јас сум вага Не секогаш сме строго по правила, ама има нешто вистина, да. Спојлер: ВВВВВВВ Ти вага да не си?
Е да умрев вчера, немаше да знаев дека и ова постои Ова со свои очи имаш видено, или нешто тик-ток видео е? Не бе, не може да е вистина
Вага најмногу ја иритираат неправди. Не сум ама имам многу ваговско во натална карта, а и ми оди со ваги. Се разбираме.
Јас сум девица ама не сум до толку опседнат со почитување правила, како што кажа Mumoftwo30 во кола кога ќе седнам по битно ми е фризурата да ми е наместена и да избришам прашина од радиото, отколку каиш дали ќе ставам.
Озбилно? Знам дека Sugababes имаа во Скопје концерт и тоа на плоштад. Јулија (црнката) влегува у политика, во партијата на Путин, не успева да стане пратеничка, во моментов живее од издавање некретнини, инфлуенсерство и реклами. Има направено некаква операција на гласни жици, не е многу активна, тек-тук има по некој настап. Лена (црвенокосата) е доста поактивна со музиката, од тоа живее, од настапи. Настапува низ геј клубови низ Русија, за разлика од првава која не е баш геј-френдли иако беше квази лезбејка. Годинава се обединија и имаа мини турнеја низ Русија, за да може и Јулија да живее од нешто, мада го нема истиот хајп за нив како на времето. Двете се мајки. Ова од јутуб накратко.
Да озбилно, која атракција ќе беа. За другиве ич не ми текнува дека настапувале, ама не ме изненадува.
Оооо душа, јас сум исто јарец, мислев дека правилата ми се ради ОКП, значи хороскопот е крив. Жртви сме на хороскопскиот знак. Другарка ми вели дека ни е потребна спонтаност, загреови сме, сочувство и до тебе.
Ова не сум го знаела, но супер чим се активни вака така. Тату ми беа the last straw во одлуката за изучување руски. Отсекогаш сум го сакала јазикот, но една летна вечер во 2021 разговаравме со еден другар и тој ми раскажуваше за нив и како почнал по малку да го учи јазикот. Следниот ден си го инсталирав Дуолинго and the rest is history. Инаку многу ми се допаѓа и руската верзија на They're not gonna get us. Нас не догонят.
СДК: Го сонував Том Харди пред некој ден Мора да е тоа, кој го сонуваш, на тој му недостасуваш, нема друго објаснување