Мислам дека купувањето поклони за валентајн и така некои празници е измислено од луѓето што инаку никогаш не добивале поклони и внимание во врската па морале да измислат ден кај што мора да се купи поклон. Глупи ми се некако сите овие работи, зошто да треба да има посебен ден, валентајн или 8ми март кај што баш тој ден мора да покажеш љубов, внимание и да купиш поклон, а другите денови не. Исто и Божиќ и Велигден со семејството само тој ден ќе се сакаме и ќе се почитуваме, утре по старо ќе се караме.
Се молат мужи шо не знаат чорапите кај им стојат, јајца да спржат, бушон да сменат и децата у кое оделение им одат да не се акаат од земја и да лајкаат постови дека сакаат на село да живеат...
@FriendOfDorothy Have you considered going to jail? Мислам, очигледно е дека не се доволно трудиш, а опции еден куп. Ти удрија саатот и банерот во глава Па уште читам онаму, си имал стандарди, да знае да чита и да брои, I mean, what's next? Да се бања редовно? E многу сакаш
Проблемот би рекла дека се базира врз две нешта. Прво, не си излегол на дејт затоа што си поканил само три. Второ, не си излегол на дејт затоа што си поканил дури три. Тенка е границата, помеѓу дејт и какао. *следете ме за повеќе мудрости во 100 саатот навечер, филозофирајќи со шолја какао дур книгата за учење мирно си седи до мене, кисче!
Во 2026 да си посакаме да ни се деси помалку реклами да ни излегват од сите страни, а впрочем да не треба да плаќаме еден куп пари за претплати секаде. Фала многу пријатно.
@FriendOfDorothy О да да, ќе дојде, секако Види прво што има по затворот Kylie sweetie, па за посети ќе доаѓаме ние, некој мора пирошките, цигарите и благото да донесе
Струмичанката Тина Русева денес победи на престижниот The voice of Germany, со најмногу освоени гласови од публика Само напред, Тина, Македонија е горда на тебе ..... Веднаш излегоа душебрижниците на површина со коментари дека била Германка, а таа убаво си рече дека е Македонка, родена во Струмица Значи по националност е Македонка, а има Германско државјанство. Како и да е, еврпоската публика не ја интересира чија е, која е, што е, туку вреднува глас,стас, харизма и енергија на сцената
Не победи на германскиот , туку се бираше демек победник со инста лајкови од губитниците на европско ниво. За овакво нешто неам чуено, да не просеше за гласови по сите можни групи на фејс никад немаше да дознаам. Ова исто ко мамичкине бебињата коа мољакаа да им ги лајкаме... Кринџови.
прво драго ми е за нејзината победа. Второ драго ми е што заслужно ја доби на манифестација која вреди. Да беше во македонија ќе се мафташе на ѕвезде гранда.
Не беше гласана од европска публика, туку од македонска. Еден куп мкд портали и наши јавни личности споделуваа и повикуваа на онлајн гласање кое беше со лајкување на инста и траеше 24 часа. Не знам ни колку е официјална страната The voice of Europe, можда е некаков фан пејџ каде некој си постира клипчиња и со срценца се прогласува победник. Никаде не најдов инфо дали оваквата победа значи нешто. Значи, победи благодарение на успешна мобилизација, како што победуваат Ристиња и Славици у Гранд ѕвезди, кога секаде масовно се споделува дека треба да се гласа. Ќе беше успех ако победеше на германскиот The Voice. Хајпот е само у мкд, а треба да биде во Европа, ако воопшто цели да прави интернационална кариера.
Што е со спамирањето на форумов за таа Тина? Човек да помисли дека самата се рекламира или пратила нејзини луѓе да го прават ова. Инста гласовите и не се релевантни.
Ми искочија овие десерти на инстаграм. Ау.. цел свет ми се размести изгледаат преубаво. Ги пробал некој?
Како и да е, девојката е талентирана, има харизма, глас и енергија на сцена.... Тоа е она за кои многумина од нас може само да сонуваат
Некогаш ја отворам темана Анксиозност и прво океј, убаво што има тема за поддршка. Ама многу често идат членки со прашања - Ме боли ова, можно е да е анксиозност?; Не можам да спијам со денови, можно е да е анксиозност?; И уште поопасно е кога други ќе одговорат: Да да, анксиозност е, посети психолог. Не сте свесни дека стварно вакви совети се опасни. На психичка база нешто се остава тек отпосле, кога ќе се исклучат физички прочинители, не обратно. А и мислам дека веројатно повеќето знаете како ви реагира телото при стрес, барем при оној секојдневен стрес од типот обврски на работа, па до негде знаете да препознаете дали и кога се јавува одредена болка или симптом. Ако некој симптом се јавува цело време или па неповрзано со стрес и прави да не можете да функционирате ко луѓе, дефинитивно треба преглед од лекар. И на лекар не давајте да ве мавтосуваат со истиот булшит "од стрес ти е", без испитувања.